Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Почина Шинзо Абе. Поранешниот премиер на Јапонија им подлегна на повредите во болницата во Медицинскиот центар во Нара. Тој, денеска во 11:30 часот по локално време, беше застрелан за време на предизборен митинг во западниот јапонски град. Информација ја објави јапонската агенција НХК која се повика на извори од Либерално демократската партија.
Германија се соочува со масовни нарачки на вградени камини и печки на дрва, тврди Централното здружение на санитарија, греење и климатизација (ЗВСХК). Германците стравуваат од можен недостиг на гас, додека струјата сè повеќе поскапува, па бараат алтернативни извори на греење. Побарувачката нагло порасна поради вртоглавите цени на електричната енергија, испораките на гас доцнат ширум Европа поради нарушување на синџирите за снабдување, а со недостигот на суровини што следеше, прашање е колку Германија ќе може да ги снабдува купувачите. „Во Германија има 2.000 компании за производство на печки. Интересот за јаглен, огрев и печки е сè поголем, како и редици што…
Кои нови форми ги создадовме? – Коморски сенат, Клуб 100, Совет за напредни технологии, Совет за унапредување на индустриското производство и извозот, Совет за унапредување на квалитетот на високото образование и стратешките истражувања, Совет за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките, Советот на странски инвеститори, Македонската асоцијација на рударството, Македонската енергетска асоцијација, Судот на честа, Тим 40… За сите нив ќе прочитате во Монографијата по повод 100-годишниот коморски јубилеј, се вели во соопштението на Стопанската Комора на Северна Македонија. Во Монографијата ќе прочитате и за сите незаборавни моменти од работата на Стопанската комора на Северна Македонија, вклучувајќи ги нејзините…
Властите на Федерацијата Босна и Херцеговина и дефинитивно забранија изградба на мали хидроцентрали во земјата, одговарајќи позитивно на барањата на граѓаните со години наназад. Горниот дом на парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина ги прифати измените на Законот за електрична енергија, со кои не се дозволува изградба на нови мали хидроцентрали со моќност до десет мегавати. „Оваа историска одлука е резултат на притисокот и десетгодишната борба на активистите во бројни локални заедници кои решително се спротивставија на изградбата на екоцидни мали хидроцентрали“, изјавија претставници на Фондацијата „Ателје за социјални промени“. Еколошките активисти предупредија дека малите хидроцентрали произведуваат само 2,54 отсто…
Осумдневен притвор за три лица кои се поврзани со протестите на 5 јули пред Собранието и на 6 јули кај плоштадот „Скендербег“ определи судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. „Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување на мерка притвор против три лица, поврзани со настаните од 5 јули пред Собранитето и на 6 јули кај плоштадот „Скендербег“, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по произнесување на осомничените во присуство на бранител, донесе решенија со кои го прифати предлогот на обвинителот и на трите лица им определи мерка притвор во траење од осум…
Предлог-преговарачката рамка на француското претседателство, за деблокада на евроинтегративниот процес на Македонија со Европската Унија, е проследена во законодавниот дом на разгледување и носење на натамошни заклучоци согласно со процедурите. Таква одлука беше донесена во Владата, но седница сè уште не е закажана. Активностите на граѓаните кои протестираа против францускиот предлог во изминатите шест дена, продолжуваат и денеска, меѓутоа со блокади низ државата во периодот од 13 до 14 часот во Скопје пред Владата, како и на магистралните патишта Велес – Штип, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп. Нов протест е најавен за в недела во 19 часот. „Отворањето…
Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе е застрелан додека држел говор за време на предизборна кампања во градот Нара. Кон него биле испукани два куршума од кои едниот го погодил во грб. Абе е веднаш префрлен во болница, без знаци на живот. Напаѓачот е идентификуван и уапсен. Станува збор за 41-годишниот Тацуја Јамагами од Нара, кој е поранешен припадник на јапонската морнарица. Според неофицијални информации, атентатот е извршен со рачно изработен пиштол. Абе беше премиер на Јапонија во 2006 година, а потоа и од декември 2012 година до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми.
Бројот на позитивни случаи во период од една недела е зголемен за околу 65 проценти, но Комисијата за заразни болести (КЗБ) засега без препорака за нови мерки. Остануваат да важат актуелните кои се однесуваат на задолжително носење на маска во јавниот превоз, во здравствените домови, во аптеките, во домовите за стари лица, како и во домовите за лица со попреченост. Портпаролот на КЗБ, доктор Злате Мехмедовиќ вчера истакна дека за носење на нови мерки е потребно да се следат и други параметри, како што се болничките капацитети и бројот на починати од дневните ковид статистики. „Комисијата за заразни болести во…
Во текот на денот ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен. Процесите локално ќе бидат во форма на невреме, со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 литри на метар квадратен), град и силен ветар (над 60 км./ч.). Утринските температури ќе бидат во интервал од 11 до 21 степен, а дневните ќе достигнат до 31 степен. УВ-индексот ќе биде 6. Во Скопје, во попладневните и во вечерните часови, ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни, проследени со грмежи…
Хрватската полиција утрово го приведе поранешниот потпретседател на Владата и министер за земјоделство Томислав Толушиќ, по налог на Канцеларијата на европското обвинителство во Загреб. Според полицијата, тој е уапсен поради основано сомневање дека е сторител на кривични дела од областа на стопански криминал – измами при субвенции, злоупотреба на службена положба и поттикнување на злоупотреба на службена положба. Со криминалистичка истрага, покрај Толушиќ, е опфатено уште едно лицe вработено во Министерството за земјоделство. Против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава до Канцеларијата на европското обвинителство во Хрватска. Толушиќ е еден од добитниците на „винска етикета“, односно државна субвенција за инвестиции…
Британската влада е на стаклени нозе, премиерот Борис Џонсон одбива да поднесе оставка, а бројот на лица кои ги смени во последните 48 часа се доближи до 50. Последен во низата е министерот за станбено згрижување, изградба и заедници, Мајкл Гав кој го повика Џонсон да се повлече од функцијата, пренесува „Би-Би-Си“. Џонсон, и покрај сè побројните притисоци, не сака да поднесе оставка и верува дека и натаму може да ја води владата, Конзервативната партијата и земјата, иако неговата влада во изминатите два дена, на различни нивоа, ја напуштија, речиси, 50 министри и заменици кои истовремено се членови на Застапничкиот…
Неприфатливо е користење на насилство и поттикнување на насилство во политички цели. Настанот кој се случи вчера во Скопје не смее да се повтори бидејќи нема ништо позначајно од мирот и безбедноста на сите граѓани, порачува претседателот Стево Пендаровски во врска со случувања околу протестите против францускиот предлог за деблокада на евроинтеграциските процеси на Македонија. „Упатувам апел до сите организатори на протестите, кои овие денови се одвиваат во Северна Македонија, да преземат одговорност и нивното демократско право да протестираат да продолжат да го практикуваат достоинствено и без насилство. Истовремено најостро го осудувам носењето и користењето на огнено оружје од цивили…