Author: Sashko

Европската Унија ќе финансира нова опрема на надворешната граница на ЕУ во Грција, а по должината на оградата висока пет метри ќе бидат инсталирани специјални камери, детектори за лаги и звучни топови, јавува „Вечерњи лист“. Со детекторите ќе се проверува дали мигрантите ја кажуваат вистината за нивниот идентитет и земјата од каде доаѓаат затоа што огромното мнозинство пристигнува без документи. Исто така, се планираат звучни топови кои ќе создадат бучава и на тој начин би ги спречиле мигрантите да пристигнат на границите на ЕУ. Европската левица и Зелените се згрозени од ваквите потези на Брисел и Атина, пренесува хрватски „Вечерњи…

Read More

Изминатите неколку дена, „Супертрејд“ во јавноста беше врамувана во сосем неточен контекст што значи дезинформирање на јавноста, со свесна намера да се наруши угледот на нашата компанија. Пет цистерни на „Супертрејд“ на крајот од минатиот месец беа задржани на граничен премин и мазутот што требаше да го увеземе беше предмет на анализа. Свесни за квалитетот на тоа што го увезуваме најмалку очекувавме дека вештачењето на мазутот ќе подлежи на низа пропусти. Нашата компанија се темели на професионална работа, оттука секогаш ќе се спротивставиме на импровизации преточени во таканаречени извештаи. Во прилог ви испраќаме фотографи – 1, 2, 3, 4 се фотографии од земени мостри на мазутот од нашите…

Read More

Премиерот Зоран Заев не губи надеж дека Македонија наскоро ќе добие дозвола за одржување на првата меѓувладина конференција што воедно претставува формален почеток на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ). Во таа насока одат и сè поинтензивните средби со бугарските власти во пресрет на Самитот на ЕУ што е закажан на 22 јуни. – Верувам дека и билатерално ќе се видиме затоа што нашите министри за надворешни работи го доразвиваат планот за соработка. Се работи за секторскиот план од сите области што верувам дека ќе го утврдиме до крај. Јас дури верувам дека може да се одржи и Меѓувладината…

Read More

Треба да се знае кој за што е одговорен, не можам да коментирам дали некој е невин или да навлегувам во судски постапки, одговори денеска заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски прашан за одлуката на обвинителството дека нема одговорност за Сашо Мијалков што не бил дома кога требало да му се достави решение за куќен притвор и за одлуката за Драги Рашковски да се брани од слобода. – Системски ги менуваме работите за кои одговорност треба да има за секој. Ако пред некоја година институциите биле затворени за јавноста и…

Read More

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва (20 ч.) во салата „Парк“ во Струмица ќе игра против Данска во фианалето на годинашното издание на Европската сребрена лига. Влогот, покрај златниот медал, значи и пласман во поквалитетен натпреварувачки ранг, поточно, учество во континенталната Златна лига. „Спартанците“ во синоќешното полуфинале ја совладаа Хрватска со 3:2 (по сетови: 15:25, 25:19, 25:22, 21:25, 15:12), додека Данска беше подобра од Унгарија со 3:1 (по сетови: 24:26, 25:17, 25:11, 29:27). Во увертира на мечот за титулата, од 17 часот ќе играат Хрватска и Унгарија за бронзениот медал.

Read More

По повод јубилејот – 30 години од независноста на Република С. Македонија, министерот за надворешни работи Бујар Османи донесе одлука оваа година да врачи признанија на 30 странски државјани, високи функционери од ЕУ и на НАТО, државници, дипломати и познавачи на нашата држава и регионот. Со овој чин, информираат од МНР, придаваме симболично признание за оставениот белег во консолидација на нашата самостојност, поддршката и помошта во заокружување на евроатлантската перспектива, како и зацврстувањето на мултиетничката, мултикултурна и мултиконфесионална кохезија на нашата држава и општество. – Триесет години подоцна, Република Северна Македонија има предвидлива иднина, како земја членка на клучните западни…

Read More

По претходна пријава и врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар околу 3.49 часот утрово извршиле контрола во домот во кој престојува В.М. (24) од Скопје. При контролата, освен В.М., биле затекнати уште 13 лица, три полнолетни и десет малолетници на возраст од 16 и 17 години и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на ковид-19. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од кривичниот законик – „непостапување според здравствените…

Read More

Десет нови случаи на заболени со ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа во земјава од кои пет во Скопје, по два случаја во Прилеп и во Виница и еден во Куманово. Во изминатото деноноќие, како што соопшти Министерството за здравство (МЗ), се направени 2.825 тестови. Регистрирани се 332 оздравени пациенто од Скопје – 101, од Куманово – 45, од Битола – 23, од Прилеп и од Струмица – по 19, од Тетово – 16, од Охрид – 15, од Кичево – 12, од Струга – 10, од Виница – 9, од Радовиш – 8, од Гостивар – 7, од…

Read More

Независната угостителска комора (НУК) формира сопствен регистар за свадби, прослави и веселби кој го става на располагање на сите угостители и угостителски објекти како и државни институции, комори, здруженија овозможувајќи на сите без дополнителен надомест да ги пријават односно евидентираат своите прослави согласно барањата во точка 7 од протоколите за организирање на свадби, прослави и останати веселби. Од НУК информираат дека регистарот е формиран со цел да излезат во пресрет на сите телефонски повици и дописи за потреба на угостителите да ги регистрираат и пријават прославите кои ги организираат во своите угостителски објекти и да им овозможиме институционално да можат…

Read More

Во Врање е можна вакцинација за граѓаните на Северна Македонија без претходно закажување. Сè што треба да сторат е да донесат важечки документ за идентификација – пасош или лична карта, јави РТС. Според српскиот јавен сервис, на вакцинирање во Врање доаѓаат лица од сите делови на Северна Македонија, а најмногу од Скопје и Куманово, како и цели семејства. Во спортската сала во Врање од утрово се вакцинирани 353 лица од кои 274 се државјани на С. Македонија. – Немаме закажано, само што дојдовме, нè примија. Сакам да му се заблогадарам на претседателот Александдар Вучиќ, алал да ти е човече, изјави…

Read More

Општините, министерствата и Владата стануваат транспарентни институции. За 18 проценти е зголемена нивната активна транспарентност споредено со 2016 година, односно нивната транспарентност изнесува 63 отсто, за разлика од 2016, кога била 45 проценти. Ова денеска на прес-конференција го истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на која ги презентираше најновите податоци на извештајот за Индекс на активна транспарентност 2021 година на Центарот за граѓански комуникации. – Дури 62 од вкупно опфатените 98 институции ја подобриле својата активна транспарентност во 2021 година во однос на 2016 година. Ако во 2016 година само 24…

Read More

Јанчев денеска не е со нас, бидејќи не е поканет, изјави премиерот Заев кој беше во ,,инспекција“ на работните активности поврзани со реконструкција на патот Кавадарци – Дреново, а прашан зошто на последните две активности на владата во кавадаречкиот регион не бил присутен и градоначалникот Митко Јанчев. И да не му наштетиме во неговата кандидатура за градоначалник, бидејќи тоа е во тек овој период. – Јанчев учествува во многу проекти што Владата ги спроведува во овој регион како што соработка на овој план имаме и со градоначланиците на Илинден и на Сопиште, кои што се од редовите на ВМРО ДПМНЕ,…

Read More