Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Вооружен маж синоќа уби две и рани уште четири лица во областа Далас-Форт Ворт во Тексас, од кои тројца полицајци и потоа си го одзеде животот, соопшти полицијата во Тексас. Портпаролот на полицијата во Халтом Сити, Мет Спилен, потврди дека сите ранети во престрелката се здобиле со повреди кои не се опасни по живот и се очекува нивно успешно закрепнување, пренесуваат американските медиуми. Едниот полицаец бил застрелан во двете нозе, а другите двајца во рака, додека осомничениот починал од прострелна рана што самиот си ја нанел. Портпаролот Спилен рече дека тексашки ренџери, елитни полициски сили во државата, ќе ја преземат…
Пронајдено е телото на 14-годишното момче кое вчера се удави во Беровско Езеро. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, која информира дека нуркачите го извадија телото на момчето од Беровско Езеро утрово во 8:50 часот. Телото, како што додаде портпаролката, е предадено на обдукција во судска медицина во Скопје.
Дел од новото пристаниште Порто Романо во Драч ќе биде база на НАТО, рече албанскиот премиер Еди Рама по враќањето од Самитот на Алијансата во Мадрид. Порто Романо е планирано да биде најголемо трговско пристаниште на Јадранот, но, според најавите на Рама, ќе има и воен дел. „Наскоро се враќаме во Брисел да ги продолжиме преговорите за нашиот предлог кој се однесува на воспоставување на поморска база на НАТО во новото пристаниште во Драч“, изјави Рама, пренесуваат албанските медиуми. Тој додаде дека изградбата на воената база ќе биде кофинансирана од Албанија и од НАТО. Доколку биде изградена, таа нема да…
Големи области на најголемиот австралиски град Сиднеј се под вода како последица на обилните врнежи од дожд кои предизвика сериозни поплави во пониските подрачја. Државната служба за вонредни ситуации на Нов Јужен Велс ги советуваше жителите на неколку области да се евакуираат, предупредувајќи ги дека врнежите нема да престанат до понеделник. https://www.youtube.com/watch?v=a4CRC_LKQ74 Нивото на водата во некои подрачја достигна до еден и пол метар. Медиумите наведуваат дека во некои области на Сиднеј наврнало четири пати повеќе дожд од просекот за цел јули. Австралиското биро за метеорологија предупреди дека нивоата на водата во регионот би можеле на пораснат барем онолку, колку…
Телата на трите деца и нивната мајка по кои се трагаше во изминатите денови се пронајдени во езеро во американската сојузна држава Минесота. Американските медиуми потсетуваат дека вчера најпрво беше пријавено дека во езерото се пронајдени тела на две од трите деца, кои исчезнаа заедно со нивната мајка претходниот ден. „Властите веруваат дека децата намерно се удавени“, пренесуваат американските медиуми. Таткото на децата бил пронајден мртов во приколка во градот Мејплвуд, во близина на Минеаполис, а полицијата утврдила дека заедно со децата исчезнала и нивната мајка. „Нема ништо потрагично од загубата на мали деца“, изјави шерифот на округот Ремзи, Боб…
Kaj место викано „Клисура“, на автопатот А1 во близина на Демир Капија, синоќа околу 19 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ ги лишиле од слобода од С.Р. (22) од село Брест, општина Чучер Сандево и Е.Ј. (25) од село Арачиново. При преглед во возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал С.Р., а сопатник бил Е.Ј., биле пронајдени 14 лица-мигранти, по шест лица од Сирија и Пакистан и две лица од Авганистан. „Возилото не застанало на знак за запирање од полициски службеници, а кога, конечно, било запрено возачот, совозачот и мигрантите се обиделе да избегаат,…
Поранешната пратеничка на СДСМ и претседателка на Комисијата за заштита од дискриминација, Весна Бендевска и Весна Јаневска, претседателка на Комисијата за образовние и наука на ВМРО-ДПМНЕ, се сретнаа на синоќешниот протест пред Владата против францускиот предлог за деблокирање на евроинтеграцискиот процес на Македонија. Бендевска, преку социјалните мрежи во пресрет на протестот, порача дека ќе излезе пред Владата во знак на незадоволство од ситуацијата што ја опиша како „лакрдија која го повредува нејзиното лично граѓанско право на самосвест за национална припадност, посебност, мајчин јазик и историја на нејзиниот народ со која се гордее“.
Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во земјава на граничниот премин „Табановце“ е околу 20-30 минути, а за излез на „Богородица“ се чека меѓу 15 и 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Времето претпладне ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а локално ќе има услови за појава на невреме со град. Утринските температура ќе биде во интервал од 12 до 21 степен, а дневните ќе достигнат до 37 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен североисточен ветар. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринските температури ќе бидат до 20-от степен, а дневните ќе се…
Претседателот Стево Пендаровски за денеска напладне свика состанок на Советот за безбедност на кој ќе се разгледува модифицираниот предлог на француското претседателство за почеток на пристапните преговори за членство на Македонија во Европската Унија. На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски, односно Христијан Мицкоски денеска во 15 часот ќе имаат средба во Клубот на пратеници за францускиот предлог за отстранување на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија (ЕУ). „Во рамки на широкиот консултативен процес, кој започна да се реализира веднаш по добивањето на европскиот предлог, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во текот на утрешниот ден ќе одржи средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Оваа средба е дел од низата планирани консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација…
Турскиот кошаркарски репрезентативец и член на НБА екипата Кливленд кавалирс, Џеди Осман, во неговиот роден Охрид, се ожени со познатата турска актерка Ебру Шахин. Свадбената церемонија се одржа на брод, закотвен на охридското пристаниште по што веселбата продолжи во еден од локалните ресторани. Изборот на гардероба на Осман за свадбената веселба беше беж костум, бела кошула, во комбинација со бели патики. Невестата Ебру, пак, се одлучи за интересна бела креација и бел шешир како детал и бели сандали од модниот бренд „Версаче“. https://www.youtube.com/watch?v=Zl848ol8GR8&feature=emb_imp_woyt Гости на свадбената веселба на познатата двојка беа членови на најтесните семејства и најблиски пријатели на младите кои,…