Author: Sashko

Европратеникот Илхан Ќучук и постојан известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент е избран за претседател на партијата АЛДЕ на европските либерали. Неговото назначување дојде на 41-от партиски конгрес што се одржува денеска и утре, јави дописникот на МИА од Софија. Иако конгресот се одржува во мешовит формат во Брисел, партиите-членки се состанаа во највисокото тело за донесување одлуки и со големо мнозинство го избраа бугарскиот европратеник од Движењето за права и слободи (ДПС) Илхан Ќучук како еден од двајцата претседатели. Изборот на Ќучук е високо признание за ДПС, како дел од либералната заедница што ги поддржува либералните вредности и…

Read More

Извршната наредба издадена неделава од претседателот Џозеф Бајден којашто содржи јасни критериуми во делот на санкции за лица кои дејствуваат против демократските вредности, а доаѓаат од Западен Балкан денеска беше во фокусот на разговорите меѓу премиерот Зоран Заев и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Кејт Брнз. На средбата во Владата, како што соопшти владината прес-служба, беа потенцирани клучните полиња поради чие загрозување може да настапи санкцијата предвидена со Извршната наредба, а може да се однесуваат на лица кои ги загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западен Балкан, како и оние кои…

Read More

Од македонска страна на денешната средба на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, биле дадени предлози засновани на современите разбирања за историското образование поддржани од Советот на Европа и УНЕСКО, во кои се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кои се покажале како применливи во надминување на спорови што произлегуваат од различното толкување на минатото. Од бугарска страна тие предлози биле одбиени како неприфатливи и неприменливи. – На првиот ден тема на дискусија беа учебниците по историја и усогласување на препораки за нивно подобрување. Двете страни разменија предлог идеи како да се дојде до решение кое…

Read More

Европското фудбалско првенство, 16-то по ред, почнува вечерва, една година подоцна од првично планираното поради пандемијата на ковид-19. И покрај тоа што очекувањата одат во насока на спектакуларен фудбал, за што покритие е учеството на седум репрезентации од самиот светски врв, потоа враќањето на навивачите на стадионите, а со тоа и колоритот на трибините, сепак, и политиката е незаобиколен момент, како и секогаш, во вака значајни спортски настани што го окупираат планетарното внимание. Многу потенцијални жаришта за „срцев удар“ се избегнати (Србија не се пласира и ќе отсустува судир со Хрватска), а ја нема ниту Белорусија чиј национален тим не…

Read More

Годишниот самит на групата најразвиени индустриски земји (Г-7) почнува денеска со фокус на борбата против новиот коронавирус и климатските промени. На првиот ден од форумот во Карбис Беј, Велика Британија, лидерите се очекува да разговараат за обнова по пандемијата, со фокус на донирање на вакцини против ковид-19 и обезбедување на финансиска поддршка за производство на вакцини. Домаќинот на тридневната средба, британскиот премиер Борис Џонсон синоќа изрази очекување дека земјите од Г-7 ќе донираат вкупно милијарда дози на вакцини, додека Британија ќе отстапи најмалку 100 милиони дози на сиромашните земји. Неколку часа претходно, американскиот претседател Џо Бајден вети дека неговата држава ќе…

Read More

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Се очекува процесите локално да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а ќе има и услови за поинтензивни процеси и појава на град. Максималната температура ќе достигне до 29 степени.…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче во синоќешното гостување во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5 рече дека епидемиолошката слика во земјава е добра и нема простор за загриженост кај граѓаните и воедно дека нема ризик за организирање на семејни прослави и културни настани во текот на ова лето. – Засега треба да сме спокојни. Заради тоа се и попуштањата на мерките. Но, треба да бидеме претпазливи, бидејќи овој вирус е непредвидлив. Будно ја следиме состојбата. Важно е дека и покрај тоа што има одредени бранови во некои земји, нема смртни случаи. Вакцината штити од тешка форма на болеста и…

Read More

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека 18 јуни (петок) пред Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Неработниот ден е утврден согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07).

Read More

Со натпреварот меѓу Турција и Италија вечерва во 21 часот, ќе стартува Европското фудбалско првенство. Натпреварот ќе се одигра на „Олимпико“ во Рим, во рамки на групата А во која се наоѓаат и селекциите на Швајцарија и на Велс. На ЕП 2020 ќе настапи и македонската фудбалска репрезентација. Дебито на „црвено-жолтите“ на континенталните првенства е в недела од 18 часот против Австрија во Букурешт. Пресметката е дел групата Ц во која се и репрезентациите на Холандија и на Украина. Во групата Б ќе играат: Русија, Белгија, Данска и Финска, во групата Д се Чешка, Хрватска, Шкотска и Англија, во групата…

Read More

Матурантите денеска од 10 часот ќе го полагаат вториот екстерен испит за кој можеа да бираат меѓу предметите математика, странски јазик, филозофија и естетика. Според податоците на Државниот испитен центар, за тест по математика се решиле 1.529 кандидати. Како и во минатите години, повеќе се определиле за странски јазик, а најголем број на пријавени има за англиски (13.452). Германски јазик ќе полагаат 140 ученици, француски јазик – 32, а руски јазик – 18. Математика и странски јазик се избор за учениците од гимназиското и од стручното образование, додека за учениците во училиштата од уметностите – странски јазик е во алтернација…

Read More

Срцето на 44-годишната пациентка, чие семејство несебично ги донираше органите, рано утрово почна повторно да чука, наведе министерот за здравство, Венко Филипче во постот на неговиот Фејсбук профил, по четвртата успешна операција на трансплантација на срце во Македонија. – Следните денови се критични. Да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган. Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот. Во изминатите 24 часа, околу 100-тина лекари, медицински сестри и болничари, работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем, нагласи Филипче. Во трансплантацијата на срце учествуваа тимови од Државната кардиохирургија…

Read More

Во пресрет на Советот на министри и Самитот на Европската Унија (ЕУ), францускиот претседател Емануел Макрон порача дека С. Македонија заслужува почеток на преговорите за членство во Унијата без одложување, додека експертот за Балканот од универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, Даниел Сервер очекува од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да изврши зголемен притисок врз Бугарија за откочување на евроинтегративниот процес на земјава. Во исто време, од Софија стигна порака дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е меѓу клучните приоритети на надворешната политика на Бугарија. Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа од пред Елисејската палата во Париз му порача на…

Read More