Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва Самит на Г-7: Фокус на обнова по пандемијата и на климатските промени

0
By Sashko on June 11, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 11, 2021 09:31

Годишниот самит на групата најразвиени индустриски земји (Г-7) почнува денеска со фокус на борбата против новиот коронавирус и климатските промени. На првиот ден од форумот во Карбис Беј, Велика Британија, лидерите се очекува да разговараат за обнова по пандемијата, со фокус на донирање на вакцини против ковид-19 и обезбедување на финансиска поддршка за производство на вакцини.

Домаќинот на тридневната средба, британскиот премиер Борис Џонсон синоќа изрази очекување дека земјите од Г-7 ќе донираат вкупно милијарда дози на вакцини, додека Британија ќе отстапи најмалку 100 милиони дози на сиромашните земји. Неколку часа претходно, американскиот претседател Џо Бајден вети дека неговата држава ќе донира 500 милиони дози вакцина од американската компанија „Фајзер“.

Вечерва британската кралица Елизабета Втора и престолонаследникот Чарлс ќе организираат прием во чест на лидерите на Г-7. Се очекува да се разговара и за заштита на животната средина и борбата против климатските промени.

Ова е прв самит на Г-7 во последните две години. Минатата година, форумот беше во видеоконференциски формат, поради пандемијата. Тоа е, исто така, прв голем меѓународен самит за новиот американски претседател Џо Бајден, кој ја презеде должноста во јануари. Специјални гости на форумот ќе бидат лидерите на Австралија, на Индија, на Јужна Африка и на Јужна Кореја кои беа поканети од домаќинот Велика Британија.

Велика Британија Г-7 Самит Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.