Посетата на министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде на Скопје е извонредна шанса да ѝ врачам постхумно признание за Ана Линд, поранешна министерка за надворешни работи на Шведска и претседавач со Советот на ЕУ во 2001, по повод 30 години од независноста на Северна Македонија, напиша министерот Бујар Османи на својот Фејсбук профил.

– Ана Линд, во својство на министер за надворешни работи на Шведска и претседател на Советот на министри на ЕУ, одговорна за застапување на официјалната надворешно-политичка позиција на Европската унија, придонесе неизмерно за финализирање на преговорите и за потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација помеѓу Северна Македонија и ЕУ во Луксембург на 9 април 2001, додаде шефот на македонската дипломатија кој денеска е домаќин на министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде.