Машката одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва (20 ч.) во салата „Парк“ во Струмица ќе игра против Данска во фианалето на годинашното издание на Европската сребрена лига. Влогот, покрај златниот медал, значи и пласман во поквалитетен натпреварувачки ранг, поточно, учество во континенталната Златна лига.

„Спартанците“ во синоќешното полуфинале ја совладаа Хрватска со 3:2 (по сетови: 15:25, 25:19, 25:22, 21:25, 15:12), додека Данска беше подобра од Унгарија со 3:1 (по сетови: 24:26, 25:17, 25:11, 29:27).

Во увертира на мечот за титулата, од 17 часот ќе играат Хрватска и Унгарија за бронзениот медал.