Author: Sashko

Мини зоолшката градина – ЗОО Парк и систем за аквапоника во средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе биде отворена за посетители. Во ЗОО Паркот има триесетина домашни и други видови на животни: лами, носести мечиња, пони коњчиња, елени, срни, како и многу птици. За животните од ЗОО Паркот се грижат учениците кои на овој начин изведуваат практична настава. – Неодамна на натпревар во организација на ФИТР и УНИЦЕФ, во конкуренција од триесетина училишта во државава, ние го освоивме првото место, токму со проектот за отворање на ЗОО Паркот за посетители од Скопје и целата држава. Во нашиот…

Read More

Со Извршна наредба на претседателот на САД, Џо Бајден вчера се прошири опсегот на вонредни мерки за регионот на Западен Балкан, што опфаќа и замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор и нивното спроведување и ги поткопуваат мирот и регионалната соработка. Наредбата на Бајден за санкциите предизвика реакции на домашната и на меѓународната политичка сцена, со толкување на упатените пораки преку оваа постапка. Со Наредбата се предвидува санкционирање на кое било лице за кое Министерството за финансии на САД, во консултација со Стејт департментот, ќе утврди…

Read More

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Локално, процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а ќе има и услови за поинтензивни процеси. Минималната…

Read More

Со свеченост во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, армискиот воздухопловен ВИНГ (вВИНГ) денеска ќе го одбележи Денот на единицата. Најавени се обраќања на командантот на вВИНГ, полковник Стојко Пејовски и командантот на Командата за операции, бригадниот генерал Бесник Емини по што ќе бидат објавени стимулативни мерки на припадници од единицата и ќе има прелет на воздухоплови. На свеченоста, како што најави Министерството за одбрана (МО), ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменик министерот за одбрана, Башким Хасани, државниот секретар Драган Николиќ, армиски генерали, претставници од МО и Генералштабот, команданти на команди и единици на Армијата и други високи гости.…

Read More

Бројот на новозаболени со ковид-19 во државава се намалува и во моментот има само 451 активен случај, а вакцинацијата, според надлежните, се одвива непречено во сите пунктови. Во текот на вчерашниот ден пристигнаа 30.000 вакцини на „Синовак“, како донација од Турција. Тие, како што најави ресорниот министер Венко Филипче, во најбрз рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови во државата. Од Министерството за здравство (МЗ) истакнуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно 444.898 граѓани досега изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата „vakcinacija.mk“. Со последните бројки, 48 отсто од населението над 70 години има примено барем…

Read More

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден во учебната 2020/21 година. Според изменетиот Календар за организација на работата на училиштата (основни и средни) почетокот беше одложен за 1 октомври, а бројот на наставни денови намален од 180 на 159. Учебната година почна еден месец подоцна поради антиковид протоколите за реализација на различни начини на настава да бидат законски усвоени во Собранието кое, пак, требаше да биде конституирано по одржаните парламентарни избори минатиот јули. Образовниот процес во двете полугодија беше организиран по комбиниран модел – мнозинството ученици следеа настава на далечина, главно преку платформата Мајкрософот тимс, а на часови…

Read More

Претседателот на Бугарија, Румен Радев имал видеоконференциски разговор со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли. Двајцата соговорници се осврнале на мерките за справување со пандемијата на коронавирусот, како и за теми кои се на дневен ред на Европската Унија (ЕУ), со фокус на политиката на проширување. Бугарскиот претседател истакнал дека неговата земја принципиелно и доследно ја поддржува европската интеграција на Македонија. Радев посочил и дека Бугарија очекува одржливи резултати во процесот на градење добрососедски односи и во тој поглед е најважен директен и отворен дијалог меѓу двете најблиски земји на Балканот за да се постигне вистински напредок.

Read More

Комисијата за жалби на УЕФА денеска одлучи да ја прекине постапката против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, три од 12-те екипи основачи на Супер лигата, на неодредено време. Двете шпански екипи и италијанскиот клуб не се откажаа од проектот за ново натпреварување од затворен тип, принудувајќи ја Европската куќа на фудбалот на 25 мај да поведе дисциплинска постапка поради потенцијално кршење на правилникот за натпреварувања на УЕФА. Преостанатите девет клубови, кои се повлекоа од проектот Супер лига, се спогодија со УЕФА во замена за поблаги казни.

Read More

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) изрече десетгодишна суспензија за рускиот судија Сергеј Лапочкин, додека летонскиот фудбалски клуб Вентспилс е казнет со седумгодишна забрана за настап во еврокуповите поради местење натпревари. На Лапочкин му е забрането да извршува каква и да е судиска функција на национално и на меѓународно ниво до март во 2031 година. Рускиот арбитар во март оваа година времено беше суспендиран на 90 дена поради сомневање за вмешаност во местење на резултатот на натпреварот меѓу Вентспилс и Бордо (0:1) во квалификациите за Лига Европа во сезоната 2018/19. УЕФА соопшти дека шесткратниот летонски шампион Вентпилс е суспендиран од европските фудбалски…

Read More

Со одбројување до почетокот на премиерниот натпревар од групата Ц во рамки на ЕП 2020 против Австрија (недела, 18 ч.), македонската фудбалска репрезентација ги привршува подготовките за својот дебитантски настап на континенталниот собир. Македонската репрезентација, која од вчера е сместена во хотелот „Мериот Гранд‘“ во романската престолнина, попладнево во комплетен состав го одржа и вториот тренинг на Националната арена во Букурешт. За дуелот со Австријците, во Букурешт веќе почнаа да пристигнуваат и првите македонски навивачи, чија бројка в недела се очекува биде околу 5 000, согласно протоколот на УЕФА за максимална исполнетост до 25 отсто на Националната арена со капацитет…

Read More

За разлика од постојните обврзници, зелените обврзници ќе се користат само за инвестициски проекти или за зелен развој и ќе бидат за капитални расходи од една страна, меѓутоа од друга страна новината на овие инструменти е што ќе можат и граѓаните да купуваат во соработка со банките, но ќе бидат директно достапни на граѓаните. Ова на среден рок ќе помогне во развојот на финансискиот пазар, но и финансиска едукација на нашите граѓани за можностите за да ги искористуваат и да ги зголемиме нивните доходи, приходи, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими. – Идејата на Планот за забрзување на раст е…

Read More

Јужноафриканка на свет донесе 10 бебиња што би можело да претставува нов светски рекорд, јави денеска „Би-Би-Си“. Сопругот на Госиаме Тамара Ситоле рече дека ги изненадиле две бебиња, бидејќи на ултразвук претходно виделе осум. – Седум се момчиња и три девојчиња. Среќен сум. Емотивен сум. Не можам многу да зборувам, рече Тебохо Цотетси за „Преторија њуз“. Јужноафриканско официјално лице ја потврди информацијата на „Би-Би-Си“, но друг порача дека допрва треба да се видат бебињата. Случајот го истражуваат и претставници на Гинисовата книга на рекорди. Гинисовиот рекорд на најмногу родени бебиња во еден пород моментно го држи жена која роди осумка…

Read More