По претходна пријава и врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар околу 3.49 часот утрово извршиле контрола во домот во кој престојува В.М. (24) од Скопје.

При контролата, освен В.М., биле затекнати уште 13 лица, три полнолетни и десет малолетници на возраст од 16 и 17 години и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на ковид-19.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.