Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарскиот европратеник Ќучук е нов претседател на европските либерали

0
By Sashko on June 11, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 11, 2021 18:19

Европратеникот Илхан Ќучук и постојан известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент е избран за претседател на партијата АЛДЕ на европските либерали. Неговото назначување дојде на 41-от партиски конгрес што се одржува денеска и утре, јави дописникот на МИА од Софија.

Иако конгресот се одржува во мешовит формат во Брисел, партиите-членки се состанаа во највисокото тело за донесување одлуки и со големо мнозинство го избраа бугарскиот европратеник од Движењето за права и слободи (ДПС) Илхан Ќучук како еден од двајцата претседатели. Изборот на Ќучук е високо признание за ДПС, како дел од либералната заедница што ги поддржува либералните вредности и на национално и на европско ниво.

Илхан Ќучук е роден во 1985 година во градот Севлиево. На европските избори во Бугарија во мај 2019 година, беше избран за втор мандат за член на Европскиот парламент од групата „Обнови ја Европа“ (Renew Europe). Тој е член на Комисијата за надворешни работи и на Делегацијата на ЕП и е постојан известувач на ЕП за Северна Македонија.

Тој е прв заменик претседател на Делегацијата на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Турција. Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, Ќучук е втор бугарски политичар кој е на чело на европска партија, по поранешниот бугарски премиер и поранешен лидер на бугарските социјалисти Сергеј Станишев, кој ја предводи Партијата на европските социјалисти – ПЕС.

Европратеник Илхан Ќучук либерали претседател
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.