Author: Sashko

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека во текот на денешниот ден продолжија активностите на грчките служби во потрагата по исчезнатиот македонски државјанин во Грција. Последните информации од грчките службите се дека потрагата ќе продолжи утре наутро, штом условите ќе го дозволат тоа, соопшти МНР. Во потрагата се вклучени грчката крајбрежна стража и бројни локални волонтери. Во текот на вечерните часови, во Грција пристигна и мајката на исчезнатиот граѓанин М.Ј., пречекана од генералниот конзул во Солун, кој продолжува одблиску да комуницира со грчките надлежни авторитети и на располагање е за секаква потребна асистенција. Претходно денеска МНР соопшти дека здравствената состојба…

Read More

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ денеска нареди откажување на десетици летови со кои во последен момент требаше да бидат превезени околу 10.000 патници. Откажани се вкупно 61 лет, бидејќи на аеродромот во западен Лондон велт дека не се во состојба да примат толкав обем на луѓе. Од авиокомпаниите е побарано да не префрлуваат патници на алтернативни летови закажани за понеделник. Дефект во системот за багаж на терминалот 3 доведе до ситуација стотици куфери да не бидат испорачани во деновите од викендот.  Од „Хитроу“ се извинија на „сите оштетени патници“, но додаде дека најголем дел од нив биле добро опслужени. Патниците немаат право…

Read More

Во Скопје во моментов повторно се одржува протест против модифицираниот француски предлог за деблокирање на процесот на преговори на Македонија со Европската унија. Протестот, кој е осми по ред и се одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, како што е вообичаено почна пред Владата во 19 часот од каде демонстрантите се упатија кон Собранието, минувајќи покрај Министерството за правда. Демонстрантите веќе 20-тина минути се пред законодавниот дом и засега протестот се одвива во мирна атмосфера. Учесниците на протестот извикуваат пароли како „оставки“ и „никогаш Северна само Македонија“. На протестот досега се обратија двајца говорници кои го изнесоа своето мислење…

Read More

Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка до Основното јавно обвинителство Скопје против А.Ф. (26) од Скопје, осомничен за сторени две кривични дела – „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ и „предизвикување општа опасност“. „На 5 јули 2022 околу 21 часот, за време одржување на ненајавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, А.Ф. заедно со веќе приведениот Ј.С., кој со кривичната пријава издржува и мерка притвор, започнал да подготвува „молотови коктели“ и да фрла со нив кон полициските службеници и кон објектот на Собранието на РСМ.…

Read More

Заврши првиот ден од собраниската расправа за ребалансот на Буџетот. Расправата продолжува утре напладне, а согласно Деловникот за работа, таа може да трае најмногу пет работни дена. За време на денешната расправа, власта и опозицијата ги спротиставија ставовите и додека за власта ребалансот е соодветен и навремен фискален одговор на тековните глобални случувања, за опозицијата земјава е банкротирана и со брз чекор се движи кон рецесија и сиромаштија. Министерот за финансии Фатмир Бесими од собраниската говорница порача дека со ребалансот на Буџетот се дава поддршка за повисоки пензии, повисоки плати, субвенции за поддржување на земјоделците и низа антикризни мерки. Во…

Read More

Словенечката Регулаторна агенција за енергетика го објави првото од четирите нивоа на рано предупредување за можни потешкотии во снабдувањето со природен гас, а Владата реагираше со низа препораки за можна заштеда на енергија, преку рационално регулирање на температурата во државната администрација и јавниот сектор. Министерот за инфраструктура Бојан Кумер, кој утре ќе го придружува премиерот Роберт Голоб на неговата посета на Берлин, каде енергетската ситуација во Европа ќе биде една од темите на разговор со германските домаќини, на прес-конференција во Љубљана рече дека прогласувањето на првото ниво на предупредување од страна на регулаторот, меѓу другото, е последица од прекините во…

