Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Почнувајќи од денеска и во следните два дена, сите хронично болни пациенти и со ризик од ковид-19, на возраст од 20 до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април 2021 година, ќе се вакцинираат на вакциналните пунктови во државата, информира Министерството за здравство (МЗ). Како што прецизираат од МЗ, опфатени се повеќе од 40 дијагнози или повеќе од 10 групи на дијагнози кои беа одредени како ризични од страна на Универзитетските клиники и граѓанските здруженија, како кардиоваскулаторни, респираторни, бубрежни, ендокринолошки, малигни, невролошки и останати заболувања и состојби.
Седумдесет и осумгодишната скопјанка Н.К. вчера била тешко повредена во сообарќајна несреќа што се случила на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, кога патничко моторно возило „пежо боксер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б. (26), удрило во жената – пешак,кој го напуштил местото на несреќата, но подоцна било пронајден. Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила вчера во 10:15 часот, а повредената била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Македонија на секој натпревар оди на победа, а така ќе биде и утре против Казахстан во последната проверка пред Европското фудбалско првенство, најави Елиф Елмас, чие дело беше единствениот погодок во ремито (1:1) со Словенија во вторникот. Но, играчот на Наполи испорача уште една желба – максимално исполнет капацитет на арената „Тоше Проески“, согласно епидемиолошки протоколи што се на сила поради пандемијата на ковид-19. – Чувството да се игра пред гледачи е посебно и многу сме среќни што публиката се враќа на стадионите. Секогаш сме уживале поддршка од навивачите и не се сомневам дека така ќе биде и утре. Можам…
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски ќе изведе комбиниран состав за утрешниот пријателски натпревар против Казахстан во Скопје, последен пред заминување за Букурешт на дебитантскиот настап на „црвено-жолтите“ на Европските првенства. За генералната проба пред континенталниот самит е неизвесен Ферхан Хасани кој се здоби со пукнатина на носот во мечот со Словенија и последниот збор околу него ќе биде на лекарскиот тим. Но, она што е најважно пред ЕП е излезот на Енис Барди од изолација поради ковид-19 и според најавите на Ангеловски, тој веднаш ќе почне со индивидуални тренинзи. – Денеска на Барди му истекува рокот за…
Пишува: Денис Грац, босански политичар и пратеник во Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина Уште во 2017 година, како член на парламентот на ФБиХ, започнав иницијатива за отстранување на канабисот (Cannabis sativa L) од Табелата и од Списокот на наркотични дроги, психотропни супстанции, растенија од кои можат да се добијат наркотични дроги и прекурзори. Ги имав предвид ставовите од медицината и фармацијата, како и правната пракса на земјите од ЕУ, пред сè на Словенија и на Хрватска, каде канабисот беше тргнат од списокот на наркотични средства. Задржувањето на канабис на списокот на забранети супстанции и растенија…
Противниците на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постигнаа договор за формирање коалиција. Објавата на опозицискиот лидер Жаир Лапид и неговиот сега коалициски партнер Нафтали Бенет следеше неколку моменти пред полноќ по локално време, кога беше крајниот рок за формирање на коалицијата. Во објава на Твитер, Лапид наведе дека претседателот на Израел, Рувен Ривлин веќе е информиран. – Оваа влада ќе работи за сите граѓани на Израел, оние кои гласаа за неа, но и оние кои не го сторија тоа. Ќе сториме сè за да го обединиме израелското општество, напиша Лапид. Според постигнатиот договор, Лапид и Бенет ќе се менуваат на премиерската…
Полицијата вчера попладне лиши од слобода 27-годишен скопјанец, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. – На 02.06.2021 во 17:30 часот на подрачјето на Драчево од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје-СВР Скопје бил лишен од слобода И. Т. (27) од Скопје, бидејќи при извршен претрес во неговиот дом, по претходно издадена наредба од Основен Кривичен суд Скопје, била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ракометарите на Вардар по 14 пат ја освоија шампионската титула во домашното првенство. Во последното коло од Суперлигата, „црвено-црните“ славеа во градското дерби со Металург со 39:27. Најпрецизен вардаров ракометар беше Валчак со пет гола, а по четири постигнаа Дибиров, Талески и Георгиевски. Прв стрелец на мечот, пак, беше Калуѓеровиќ од поразената екипа со девет погодоци. Двократниот европски првак и во наредната сезона ќе настапи во Лигата на шампиони, македонски репрезент во Лига Европа ќе биде Еурофарм Пелистер, а Пролет и Металург, преку квалификациите, ќе се обидат да се придружат на битолчани во второто по ранг натпреварување на ЕХФ.
Европската Комисија денеска потврди дека нема засега да дозволи прием на Бугарија, на Романија и на Хрватска во Шенген зоната поради отпорот на некои земји-членки. Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон на прес-конференција во Брисел претстави „Стратегија за зајакнување на Шенген зоната“ и потсети дека, според Комисијата, Бугарија и Романија ги исполниле техничките критериуми за членство во 2011 година и Хрватска во 2019 година, но сепак, Советот на ЕУ не им дава „зелено светло“ за влез во просторот без внатрешни граници. Шенген зоната во моментов има 26 земји-членки, од кои 22 се земји на ЕУ. Бугарија, Романија, Хрватска, Кипар и…
Советот на Европската Унија (ЕУ) попладнево постигна преоден договор за претпристапната финансиска помош за земјите од Западен Балкан и Турција, јави дописничката на МИА од Брисел. Претпристапната помош за периодот 2021-2027, попозната како ИПА 3 програма, е на пат да биде усвоена, откако денеска Советот на ЕУ (земјите членки) постигна договор со Европскиот парламент за овој предлог на Европската Комисија. ИПА 3 предвидува финансиска асистенција од 14 милијарди евра за земјите од Западен Балкан и Турција. Предлогот ќе биде конечно усвоен откако Советот ќе даде политичко одобрување со квалификувано мнозинство, но не се очекуваат пречки. Португалското претседателство го поздрави договорот…
Членките на Вишеградската група (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија) плус Австрија изготвиле нон пејпер документ до Европската Унија (ЕУ) во кој се бара поголема поддршка за земјите од регионот на Западен Балкан, објави порталот klix.ba, повикувајќи се на дипломатски извори. Министрите за надворешни работи на петте држави испорачаа барање за вклучување на земјите од Западен Балкан во официјалните разговори за иднината на ЕУ, бидејќи според нив, имаат право и треба да имаат можност да ги кажат своите ставови за иднината на Унијата, со оглед на перспективата за нивно членство. – Многу прецизно е наведено дека регионот на Западен Балкан треба…
Турската полиција денеска на истанбулскиот меѓународен аеродром „Сабиха Ѓокчен“ го приведе македонскиот државјанин Бобан Томовски и се очекува в сабота тој да биде екстрадиран во земјава, јавија турските медиуми. Томовски, според истите извори, бил во контакти со турскиот наркобос Седат Пекер, кој изминатиот период изнесе обвинувања за криминал и корупција против членови на Владата на Турција и на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). Според „Си-Ен-Ен Турк“, Бобан Томовски патувал транзитно преку Истанбул за Каиро. Турските медиуми посочуваат дека нема информации оти Томовски извршил кривични дела во Турција, но се тврди дека Пекер престојувал во неговиот дом кога пред…