Author: Sashko

Премиерот Заев го поздрави ребрендирањето на Демократската Унија за интеграција (ДУИ) и тоа што партијата ја напушта етничката агенда во смисла да работи само на унапредувањето на правата на Албанците. Добро е, вели Заев, што отсега натаму акцентот на своето делување ДУИ ќе го стави на агенда како што е зелената агенда на владата од која бенефит ќе имаат сите граѓани независно од етничката припадност. Заев не коментира за тоа како досега градоначалниците на ДУИ се справувале со еколошките теми во општините што ги раководеле, но отсега па натаму се надева за неколку месеци да бидат согледливи и активностите во…

Read More

Фрегатата која била дел од ударната борбена група на носачи на авиони CSG, во Црногорското пристаниште ќе остане до деветти јуни. И додека дел од српските медиуми оценуваат дека НАТО го стега обрачот околу Србија, причината како што информираат медиумите во Црна Гора, пак, е во насока на натамошно јакнење на соработката меѓу оваа земја и Велика Британија. За време на закотвувањето на бродот на пристаништето во Бар до среда, на него ќе се одржеле многу билатерални средби а ќе се прославел и роденденот на Британската кралица Елизабета втора. По тој повод, во Црна Гора ќе пристигнела и Британската државна министерка…

Read More

Извесен Саша на возраст од 47 години, кој живеел во 20 арондисман (кварт) во Париз, како пишува весникот „Паризиен“, ја направил најбизарната работа, каква полицијата не памети долги години. Имено, заради материјална корист, односно за да ја прима пензијата и по смртта на неговата мајка, која починала на 75 години од карцином, ја ,,спакувал“ во куфер кој покриен со церада го чувал седум години во оставата од својот стан. Полицијата откривајќи ја несекојдневната случка утврдила дека врз кутрата жена немало траги на насилство. Саша, како што го пренесуваат француските медиуми по потекло Србин, го признал делото. Поради тоа судските органи…

Read More

Работната вечера со турскиот претседател Ердоган и средбата со него беше во насока на разговори за нашата соработка во рамките на НАТО, за интересот на Турција да инвестира во преработувачката индустрија, како и за безбедноста што како две членки на Северноатлантската алијанса имаме обврска да ја штитиме во овој регион на Југоисточна Европа околу надлетувањето со дронови на граничните подрачја итн, изјави премиерот Заев по детекцијата на градежните работи на патниот правец Кавадарци – Дреново. Ердоган најавил најмалку 10 турски инвестиции по должина на Коридорот 10 кои би биле во делот на преработувачката индустрија. Акцентот на разговорите на министерот Филипче…

Read More

Ирачката армија денеска соопшти дека нејзините противвоздушни сили пресретнале и собориле две беспилотни летала во воената база Аин ал-Асад во која се наоѓаат американските трупи. Војската соопшти дека беспилотните летала биле соборени ноќеска, половина час по полноќ по локално време. Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот. Пред еден месец, со беспилотно летало беше нападната базата Аин ал Асад, но не предизвика штета.

Read More

Американскиот дипломат Џејмс Пердју, кој помогна во завршување на конфликтот во 2001 година и во склучување на Охридскиот договор, Џејмс Пердју починал во средата на 77 години, објави весникот „Арканзесонлајн“. Причината за смртта не е наведена. Џејмс Пердју остави неизбришлив белег на Балканот, прво како дел од екипата на прославениот дипломат Ричард Холбрук, а потоа и како американски претставник за Македонија за време на воениот конфликт 2001 година. Тој беше еден од архитектите да им се стави крај на непријателствата, а потоа да се осмислат уставните измени. Пердју го претставуваше американскиот министер за одбрана на преговорите во Дејтон за иднината…

Read More

Премиерот Зоран Заев и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа, на работна вечера во Истанбул, разговараа за взаемните пријателски односи меѓу двете држави исполнети со динамична соработка во повеќе области, информираше владината прес-служба. Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, беше во еднодневната работна посета на Турција. Тој на средбата со Ердоган ја потенцирал, како што стои во соопштението од Владата, исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји и нагласениот интерес на турските компании да инвестираат во С. Македонија и да ги продлабочуваат деловните и трговски врски. – Економската и трговската соработка се витални, рекол за време на работната…

Read More

Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјата по подолго време е под 1.000, но речиси двојно повеќе беше вчерашната бројка на нови случаи за разлика од претходниот ден кога беа регистрирани 16 лица. Од направените 3.856 тестови, вчера беа регистрирани 29 позитивни резултати на коронавирус. На инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 134 позитивни и суспектни пациенти на коронавирусот, а во ковид центрите има околу 515 слободни болнички кревети. На вакциналните пунктови во државата, според последните податоци, се вакцинирани вкупно 245.413 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 384.466 дози вакцини, а ревакцинирани…

Read More

Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала облачност. Попладне, претежно на истокот и североистокот од земјава ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени, а максималната од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во Скопската котлина ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветарот. Минималната температура ќе биде околу 14 степени, а максималната ќе достигне 30 степени. Од утре следува…

Read More

Научниците, минатата година, дошле до изненадувачки сознанија, откривајќи дека во последните 50 години, во 2020 година биле регистрирани 28 најкратки денови. На што се должи забрзувањето на ротацијата на планетата Земја, научниците сè уште не можат со точност да откријат, иако како што пренесуваат светските истражувачки сајтови, постоеле мноштво претпоставки врз основа на кои забрзано се работи. Изненадувањето за оваа појава е дотолку поголемо што, според научниците кои долги години работат на ова, би требало нашата планета да го забави вртењето околу својата замислена оска, а не да го забрзува.

Read More

Од понеделник (07.06.2021) при влез во Грција задолжително ќе се тестираат сите лица постари од шест години, а сите кои ќе покажат позитивни резултати на ковид-19 ќе мора да одат во десетдневен карантин. Измените ги потврди заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, дополнувајќи дека групните посети од 20 лица ќе бидат дозволени само на отворени простори. Остануваат во сила претходно донесените правила за патување во оваа земја: 1. Пополнет PLF формулар кој се наоѓа на страницата travel.gov.gr 2. Доказ за имунизација со било која вакцина при што ревакцината да е примена пред најмалку 14 дена. Ако патникот не е…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со премиерот Зоран Заев е во работна посета на Турција, доцна синоќа на својот ФБ профил објави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рекол дека неговата земја ќе ни донира 30.000 вакцини од кинески „Синовак“. – Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји, напиша на ФБ, министерот за здравство Филипче, заблагодарувајќи се на турскиот народ и на претседателот Ердоган.

Read More