Германските специјални полициски единици денеска извршија претрес во околу 30 објекти, како дел од истрагата за перење пари и организиран криминал во западногерманската држава Северна Рајна-Вестфалија.

Истражителите извршиле претрес во домови, канцеларии и продавници во Дуизбург, во Леверкузен, во Гелзенкирхен и во други градови во регионот Рајна-Рур.

Во рацијата се приведени неколку лица и конфискуван е имот. Истражителите се очекува да објават попладнето дополнителни детали во врска со рациите.