Author: Sashko

Секторот за внатрешни работи Тетово откри и времено одзеде три патнички возила поради сомнение дека учествувале во „диви” трки на автопатот Тетово – Скопје, во непосредна близина на Требошки натпатник, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Одземени се „БМВ” со странски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (27) од Гостивар, „сеат ибица” со тетовски ознаки што го управувал 28-годишниот А.Ш. од Скопје и „фолксваген голф” со  скопски ознаки, управувано од У.С. (21) од Тетово. Одземена е, исто така, и возачка дозвола од Л.А. (39) од Швајцарија, кој го управувал патничкото моторно возило „бмв”. По целосно расчистување на сите поединости околу случајот,…

Read More

Пожар во северниот дел на Калифорнија, во близина на границата со Орегон, принуди 2.000 жители да се евакуираат, соопштија локалните власти. Пожарот, кој избувна во петокот, изгоре голем број куќи и критична инфраструктура. Во најголемиот пожар во Калифорнија оваа година, во округот Сискију изгореа од 30.000 до 40.000 хектари шума и вегетација. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом прогласи вонредна состојба, што му овозможува поголема флексибилност во донесувањето на одлуки за одговор во итни случаи и пристап до федералната помош, но исто така ја отвора можноста за пожарникарите од другите делови на САД да помогнат во борбата против пожарите.

Read More

Актуелниот светски првак и лидер во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот, Холанѓанецот Макс Ферстапен (Ред Бул), победи во денешната трка за Големата награда на Унгарија што се возеше на патеката Хунгароринг. За Холанѓанецот ова е осма победа во 13-та трка во оваа сезона и вкупно 28 во неговата кариера. Второто место го освои Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес, додека третото место му припадна на неговиот сонародник и клупски колега Џорџ Расел. Во генералниот пласман води Ферстапен со 258 бодови, пред Леклер (178) и Перез (173). Следната трка во календарот на Формула 1 е на 28 август на патеката Спа…

Read More

Во близина на Дубровник попладнето избувна пожар, а во акцијата за гаснење учествуваат четири канадери. Јавната противпожарна служба на Дубровник соопшти дека пожарот избувнал над дубровничката населба Орашац и оти во гаснењето се ангажирани 29 пожарникари со десет возила, а хрватското Министерство за одбрана соопшти дека се ангажирани и четири канадери.

Read More

Сега сè е во наши раце и тоа е добро. Не зависиме од која било друга држава и мислам дека ако мудро, умно и одговорно се постави секој пратеник и секоја политичка партија, процесот на уставни измени ќе може да се направи до крајот на скринингот, смета вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Зборувајќи за уставните измени кои се клучни за продолжување на преговорите со Унијата, Маричиќ денеска во интервју за ТВ Телма рече дека времетраењето на скринингот, кој според него очекува да трае 16 месеци, дава доволно простор да се отвори дијалог со политичките партии и со пратениците за…

Read More

Еден од најбогатите украински бизнисмени, Олексеј Вадатурски загина во бомбардирањето на јужниот украински град Миколаев. Неговата сопруга Раиса, исто така, загинала кога ракета го погодила нивниот дом во текот на ноќта, јавуваат украинските медиуми, пренесува „Би-Би-Си“. Вадатурски беше сопственик на „Нибулон“, компанија за извоз на жито. Градоначалникот на Миколаев, Олександар Сенкевич, изјави дека тоа е еден од најбруталните напади врз градот. Николаев е на пат кон Одеса, главното пристаниште во Украина, и често е цел на напади.

Read More

Седумдесет и седум годишно лице било пронајдено удавено пред хотел на Охридското крајбрежје. Според СВР Охрид, случајот бил пријавен во полиција вчера околу 15:15 часот во полиција. „Во СВР Охрид е пријавено дека на плажа пред хотел на охридското крајбрежје, од водите на Охридското Езеро бил извлечен Р. М. (77) од селото Пласница, Македонски Брод. По извршена реанимација, од страна на Итна медицинска помош кај лицето била констатирана смрт, без траги на насилство“, изјави портпаролот Стефан Димоски. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на семејството.

Read More

Мислам дека никогаш не сме биле во покомплицирана и потешка ситуација за Косово од денес. Ги молам Албанците да се вразумат, а Србите да не реагираат на провокации, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста, јави дописникот на МИА од Белград. „Исто така, од претставниците на моќните земји барам да обрнат малку внимание на меѓународното право и реалноста на теренот и да не дозволат нивните штитеници да предизвикаат конфликт. Мислам дека на Западот не му одговара конфликт на Косово, молам и барам да се зачува мирот. Од синоќа имав многу разговори, особено со Лајчак. Ако мислат дека…

Read More

Владата и Министерството за финансии подготвуваат нови антикризни мерки за компаниите и за граѓаните и штом ќе бидат изготвени ќе бидат презентирани на јавноста, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, по посетата на Тетово. „Министерството за финансии и во моментот, на неработен ден, работи на дефинирање на конкретни мерки“, изјави Ковачевски. Потсети дека во веќе донесениот ребаланс на Буџетот се предвидени 76 милиони евра, како и дека веќе започна дијалогот со стопанските комори и компаниите за обезедување на електрична енергија. „И кога го конципиравме ребалансот на Буџетот, јасно кажавме дека се предвидени 76 милиони евра. Започнавме дијалог со стопанските комори во…

Read More

Преполни чаршии, кафулиња и рестораните, а се бара и кревет повеќе во хотелските и во кај приватните сместувачки капацитети. Слична е слика и на плажите. Охрид и Струга го живеат шпицот на туристичката сезона. Пред Илинденскиот викенд по традиција ги наполни двата езерски града. Бројните ноќни забави, фестивали, музичко-сценски перформанси во овој период од годината дополнитечно ги привлекуваат вниманието на многубројните домашни и странски туристи кои, покрај тоа, уживаат и во природните убавини, културните знаменитости и чистата езерска вода на охридско-струшката ривиера. Покрај домашните, најбројни се туристите од соседството, Холанѓани, Полјаци, Турци, итн. Но, јавната свест кај дел од нив…

Read More