Author: Sashko

Во палатата на бригадите во Тирана утре ќе се одржи Самит на земјите од Западен Балкан. Со самитот ќе претседава албанскот премиер Еди Рама, а ќе учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановќ, како и премиерите на Северна Македонија – Зоран Заев, на Косово – Албин Курти, на Србија – Ана Брнабиќ, на Босна и Херцеговина – Зоран Тегелтија. На лидерите од Западен Балкан ќе им се придружат и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу, директорот на секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Ѓикиќ, како и Љуба Силјаноска,…

Read More

Полицискиот час во Грција од сабота ќе биде пократок за еден час и ќе почнува во 01:30 часот, наместо 00:30 часот како што беше досега, а на угостителските објекти ќе им биде дозволено да пуштаат музика, соопшти попладнево заменик министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. По позитивната препорака од комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство, Хардаљас информираше за одлуките на Владата за дополнително олабавување на мерките. Од сабота 12 јуни, дозволена е музика во угостителските објекти кои и натаму ќе работат само во надворешните делови и само за посетители кои седат…

Read More

Договорот од Преспа го промени лицето на Балканот, како динамичен регион кој низ историјата знаел да гради и ѕидови помеѓу народите, напиша премиерот на својот фејсбук-профил. Тој потенцира дека со пресвртот на водење на С. Македонија е започнато ново поглавје, со кое „на Европа и на светот им дадовме еден поинаков Балкан, Балкан кој гради мостови“. – Договорот од Преспа значи почеток на ново поглавје со кој на светот му покажавме еден поинаков Балкан. Јасната политичка визија е можна кога за тоа има силна волја и сигурен поглед кон иднината. #PrespaForumDialogue кој ќе се одржи на 1 и 2 јули…

Read More

Бесплатен џоинт ќе добијат возрасните во Вашингтон, откако ќе се вакцнираат против коронавирусот. Државниот одбор за алкохолни пијалоци и канабис објави дека кампањата наречена „Џоинт-за-вакцина“ стапува во сила веднаш и ќе трае до 12 јули, објави „Њујорк тајмс“. За луѓе постари од 21 година, продавниците со канабис ќе обезбедат еден џоинт кога ќе ја примат првата или втората доза на вакцината. Акцијата се однесува само на цигари од марихуана, а не на други производи од канабис. Во Вашингтон, околу 58 проценти од луѓето досега примиле една доза, а 49 добиле друга доза. Слична акција најави и федералната држава Аризона.

Read More

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески најостро ги отфрли тврдењата на поранешените концесионери на плажите дека не добиле известување за отстранување на бесправно поставената опрема и објекти, како и дека имале платено закуп на просторот заклучно со 2021 година. – Решението за отстранување на објектите е издадено уште во 2017 година, а последното известување за отстранување на објектите од страна на Општина Охрид е доставено до фирмата пред десетина дена, вели Георгиески, притоа потсетувајќи дека јавноста преку медиумите неколку наврати беше информирана за целиот процес, со најава дека ќе следуваат активности за отстранување на плажите во градската зона и дека нема…

Read More

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска од 15 до 17 часот одржа протести со блокади на три локации во Скопје и во уште 10 градови низ земјава, преку кои побара увид во документот од преговорите со Бугарија. На протестот беше истакнато дека македонскиот идентитет, јазик и историја се поважни од се. Освен во Скопје, партијата организираше блокади и во Штип, Велес, Кочани, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Охрид, Битола и Кичево. Пратеникот Антонио Милошоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ги организира блокадите поради, како што рече, „нетранспарентноста на власта и тајните преговори кој што двоецот Заев-Бучковски ги води со официјална Софија за сметка на интересите на…

Read More

Измените на Законот за работните односи, кој беше усвоен на вчерашната владина седница, прецизно утврдува дека недела е ден на неделен одмор и гарантира дека за над 92 проценти од работниците недела ќе биде неработен ден, велат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Оттаму додаваат дека законот јасно ги дефинира дејностите кои ќе може да работат во недела и оти станува збор само за дејности кои се неопходни за функционирање на државата. Вработените во овие дејности, нагласуваат од Министерството, ќе добијат дневница повисока за најмалку 50 проценти и слободен ден во наредните седум дена. – Во однос на…

Read More

Добитничка на Почесното Рациново признание за 2021 година е Ала Генадјевна Шешкен, руски славист и македонист. Престижната награда ја добива за нејзината промоција на македонскиот јазик, книжевност и литература, како редовен професор на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“. – Наградата ќе се додели во рамки на претстојните 58. Рацинови средби, а добитничката поради ковид пандемијата, нема лично да присуствува, но на затворањето ќе биде пуштено видео обраќање, информира денеска градоначалникот Аце Коцевски кој е и претседател на Организацискиот одбор на Рациновите средби. Ала Шешкен е родена на 30 март во 1952 година во Белорусија, во учителско семејство. По завршувањето на гимназијата…

Read More

Алијансата на Албанците (АА) го поздравува извршниот налог на претседателот на САД, Џо Бајден со кој се даваат големи овластувања на Министерството за финансии, во консултација со државниот секретар. – Оваа наредба на одделот одобрува воведување санкции за лица одговорни за корупција во регионот, кои се вклучени во злоупотреба на јавни средства, злоупотреба на приватен имот за лична или политичка корист или вмешани во мито, се вели во соопштението на АА.  Алијансата за Албанците, се наведува во партискиот допис до медиумите, од основањето е сериозно заинтересирана за расчистување на политичката сцена од такви елементи кои стануваат пречка за развојот на…

Read More

Борбата против криминалот и корупцијата навистина ги уништува демократските општества и затоа кога САД, најсовршената демократија пример за сите, ја испраќа оваа чиста порака за нас е сериозна порака на охрабрување. Покрај охрабрување претставува и дополнителна мотивација дека сме на вистинскиот пат, изјави денеска премиерот Зоран Заев, прашан за коментар на Извршната наредба од американскиот претседател Џо Бајден за санкции на сите субјекти кои се против Охридскиот и Преспанскиот договор и за сите кои ќе работат против интересите на Западен Балкан. Поддржувачи сме, посочи Заев, на Преспанскиот договор. Тоа е порака на демократски вредности за кои, како што рече, се…

Read More

Германските специјални полициски единици денеска извршија претрес во околу 30 објекти, како дел од истрагата за перење пари и организиран криминал во западногерманската држава Северна Рајна-Вестфалија. Истражителите извршиле претрес во домови, канцеларии и продавници во Дуизбург, во Леверкузен, во Гелзенкирхен и во други градови во регионот Рајна-Рур. Во рацијата се приведени неколку лица и конфискуван е имот. Истражителите се очекува да објават попладнето дополнителни детали во врска со рациите.

Read More

Недела ќе биде неработен ден од 1 октомври. Ова е предвидено со измените на законите за работни односи и за трговски друштва што Владата ги усвои на својата денешна седница. Измените, како што појасни премиерот Зоран Заев на попладневната прес-конференција, се донесени во инклузивен процес со работодавачите и со синдикатите. – Ова е ветување што Владата ги имаше како приоритет во програмата. Со ова се прави исчекор кон унапредување на работничките права и продолжување на поддршката за работниците, истакна Заев, додавајќи дека посебна грижа е водена за оние работници кои ќе работат во недела. Предвидени се исклучоци за оние дејности…

Read More