Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Листа на УНЕСКО со места како Светско наследство во опасност, меѓу нив и Охрид

0
By Sashko on June 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 22, 2021 13:32

Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите Нации (УНЕСКО) препорача отстранување на крајбрежјето на Ливерпул од Списокот на светско наследство поради опасност од „прекумерен развој“ на урбанизмот. За местото се вели дека е „сопственост предложена за отстранување од списокот на светско наследство“. Овој потег на светската агенција разгневи многумина во северозападниот англиски град.

И Долината Катманду во Непал е предложена за вклучување во Листата на светско наследство во опасност, како и подрачјето околу Охридското Езеро од албанска и од македонската страна. Тоа значи дека постои опасност целосно да се отстранат од тој список.

Препораките на УНЕСКО се објавени пред состанокот на Комитетот за светско наследство што го следи одобрувањето. Средбата ќе се одржи во Фужоу, Кина, од 16 до 31 јули.

Во извештајот се предложени и Големиот Корален Гребен на Австралија, Венеција и Будимпешта – да бидат вклучени во списокот „Светско наследство во опасност“. Учесниците на состанокот ќе донесат конечна одлука за предлозите за бришење и предупредување.

Градоначалникот на Ливерпул, Стив Ротерам го опиша потегот како „длабоко разочарувачки“.

– Ние сме горди на нашата историја, но нашето наследство е витален дел од нашата преродба. Би ги повикал надлежните да ја прифатат нашата покана за посета, наместо да ја донесат својата одлука седејќи околу маса на другата страна од светот, истакна тој во објава на социјалните мрежи.

Резерватот „Селоус гејм“ во Танзанија, исто така, е предложен за отстранување од списокот. Во Европа, места изложени на опасност се Будимпешта и Венеција. И двете се предмет на преразгледување и загриженост поради развојот на бродскиот туризам.

– Ова би било многу сериозна работа за нашата земја доколку се укине Венеција, рече италијанскиот министер за култура, Дарио Франческини, истакнувајќи ја важноста од наоѓање долгорочни решенија за проблемот со крстарењата.

Австралија денеска веќе најави дека силно ќе се спротивстави на препораката на УНЕСКО – Големиот Корален Гребен да се именува како „опасност“, поради влошување предизвикано од климатските промени. И вулканите во руската област Камчатка се препорачуваат за во списокот на загрозени места.

листа Македонија опасност Охрид Светско наследство Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.