Read More

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Oбвинителен предлог против две лица кои се товарат за кривично дело – телесна повреда. Осомничените мајка и син, при вршење семејно насилство телесно ја повредиле сопругата на обвинетиот, односно снаа на обвинетата. Како што информира Јавното обвинителство, за време на семејниот ручек на 19 март, мајката и синот ја обвиниле оштетената дека краде предмети од дома и ги носи кај својата мајка, по што физички ја нападнале. Ја удирале со закачалка и со тупаници и клоци, нанесувајќи и телесни повреди. Сестрата на обвинетиот успеала да ги оттргне, по што оштетената се заклучила…

Read More

Две лица се повредени во железничка несреќа што се случила попладнево кај кумановското село Романовце, информираа oд СВР Куманово и од општата болница. „Несреќата била пријавена во полиција во 12:48 часот и во неа учествувале воз и патничко моторно возило“, соопшти СВР Куманово. Директорката на болницата Снежана Захариева информираше дека двајца пациенти биле примени во болницата и по пружената помош се префрлени на скопските клиники. Двете лица, според неа, се наоѓаат во стабилна состојба.

Read More

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе воведе автобуска линија Радуша – Сарај по барање на жителите од тие две места, најави денеска директорот на ЈСП Скопје, Александар Стојковски на седницата на Советот на Град Скопје за советнички прашања. Оваа линија се воведува по анализа на ЈСП Скопје која е во завршна фаза и се очекува значително да ја подобри поврзаноста на населбата Радуша со Сарај, а жителите од Радуша ќе имаат редовен превоз. „Директорот Стојковски на денешната седница истакна дека нема доцнење на редовните автобуски линии за општина Сарај и дека станува збор за  редовна пракса на возење по летен возен ред…

Read More

Актуелни, но и поранешни светски лидери со осуда за денешниот атентат врз екс премиерот на Јапонија, Шинзо Абе кој им подлегна на повредите во болницата во Медицинскиот центар во Нара. Веста за атентатот и смртта на Абе е шокантна за генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Моите мисли се со него и со неговото семејство. НАТО стои со народот на нашиот близок партнер, Јапонија“, нагласи Столтенберг. Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен посака Абе да остане силен. Според претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Абе е „вистински пријател и бестрашен бранител на мултилатералниот поредок и демократските вредности“. Тој…

Read More

Низ социјалните мрежи се вртат видео снимките од моментот на атентатот врз поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе. Од нив се гледа дека тој бил кукавички застрелан од зад грб, додека држел говор на предизборен митинг во градот Нара, во западна Јапонија. https://www.youtube.com/watch?v=xAqW2Gigjuw&t=2s Атентатот се случи денеска во 11:30 часот по локално време. Екс премиерот на Јапонија беше итно префрлен во болницата на Медицинскиот центар во Нара и хоспитализиран без знаци на живот. https://www.youtube.com/watch?v=0OL4d2KQxd0&t=49s И покрај напорите на лекарите, Абе подоцна им подлегна на повредите. https://novatv.mk/pochina-shinzo-abe/ https://novatv.mk/koj-beshe-shinzo-abe/ https://novatv.mk/atentat-vrz-eks-premierot-na-japonija-shinzo-abe-vo-kritichna-sostojba/

Read More

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини и некогашниот прв човек на ФИФА, Сеп Блатер денеска се ослободени од обвинувањата за корупција по пресудата на Федералниот криминален суд во Белинцона, Швајцарија. Тужителите го обвинија Блатер дека противправно и овозможил на ФИФА да му плати два милиона швајцарски франци на Платини во 2011 година. Швајцарецот, кој цели 17 години беше на чело на ФИФА, тврдеше дека тоа бил џентлменски договор меѓу него и Платини и дека Французинот ги добил парите за консултантски услуги од 1998 година. Платини и Блатер во 2015 година беа исфрлени од фудбалот на осум години, но казната подоцна…

Read More