Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Ќе работам да ѝ помогнам на Северна Македонија да развие национална стратегија со која ефективно ќе се бара одговорност од корумпираните актери, рече Анџела Прајс Агелер, номинацијата на претседателот Џо Бајден за амбасадорка на САД во Скопје, на денешното сослушување во Сенатската комисија за надворешни работи. „САД и Северна Македонија имаат многу заеднички приоритети, вклучувајќи ги борбата против корупцијата, подобрување на владеењето на правото и зајакнување на доброто владеење. Доколку бидам потврдена, ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Северна Македонија да промовираат транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на…
Изјавата на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров дека расположението на македонскиот народ е спротивно на евроатлантскиот курс на владеачката елита е провокативна и дел е од политичка пропаганда, оцени македонскиот претседател Стево Пендаровскки во интервју за „Фокус“. „Русија се меша во нашите внатрешни работи и сите институции го знаат тоа. Последен пат со интензивно учество преку свои луѓе, свои политички субјекти, свои инсталации. Од соседството доаѓаат луѓе кои се руски агенти, односно луѓе на руската служба. Не можам јавно да обелоденам од каде точно доаѓаат, зашто тоа се сензитивни информации, меѓутоа Русите и преку тие, модерно речени хибридни закани,…
По 25-минутен прекин, Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) известува дека сообраќајот на граничниот премин „Меџитлија“ е нормализиран од 19:55 часот. Сообраќајот на граничниот премин „Меџитлија“ беше во прекин во двете насоки од 19:30 часот поради паднато дрво.
Македонија ѝ донира тенкови на Украина, потврдуваат од Министерството за одбрана и од македонската Армија. Станува збор за, како што велат, тенкови од третата генерација кои се некомптибилни и неконкурентни со оглед на развојот на технологијата. Бројот на македонски тенкови кои ќе завршат на фронтовите во Украина не е објавен од МО. Но, од таму информираат дека во наредниот период требало да се пристапи кон изложување на трошоци за нивно уништување, што е, како што нагласуваат, апсолутно нецелисходно за Армијата „Владата на Република Северна Македонија во неколку наврати, согласно донесените Одлуки, донираше воена опрема за Украина во согласност со нивните…
Копретседателот од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев вечерва изјави дека не чувствува преголем притисок од потпишаниот Протокол со Бугарија, истакнувајќи дека роковите ги поставуваат политичарите, додека Комисијата има своја рутина, правила и свои принципи. „Протоколот за Комисијата нема некое, би рекол, преголемо значење, бидејќи Комисијата и досега работеше оптимално, онака како што членовите на Комисијата сметаа дека треба да работиме. Протоколот е еден политички документ меѓу двете влади, македонската и бугарската, за тоа како гледаат на подобрување на меѓусебните односи. И нашата Комисија е еден сегмент во тие односи, комисија која функционира…
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека сообраќајот на граничниот премин „Меџитлија“ од 19:30 часот е во прекин во двете насоки поради паднато дрво. Во вонредниот извештај на АМСМ нема дополнителни информации.
Охрид попладнево беше под удар на краткотрајно, меѓутоа силно невреме кое предизвика материјални штети на неколку објекти. Под налет на силниот ветар е откорнат покрив на зграда, а како последица на тоа, како што пренесува ohridnews.com, се оштетени неколку автомобили и куќи. https://www.youtube.com/watch?v=OSc3sG_ydA0 Причинетите штети се сериозни, велат охриѓани. Улиците биле преполни со вода, а пријавени се оштетувања и на кабелски инсталации, столбови и дрвја.
Авионите се ставени во функција, како и воздухопловите на АРМ. Дополнително имаме два воздухоплова на МВР, кои до оваа година не можеа да бидат употребувани за гаснење на пожари, а сега се оспособени и со персонал и во овој момент се ставени на располагање, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Собранието, како одговор на пратеничко прашање. „Армијата има два воздухоплова кои се опремени за гаснење на пожари. Министерството за внатрешни работи до минатата година немаше таков капацитет, но сега преземавме мерки, извршена е набавка на опрема и извршена е обука на кадрите и имаме два воздухоплова кои…
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека вчер попладне во стан во Скопје било пронајдено бесживотно тело на 22-годишно момче. „На 27.07.2022 во 12 часот во СВР Скопје било пријавено дека Г.А.(22) од Скопје бил пронајден починат во својот дом. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, се наведува во соопштението на МВР. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото момче било предадено на обдукција.
По објавувањето на „Нечиста крв“, во Лекарската комора секојдневно пристигнуваат претставки од граѓани со лични искуства од лекувањата во приватната болница „Жан Митрев“, но и во други приватни и државни здравстени установи за кои бараат и ревизија на нивното работење. Во Министерството за здравство, во Лекарската комора, во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и во Агенцијата за лекови МАЛМЕД се формирани повеќе стручни комисии и работни тела и сите во рамките на своите надлежности ќе треба да изготват записници кои треба да ги достават до Министерството, а потоа тие да бидат доставени и до Владата. Засега е непознато до…
Заклучно со 28 јули 2022 година, во Грција се потврдени вкупно 32 случаја на мајмунски сипаници или 12 повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Сите потврдени случаи се кај мажи од 22 до 59 години, а 38 отсто, односно 12 од заразените, пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста. Од ЕОДИ соопштија дека пациентите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба. Додаваат дека во Европа, до 26 јули 2022 година, се регистрирани 13.043 случаи на мајмунски сипаници во 37 различни земји. Првиот случај во Грција…
Хрватската влада ги претстави насоките за штедење на енергија за исполнување на планот на Европската Унија (ЕУ) за заштеда на гас за 15 отсто во периодот од 1 август во 2022 година до 31 март во 2023 година. Поради европската осуда на руската агресија на Украина, Русија испорачува сè помалку гас. Краткорочните насоки за штедење на енергија се – греењето на становите да биде до 21 степен, ладењето во жешките периоди да биде до максимум 25 степени, да се употребуваат штедливи светилки, да се исклучуваат уредите што не се користат во моментот, да се вози велосипед и да се користи…