Author: Sashko

На историските прашања и оспорувањата за јазикот не им е место во Преговарачката рамка, оценува македонскиот претседател Стево Пендаровски, нагласувајќи дека таа не може да се усвои без наше „да“. Во врска со предлогот на француското претседателство, Пендаровски рече дека ние досега „немаме видено пишан документ“. Во однос на Преговарачката рамка, шефот на државата во синоќешното интервју за ТВ24 нагласи дека граѓаните не треба да стравуваат, оти нешто ќе ни биде наметнато со сила. „Да нема страв ниту еден граѓанин во државата. Не може да се изгласа Преговарачката рамка, ако ние не кажеме да. Со сила преговори под вакви услови…

Read More

Неизвесноста за Македонија е пресликана и во нацрт заклучоците од Самитот на Европската Унија (ЕУ) што ќе се одржи на 23 и 24 јуни, бидејќи точката за земјава засега останува празна, јави дописничката на МИА од Брисел. Заклучоците од Самитот за проширувањето на ЕУ, сега преименувани во „Поширока Европа“, првично се занимаваат со идеите за „нова платформа“ за вклучување на сите земји на европскиот континент и продолжување на предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за Европска политичка заедница. Тука е споменат и Западниот Балкан, земјите од Источното партнерство и сите држави партнери на ЕУ. „Целта е да се поттикне политички…

Read More

Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се регистрирани 91 случај на ковид-19 од 1.067 тестови од кои 23 се реинфекции. Најголем број од 91 нов случај се регистрирани во Скопје – 65, потоа во Куманово – осум, во Битола – шест, во Охрид – четири, во Прилеп и во Кавадарци – по двајца, во Тетово, во Велес, во Гостивар и во Штип – по еден. Регистрирани сe 67 оздравени пациенти од Скопје – 54, од Битола – осум, од Прилеп, од Кавадарци, од Тетово, од Гостивар и од…

Read More

Ракетите „Сармат“ ќе бидат дел од арсеналот на руската армија до крајот на оваа година, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин. „Извршено е успешно тестирање на тешката интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“. Планирано е првиот комплекс да биде ставен во употреба во армијата до крајот на годината“, рече Путин за време на говорот пред кадетите од воените средни училишта во Кремљ. Според карактеристиките, дометот и брзината на летот, ракетата „Сармат“ нема пандан во светот. Може да напаѓа цели преку Северниот и Јужниот Пол, совладувајќи ги системите за ракетна одбрана, а исто така може да погоди цели насекаде во светот, тврдат руски…

Read More

Гледајќи ги светилиштата во охридско-струшкиот регион, сфативме дека на луѓето тука најважно им било да ја чуваат својата православна христијанска вера, но не само да ја чуваат, туку и да живеат со православната вера, по евангелието, истакна денеска патријархот српски Порфириј по посетата на храмот „Св. Богородица – Перивлепта“ и Галеријата на икони во Охрид. Тој нагласи дека при посетата на Струга и Охрид имале можност да се поклонат на православните христијански светилишта и да видат што „православните христијани пред многу векови го сметале најважно во својот живот“. „И ништо друго да немаме, туку тоа искуство кога посетуваме вакви светилишта…

Read More

Предложив Албанец за премиер, но бев одбиен, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за албанската ТВ Сири, кој го образложи тоа со желбата на ДУИ и на СДСМ, да имаат ексклузивитет кај Албанците. „На прес-конференција предложив Африм Гаши да биде премиер, но ДУИ и СДСМ го одбијат таквиот мој предлог. Главното прашање не е дали ќе го прифатиме ние или не, но зошто социјалдемократите го отфрлија мојот предлог? – Можеби зошто Африм Гаши не е дел од ДУИ и дека според Али Ахмети и другите експоненти, ДУИ го има правото да ги приватизира интересите на Албанците во земјата. Би било…

