Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Времето на чекање за влез во државата на граничниот премин „Табановце“ е околу еден час, на граничниот премин „Богородица“ за излез, исто така, се чека околу еден час, а на граничниот премин „Дојран“ се чека околу 30 минути за излез од Македонија. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, додаваат од АМСМ.
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Македонија. За време на неговата посета во Скопје се најавени средби со премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот Стево Пендаровски. Посетата на државава е дел од турнеја на Санчез низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. Кабинетот на шпанскиот премиер соопшти дека Санчез ќе ги охрабри сите балкански земји да ги спроведат неопходните реформи, што ќе им овозможи да го забрзаат приклучувањето во ЕУ и ќе им пренесе дека можат да сметаат на Мадрид за време…
Американскиот претседател Џо Бајден повторно е позитивен на коронавирусот, по нешто повеќе од три дена откако доби дозвола да излезе од изолација поради претходна инфекција, соопшти Белата куќа. Лекарот од Белата куќа, Кевин О’Конор рече дека Бајден е „симптоматичен и се чувствува прилично добро“. Во согласност со упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Бајден повторно ќе мора да биде во изолација најмалку пет дена. Според Центарот, повеќето случаи на враќање на инфекцијата остануваат благи и во тој период не се манифестираат тешки симптоми.
Ливерпул го совлада Манчестер сити на „Кинг пауер“ стадионот со 3:1 и го освои првиот трофеј во новта сезона или популарниот „Комјунити шилд“. Стрелци за „црвените“ беа Александер Арнолд во 21-та минута, Мо Салах од пенал во 83-та минута и Дарвин Нуњез во четвртата минута од екстра времето. Единствениот погодок за „граѓаните“ беше дело на Алварез во 70-та минута.
Министерството за внатрешни работи (МВР) ја известува јавноста дек центарот на Скопје во текот на утрешниот ден (недела, 31 јули) ќе биде под посебен сообраќен режим поради официјалната посета на премиерот на Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон на Македонија. Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците, каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Габриел Бајрам, син на покојниот пратеник Амди Бајрам и советникот во Град Скопје, и неговиот син, се таткото и синот од Скопје против кои Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка и кои се сомничат дека сториле кривично дело – Насилство од член 386, став 3, во врска со став 1, од Кривичниот законик, дознава НоваТВ. Судија на претходна постапка му определи мерка притвор од осум дена на Габриел Бајрам, додека неговиот син ќе биде под мерки на претпазливост. „Двајцата осомничени, на 28 јули, во угостителски објект на булеварот „Словенија“ во Скопје, додека биле на семејна роденденска прослава, извршиле грубо…
Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон се врати во клубот од „Олд Трафорд“ и ќе има советодавна улога, пренесуваат британските медиуми. Фергусон по девет години се враќа во клубот, во кој се прослави како тренер, прифаќајќи ја поканата од извршниот директор на „црвените ѓаволи“, Ричард Арнолд. Оперативецот на Манчестер јунајтед формирал тело во кое го повикал и прославениот челник на клубот Дејвид Гил, поранешниот капитен Брајан Робсон и актуелниот фудбалски директор Џон Муртау. Сите тие ќе имаат советодавна улога, а според британските медиуми, Фергусон ќе има најголемо влијание врз работата на клубот од 2013 година, кога се повлече во пензија и ја заврши…
По 18 години, претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на Илинден – Денот на Републиката, ќе предводи државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св.Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) на 2 август во 1944 година. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, по тој повод, претседателот Пендаровски оствари телефонски разговори со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и со поглаварот на Српската православна црква, патријархот г. г. Порфириј. Двајцата претседатели во разговорот се согласија дека релациите меѓу двете држави бележат одличен развој во повеќе области. Посетата на манастирот „Св. Прохор…
Kонсултациите со експертите и внатре во партијата за референдумското прашање „конвертираат“ кон она што го кажа и претседателот Стево Пендаровски. ВМРО-ДПМНЕ е за задолжителен референдум, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Многу блиску сме до таа содржина што тој ја кажа во јавноста и јас очекувам, доколку конвергира суштината на тоа референдумско прашање, Пендаровски да излезе јавно со став и да каже дека ќе излезе и дека ќе гласа заедно со своите соработници, нормално според своето убедување, дали треба да продолжиме под овие услови, под услови на диктат или под некакви други услови како што мисли ВМРО-ДПМНЕ и некои…
Од понеделник ќе настапи период на стабилно време. Утринските температури ќе бидат во интервал од 10 до 23 степени, додека дневните ќе бидат до 38 степени, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Времето утре ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Од утре до вторник ќе дува умерен до засилен северен ветар што ќе донесе и намалување на температурата на воздухот за некој степен.
Четири лица се повредени во експлозија на граната на стадион за крикет во Кабул за време на натпревар од домашното првенство, соопшти синоќа авганистанскиот Комитет за крикет (ACB). „За време на натпревар од Шпагеза лигата се случи експлозија, а четири цивили во публиката се ранети“, изјави извршниот директор на ACB, Насиб Кан. Истиот извор наведе дека персоналот и играчите биле на безбедно место во време на инцидентот. Крикетот е исклучително популарен спорт во Авганистан, а националната репрезентација и натаму постигнува добри резултати на меѓународната сцена и покрај ограничените ресурси и нестабилната состојба во државата.
Тенковите кои Македонија ги донира на Украина, всушност се купени од таму со македонски пари за време на кризата во 2001 година и не донација од Русија, како што пишуваат дел од медиумите, велат од ВМРО-Народна партија чиј лидер, Љупчо Георгиевски беше премиер во Владата во тоа време. „Сакаме да потенцираме дека Македонија не ги доби тенковите како донација од Русија, како што пишуваат некои медиуми, туку државата ги купи од Украина, што беше многу важна помош со оглед дека тогаш имаше неофицијално ембарго за продажба на оружје за Македонија. Сакаме да додадеме и нагласиме дека дека тенковите не се…