Author: Sashko

Советот на Европската Унија (ЕУ) донесе одлука за отпочнување на пристапните преговори со Скопје и со Тирана, објави чешкиот премиер, Петр Фиала на Твитер чија земја го презема претседателството со институцијата од Франција до крајот на годината. Патем информира дека се усвоени и преговарачките рамки за Северна Македонија и за Албанија. Според него, тоа е ова важен чекор во приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ. „Ова е голем успех за нашето претседателството“, додава Фиала. Чешкиот премиер рече дека утре ќе се сретне со лидерите на двете земји во Брисел за да разговараат за наредните фази во процесот на преговори за…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски ќе ја предводи официјалната владина делегација во Брисел која утре, во Советот на Европската Унија (ЕУ), ќе учествува на првата меѓувладина конференција. Како што соопштија од владината прес-служба, „оваа меѓувладина конференција е од историско значење за Северна Македонија“, бидејќи со неа се означува отпочнувањето на преговорите за полноправно членство на земјата во ЕУ. Според агендата, за утрешниот ден е предвидено премиерот Ковачевски, заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама да имаат средба со претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.Во рамки на историската посета на Брисел, за утре е најавено и започнување на скринингот за…

Read More

Ентони Фаучи, главниот советник за здравство на претседателот на САД, во интервју за „Политико“ изјави дека планира да даде оставка до крајот на актуелниот мандат на Џо Бајден. Во интервјуто објавено денеска, Фаучи изрази надеж дека политизацијата на ковид-19 е дел од минатото. Во 2020 и 2021 година тој беше постојано критикуван од некои републиканци, меѓу кои имаше отпор кон спроведувањето на ограничувањата околу пандемијата и вакцинацијата, а дадени по препораки на федералните здравствени официјални лица во Вашингтон. Фаучи е на возраст од 81 година. Во федерална служба е повеќе од 50 години, и има работено за седум претседатели. Тој…

Read More

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната прес-конференција презентираше детали за одлуката на Загреб да не му дозволи приватна посета на Јасеновац. Како што изјави, трипати е испратено барање да го посети Јасеновац и секој пат бил одбиен од бесмислена причина, јави дописникот на МИА од Белград. „Првпат информацијата за забраната за моето одење во Јасеновац, случајно или не во српските медиуми не се појавува. Информацијата за моето неодење во Јасеновац ја објавува „Јутарњи лист“ во 7:20 часот. Зошто се случува ова? – Затоа што мислеа дека ќе излеземе во јавност, но ние мислевме тивко да им предадеме нота на…

Read More

Крушево летово е домаќин на неколку културни и музички настани, но и на натпревари во летање со параглајдер. Токму од камерата на еден параглајдерист може да се ужива во неверојтната глетка на градот и околината на височина од неколку стотици метри. Крушевчани секојдневно имаат можност да ги следат летовите на стотици параглајдеристи од целиот свет на небото над градот. И истовремено се горди од општо познатиот факт дека нивниот град ги има едни од најдобрите терени во Европа за полетување.

Read More

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган повторно се закани дека ќе го блокира пристапот на Шведска и на Финска во НАТО, доколку Стокхолм и Хелсинки не ги исполнат барањата на Анкара. „Турција ќе го замрзне процесот за членство на Шведска и на Финска во НАТО, доколку тие две земји не го одржат ветувањето за антитерористички акции што го дадоа минатиот месец. Шведска досега не остава добар впечаток, истакна Ердоган. Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО, откако Русија ја нападна Украина, но Турција веднаш се спротивстави на идејата и ги обвини двете нордиски земји дека поддржуваат групите кои…

Read More

Попладнево изби голем пожар во Далмација, во близина на местото Радошиќ, но станбените објекти, според хрватските медиуми, не се загрозени. Под оган се растенија во ридско подрачје, а на терен се излезени 40-тина пожарникари со 14 возила, пренесува порталот индекс.хр, пренесува „Далмација данас“. Во гаснењето на пожарот се ангажирани и три авиони – еден Канадер ЦЛ-415 и два Ертрактора АТ-802.

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за германскиот весник „Франкфуртер рундшау“, меѓу другото, се задржа и на евроинтегративниот процес, при што однесувањето на Бугарија кон Северна Македонија го нарече срам. „Начинот на кој Бугарија се однесуваше кон Северна Македонија беше срам. Софија повеќе нè подели отколку што нè обедини. Се надевам дека тоа ќе се промени сега, изјавил Рама, јави АБЦ њуз. Тој за отворањето на преговорите со ЕУ нагласува дека „нашето трпение е неисцрпно на оваа тема, бидејќи немаме друг избор. Навикнати сме на тоа“. Албанските медиуми посветуваат посебен простор за почетокот на преговорите и на Северна Македонија, што…

Read More

Московски суд денеска ја казни компанијата „Гугл“ со повеќе од 374 милиони долари поради „системски пропуст да отстрани забранети информации“. „Роскомнадзор“, руската Федерална служба за надзор во областа на комуникациите, информатичките технологии и медиумите, испрати 17 барања до „Гугл“ да отстрани содржини за конфликтите во Украина од Јутјуб кои Москва ги смета за невистинити. „Гугл“ постојано одбиваше да ги отстрани тие информации. На крајот на декември 2021 година, Русија веќе го казни „Гугл“ со 98,4 милиони долари.

Read More

Патнички авион денеска се урна при слетување на аеродромот во главниот град на Сомалија, Могадишу, а сите 30 патници се спасени. https://www.youtube.com/watch?v=8_hDgKOuqDw На видео-снимките од местото на несреќата се гледа авион во пламен, од кој се издига црн чад. Најверојатно авионот се превртил при слетувањето. Авионот сообраќал од сомалискиот град Бајдоа до Могадишу.

Read More

Четири лица загинаа откако два авиона денеска се судрија во близина на аеродромот „Норт Лас Вегас“. Авионот од типот „Пајпер ПА-46“ се подготвувал за слетување кога се судрил со „Цесна 172“. Авионот „Пајпер“ паднал во поле крај пистата, додека леталото „Цесна“ паднало во блиското езеро. Во тек е истрага за причините за несреќата.

Read More

Македонскиот фудбал денеска е завиен во црно по трагичната вест за смртта на поранешниот фудбалер на Силекс, на Металург, на Беласица и на Кожув, Ѓорѓе Џонов (30) кој почина по долгата борба со рак на белите дробови. Џонов (30) се бореше со ракот на белите дробови, а македонската јавност пред две години се мобилизираше за собирање на неопходните 100.000 евра за негово лекување во Турција. Џонов во текот на кариерата играше за неколку македонски тимови, а последен му беше гевгелиски Кожув.

Read More