Read More

Словенија вчеравечер испрати 35 борбени пешадиски возила од југословенско производство БВП М-80 на Украина кои од 1991 година се наоѓаат во вооружувањето на словенечката војска. Пратката доцна ноќеска ја мина словенечката граница и се упати кон Полска од каде ќе бидат доставени на украинската војска на западот на земјата и од таму ќе бидат распоредени на линиите на фронтот. Според пишувањата на медиумите во Словенија, пешадиските возила брзо ќе бидат распоредени на источниот фронт. Словенија, во знак на благодарност, ќе добие ваучер од САД за купување на вооружување во вредност која е поголема од вредноста на донацијата. Возилата М-80А беа…

Read More

Единаесет протести, заедно со дебатите и гласањето недоверба на владата, се очекува да има само во Софија. Од една страна пред парламентот ќе се протестира за поддршка на кабинетот на Петков, а од друга против, пренесува БГНЕС. Протестите ќе траат три дена – од денеска (21 јуни) кога ќе се почнат дебатите во пленарната сала, до четврток (23 јуни) кога најверојатно ќе се гласа. Од Општина Софија, каде демонстрантите, според барањата на Законот за собири и демонстрации, мора да се изјаснат за намерата за протест, велат дека пет од барањата се доставени од здруженија и политички партии. Тоа се движењето…

Read More

Премиерот Кирил Петков при влегувањето во Народното собрание на Бугарија изјави дека е оптимист за опстанокот на владата која ја предводи, а чија судбина денеска се разгледува, јави дописникот на МИА од Софија. Оптимизмот, како што вели, го темели на енергијата што ја гледа во и од луѓето кои ја поддржуваат бугарската влада, но одби да коментира повеќе детали пред денешната расправа за барањата на опозицијата за гласање недоверба на Владата. За да опстане владата на Кирил Петков мора да има 121 глас од вкупно 240 во бугарскиот парламент. Расправите ќе се водат денеска во Народното собрание, а гласањето треба…

Read More

Денеска во Велика Британија започна најголемиот штрајк на железницата во последните 30 години. Десетици илјади работници ги напуштија своите работни места поради незадоволство од платите, работните услови и работните места. Штрајк се смета како можен почеток на натамошни акции во индустријата, но и во целата економија во наредните месеци. Штрајкот започна рано наутро и се очекува да учествуваат над 40.000 работници кои, како што е најавено, се очекува да штрајкуваат денеска, во четврток и во сабота, што ќе доведе до застој на железничката мрежа. Поради штрајкот затворено е лондонското метро. Премиерот Борис Џонсон, кој е под притисок да стори што…

Read More

Јарослав Качински, лидерот на полската владејачка партија „Право и правда“, поднесе оставка на својата должност како потпретседател на Владата, јави денеска полската новинска агенција ПАП. „Во овој момент веќе не сум член на Владата. Поднесов оставка до премиерот и тој ја одобри, а колку што ми е познато, ја потпишал и претседателот“, изјави Качински. Качински беше и шеф на владиниот одбор за национална безбедност и одбрана. Според Качински, тој ќе биде заменет со министерот за одбрана Мариуш Блашчак. Качински веќе најави дека посакува да даде оставка на функцијата во Владата, со цел да им се посвети на подготовките на својата…

Read More

Домот на бугарскиот премиер Кирил Петков од утрово е под блокада на приврзаници на ВМРО. Целта на блокадата, како што велат, е да го спречат Петков да оди на работа. „Причината поради која што сме тука е бидејќи сакаме да слушнеме од премиерот одговори на прашања кои мислиме дека се важни во однос на двојната надворешна политика кон Северна Македонија“, рече Џамбаски кој патем јавно го праша Петков кога планира да поднесе оставка.   „Сакам што било како предлог да биде разгледано на отворена седница и да се запознае бугарското општество. Во моментов, сепак, гледам одложување на Комисијата за надворешни работи. Во предлогот…

Read More