Author: Sashko

Анџелина Џоли ја доби правната битка против својот поранешен сопруг Бред Пит околу нивната заедничка винарија. Во јули 2021 година, Џоли поднела барање за укинување на привремената забрана за продажба на нивните заеднички средства. Поточно, таа сакала да го објави на продажба својот удел во винската компанија „Миравал Шато нувел“ (Miraval Chateau Nouvel) во Франција. Во септември лани, Пит ѝ дозволил на својата поранешна сопруга да го продаде својот удел, под услов тој лично да го одобри купувачот. Холивудскиот актер, потоа, ја тужеше Џоли, тврдејќи дека тајно продавала акции од винаријата на „Групацијата Столи“, компанија за алкохол која е контролирана…

Read More

Бензините од полноќ се намалуваат за еден денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 95,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 98 денари за литар, а дизелот по цена од 96 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 94,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,374 ден./кг. и ќе изнесува 52,840 ден./кг.

Read More

Германскиот деловен сектор има итна потреба од пофлексибилна иселеничка политика за ублажување на критичниот недостиг на работна сила, во спротивно ќе следува значително намалување на економската активност, предупреди Рајнер Дулгер, претседателот на германскиот сојуз на работодавачи, во изјава за агенцијата ДПА. „Недостигот на квалификувани работници е толку заканувачки, што веројатно ќе мора да го прифатиме економскиот просперитет во наредните 10 години“, вели Дулгер. Проценките се дека Германија има потреба од најмалку 500.000 нови квалификувани работници годишно за да може да продолжи да функционира како најголема и најсилна европска индустрија. Се предвидува дека германската работна сила ќе достигне врв до 2025…

Read More

Данската биотехнолошка компанија „Баваријан Нордик“ (БН) соопшти дека добила зелено светло од Европската комисија (ЕК) за продажба на нејзината вакцина Имванекс во борбата со мајмунските сипаници, согласно препораките на Европската агенција за лекови (ЕМА) од минатата недела. Ова доаѓа по еден ден од сериозното предупредување на Светската здравствена организација (СЗО) која го прогласи брзото ширење на мајмунските сипаници како вонредна глобална здравствена ситуација. Вакцината на БН е против големи сипаници и ЕМА во петокот го одобри за примена и превенција од мајмунски сипаници, откако тоа го сторија и САД и Канада. Данската компанија веќе снабди неколку членки на Европската унија…

Read More

Водата за пиење во Скопје е бактериолошки исправна и безбедна, се вели во неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење ЈП „Водовод и канализација – Скопје“. Анализите, како што е посочено во соопштението на компанијата, се спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој всушност е прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018. „Секторот за санитарна контрола во периодот од 18 јули до 22 јули зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите…

Read More

Шампионскиот појас на еден од најдобрите боксери на сите времиња, Мухамед Али од легендарната борба со Џорџ Форман од 1974 година во Заир е продаден на аукција за 6.18 милиони долари. Како што синоќа соопштија американските медиуми, најголем износ на аукцијата во Далас понудил сопственикот на НФЛ тимот Индијанаполис, Џим Арсеј, и шампионскиот појас на Али сега е во неговата лична колекција. Појасот ќе биде изложен на 2 август во Чикаго, а на 9 септември во Индијанаполис. Борбата меѓу Али и Форман од 30 октомври во 1974 година во Киншаса, наречена „Татнеж во џунглата“ (Rumble in the Jungle), е една од најпознатите…

Read More

Нигериската атлетичарка Тоби Амусан го освои златниот медал во трката на 100 метри со пречки на Светското првенство во Јуџин, САД и притоа постави нов светски рекорд во дисциплината. Амусан ја истрча патеката за рекордни 12,12 секунди. Со тоа Нигеријката со собори рекордот од 12,20 секунди, кој во мај 2016 година во Лондон го постави американската атлетичарка Кендра Харисон.

Read More

Пожарот кај село Ѓавото е ставен под контрола, но, како што информираа утринава од Центарот за управување со кризи (ЦУК), ситуацијата зависи од јачината на ветрот. „Надмината е опасноста која цела ноќ се закануваше на селото Ѓавото. Пожарот е концентриран на сртот на ридот на месноста викана Погана. Се дејствува на земја во содејство со хеликоптер од Армијата од воздух, кој досега има направено шест прелети“, информираа утрово од ЦУК. Оттаму додадоа дека во синоќешното невреме, проследено со град и со дожд, се поплавени објекти во Кочани. Територијалната противпожарна единица од Кочани од 21:45 часот интервенирала на повеќе локации, како…

Read More

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во текот на вчерашниот ден, во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територија на град Скопје, биле изречени 134 мерки, меѓу кои 68 за возење над дозволената брзина, осум за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци на мотоциклистите, итн.„Изречени се две мерки за користење мобилен телефон, 21 санкција за возење под дејство на алкохол, четири за нерегистрирани возила и други“, соопштуваат од МВР.Оттаму потенцираат дека ќе продолжат со засилените акциски контроли. „Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за…

Read More

Владина делегација, предводена од заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска и утре во Тирана ќе има интензивни работни средби за детална координација, со цел заедничко справување со кризата со недостаток на храна и струја, како и за ризиците од пожари во текот на летото. Освен вицепремиерот Битиќи, во владината делегација се и министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, заменик-министерот за финансии Филип Николоски, заменик-министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини, националните координатори за „Отворен Балкан“, Марјан Забрчанец и за регионална…

Read More

Владата на Мјанмар соопшти дека се изведени први егзекуции во земјата по пауза од 50 години, откако со бесење беа погубени поранешен пратеник на Националната лига за демократија, еден демократски активист и двајца мажи обвинети за насилство. Погубувањата се изведени и покрај молбите од сите страни во светот за нивно помилување. Активистите се погубени „во склад со законските процедури“ за насочување и организирање на „насиллни и нехумани соучеснички акти на терористички убиства“, пишува државниот лист „Мирор дејли“. Министерката за човекови права во владата на национално единство, Аунг Мио Мин ги отфрли обвинувањата дека погубените лица биле вмешани во насилство. „Казнување…

Read More

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер ги советуваше Украина и Западот да не и отстапуваат на Русија ниту еден дел од украинска територија, окупирана од почетокот на војната, во идните мировни преговори. Кисинџер, во изјавата за германската државна телевизија „ЗДФ“, нагласи дека отстапувањето територија не смее да биде на преговарачка маса и го повика Западот, независно од околностите, да биде јасен по однос тоа за што може и за што не може да се разговара. „Сето тоа мора да се направи заедно со Украинците“, нагласи поранешниот државен секретар. Кисинџер, пет месеци од почетокот на руската инвазија врз Украина. Кисинџер одигра…

Read More