Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крај на владеењето на Нетанјаху: Опозицијата се договори да формира влада

0
By Sashko on June 3, 2021 СВЕТ
Фото: moneycontrol.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 3, 2021 09:39
Противниците на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постигнаа договор за формирање коалиција. Објавата на опозицискиот лидер Жаир Лапид и неговиот сега коалициски партнер Нафтали Бенет следеше неколку моменти пред полноќ по локално време, кога беше крајниот рок за формирање на коалицијата. Во објава на Твитер, Лапид наведе дека претседателот на Израел, Рувен Ривлин веќе е информиран.
– Оваа влада ќе работи за сите граѓани на Израел, оние кои гласаа за неа, но и оние кои не го сторија тоа. Ќе сториме сè за да го обединиме израелското општество, напиша Лапид.
Според постигнатиот договор, Лапид и Бенет ќе се менуваат на премиерската функција, така што и двајцата ќе станат „ротирачки премиери“. Бенет ќе ја извршува функцијата во првите две години, а потоа ќе ја преземе Лапид.
Историскиот договор ја вклучува и малата исламистичка партија – Обединета арапска листа, што ја прави прва арапска партија што некогаш била дел од владејачката коалиција во Израел.

Парламентот треба да го одобри договорот меѓу двајцата опозициски лидери, што се очекува следната недела. Доколку договорот биде одобрен, Лапид и Бенет официјално ќе стават крај на 12-годишното владеење на Бенјамин Нетанјаху, најдолго во историјата на земјата.

Израелските медиуми пренесуваат дека сегашниот премиер, од очај, ќе стори се што е можно за да се спречи формирање на новата влада.

Лапид е роден на 5 ноември во 1963 година во Тел Авив. Пред да влезе во политика во 2012 година со основањето на партијата „Има иднина“, тој се занимаваше со пишано и телевизиско новинарство, а исто така имаше и улога во израелскиот филм „Песната на сирената“. Покрај тоа, објави седум книги и го напиша сценариото за драмската серија „Воена соба“, што беше емитувано во Израел во 2004 година.

Бенет и Нетанјаху добро се познаваат. Тие се во контакт од 2006 година, кога Бенет беше соработник на тогашниот лидер на опозицијата, а подоцна беше дел од владата на Нетанјаху како министер за одбрана, потоа за образование и економија.

Конзервативната Ликуд на Нетанјаху освои најмногу пратенички места на изборите на 23 март, но тој не успеа да формира мнозинство со своите сојузници.
Бенјамин Нетанјаху Влада Договор Израел опозиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.