Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Целиот процес на унапредување на основното образование се води согласно Законот за основно образование, што предвидува концепција за основно образование и ги содржи сите потребни елементи за да може понатаму да се спроведува планот за подобрување на основно образование, вели министерката за образование Мила Царовска. Наставните програми за прво и четврто одделение се подготвени и ќе започнат да се имплементираат од септември, рече министерката Царовска вечерва во емисијата „Анализа 24“ на ТВ 24, каде за новата реформа во образованието дебатираше со претседателката на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска и со претседателот на СОНК, Јаким Неделков. – Тоа што…
Ракометарите на Вардар 1961 се на чекор до пласман меѓу најдобрите осум во регионалната СЕХА лига, откако вечерва ја совладаа Металопластика со 39:31 (19:14) во првата од двете осминафинални пресметки закажани во Скопје. Освојувачот на двојната круна сезонава во македонското првенство лошо го отвори натпреварот, дозволувајќи и на екипата од Шабац да поведе со четири гола разлика (8:4) во воведните десет минути. Сепак, петкратниот освојувач на СЕХА лигата брзо ги консолидира редовите и Вардар веќе на полувреме замина со високи плус пет (19:14). Вториот дел донесе сигурна игра на македонскиот првак, кој влегува со осум голови предност пред утрешниот реванш, исто така,…
Министерот за здравство Венко Филипче денеска објави дека пристигнале нови 12.870 дози од вакцината против ковид-19 на Фајзер. – Дополнителни 12.870 дози од производителот Фајзер обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe) пристигнаа денеска, објави Филипче на Фејсбук. Министерот апелираше сите граѓани кои досега не се пријавиле за вакцинација да го сторат тоа што поскоро.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини денеска им врачи билети за Европското првенство на вработените од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои организирано ќе ги следат натпреварите на македонската репрезентација. Здравствените работници беа во приоритетната група на лица кои електронски аплицираа преку ФФМ за купување на билети за ЕП 2020, а дополнително, на медицинскиот персонал преку Министерството за здравство, ќе им бидат овозможени влезници за натпреварите на македонската репрезентација. – Изминатите, речиси, две години, едноставно живеевме во време и моменти кои нè потсетуваат дека здравјето на луѓето е најважно. Јасно ми е дека ова е…
Раскрсниците кај македонското Собрание, кај ТЦ „Мавровка“ и кај поранешна Нова Македонија утре во период од 15 до 17 часот ќе бидат блокирани од ВМРО-ДПМНЕ во обид за, како што рече лидерот на партијата, Христијан Мицкоски вршење на притисок и спречување на бугарските барања да влезат во рамката за преговори меѓу Македонија и Европската Унија (ЕУ). Изразување на незадоволство на ист или сличен начин ќе има и во десет други градови во земјава. Тоа, според него може да се спречи со комбинација на активности – критики од јавноста и народ на улица. – Затоа, ВМРО-ДПМНЕ од утре ќе почне со…
Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални е вратен во затвор на доиздржување на казната, откако се рехабилитира по штрајкот со глад во болница во друг затвор, јави агенцијата ТАСС. Опозицискиот политичар (45) започна штрајк со глад кон крајот на март за да побара подобра медицинска помош во затворот, откако доби силни болки во нозете и во грбот. Тој го прекина штрајкот со глад во април по укажаната лекарска помош. По враќањето во неговиот „стар“ затвор, Навални ќе присуствува преку видео врска на судско рочиште каде се разгледуваат неговите тврдења за условите во затворот.
Компаниите во земјава кои увезуваат мазут, што бил предмет на контрола и анализа од институциите, да побараат второ мислење кај независна лабораторија, доколку се сомневаат во наодите од подвижната државна лабораторија, порача министерот за економија, Крешник Бектеши. Истовремено, за утре, а најдоцна до среда, тој најави дека ќе објави имиња на компании во чиј мазут се утврдени неправилности при увозот. Притоа, како што дополни, ќе ги сподели и наодите од анализите што ги прават надлежните институции. – Секоја компанија која изразува недоверба во резултатите од анализите на државната подвижна лабораторија, може да се обрати за второ мислење кај независна лабораторија,…
Македонската одбојкарска репрезентација ниту во петтиот обид не успеа до титулата во Европската сребрена лига. Златниот медал вечерва во Струмица го освои Данска чии одбојкари ги поразија „спартанците“ со 3:1 (по сетови: 23:25, 25:19, 27:25, 25:19). Во меч за третото место, Унгарија ја совлада Хрватска со 3:2 (по сетови: 25:18, 18:25, 25:23, 19:25, 15:13.
Од фотографиите кои беа ставени на увид на јавноста, материјалите кои ги обработува „Макпетрол“ стигнуваат во тегли за зимница потурени во пластични шишиња, многу непрофесионално за така „акредитирана лабораторија“ како што тврди „Макпетрол“ дека е. „Супертрејд“ нема да ги смета за релевантни анализите на „Макпетрол“ се додека истите се направени со импровизации. „Макпетрол“ воопшто не смее да зема за анализа примероци за тестирање доколку не ја знаат процедурата и соодветниот метод како да се земе примерок. Макпетрол треба да знае дека неправилно земен примерок е невалиден примерок, а тој резултат е невистинит и невалиден. Ако Макпетрол е професионална компанија како…
Војводата од војвотката од Сасекс, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл го објавија раѓањето на нивното второ дете, ќеркичката Лилибет. Како што пренесува „Би-Би-Си“, Лилибет „Лили“ Дајана Маунтбатен-Виндзор (тешка 3,487 кг.) дошла на свет во петокот во 11:40 часот по локално време во болницата „Санта Барбара“ во Калифорнија, САД. Двојката наведе дека и мајката и ќеркичката се добро и додадоа дека девојчето добило име по прекарот на кралското семејство за кралицата, нејзина прабаба. Средното име, Дајана, родителите го избрале во чест на нејзината „сакана покојна баба“, принцезата од Велс, се наведува во дописот. Лилибет е 11 правнуче на кралицата…
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер објави дека се повлекува од вториот гренд слем во сезоната, Ролан Гарос. – Откако разговарав со луѓето од мојот тим, решив дека треба да се повлечам од Отвореното првенство на Франција. По две операции на коленото и повеќе од една година рехабилитација, важно ми е да го слушам моето тело и да не брзам со работите на патот кон закрепнување. Се гледаме наскоро, напиша Федерер на Твитер. Триесет и деветгодишниот тенисер во четвртото коло на Ролан Гарос, утре требаше да игра со Италијанецот Матео Беретини.
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром по осми пат го освоија шампионскиот трофеј во македонското првенство, откако попладнево го победија Еуро Никел со 89:78 (по четвртини: 21:23, 25:21, 25:18 и 18:16). Со вкупни 3:0 во финалната серија, „сино-белите“ од Аеродром заслужено дојдоа до двојната круна во сезоната 2020/21. Претходно победија и во Купот на Македонија. Најефикасен во победничкиот тим беше Андреј Магдевски со 21 поен, кај гостите од Кавадарци се истакнаа Роберт Рикиќ и Никола Караколев кои уфрлија по 16 поени. Трофејот на капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски му го предаде претседателот на кошаркарската федерација Перо Антиќ.