Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Сашка Цветковска
Повеќе од шест часа обвинителката Стефанова молчеше и постави само едно или две прашања. На адвокатите на одбраната не им беа дозволени прашања до Кежаровски. Дури и обвинителниот акт бил покренат според неважечки закон
Одбраната трди дека ова дело обвинителката Лиле Стефанова го покренала по член од Кривичниот закон кој речиси две години е укинат и не е на сила
Разузнавачките и безбедносни служби се разнебитени и сметам дека не се во можност да ги обезбедат безбедносните гаранции за мир и соживот помеѓу разни ентитети и разни конфесионални припадности, вели Бабамовски
Какви се судбините на дојавувачите на корупција во Македонија? Немоќта на системот се рефлектира врз поединците – речиси и да нема луѓе кои пријавуваат корупција, а оние кои тоа ќе го сторат, треба да се подготвоват за последиците.
Каде завршија дел од лабораториите од проектот на владата за опремување на универзитетите и научните установи? Во какви процедури факултетот за безбедност му предал лаборатории за пресретнување на комуникациите на МВР? Каде се документите од примопредавањето?
Режисерот Унковски со поддршка за Кежаровски:Не се доволни свирчиња пред судската зграда, потребно да се црни насловни страни, еден “ќелеш тефтер„ во кој ќе се запишат имињата на сите соучесници во уривањето на демократијата
Интересно е што службите ги бришеле само графитите за притворениот новинар, а други, многу помасивни чкртаници на тарабите пред Парламентот очигледно воопшто не им пречат
Сакаме да истакнеме дека легислативата на земјата налага мерката притвор да биде сведена на најкраткото нужно време, се вели во дописот на Делегацијата на ЕУ во Македонија
Слободата е мртва, време е да се стави крај на кадиско-спахискиот и султански систем на органите на правдата, порачаа новинарите
„Да се стави крај на тортурата врз демократијата во Македонија“, порача Жанета Трајкоска од МИМ по повод продолжувањето на притворот за новинарот Томислав Кежаровски; Тамара Чаусидис од Независниот новинарски синдикат со апел – Кежаровски да го запре штрајкот со глад
И додека Србија работи на борбата со организираниот криминал, македонскиот премиер се фали дека тој пред две години одбил мито од Миодраг Мишковиќ. Го одбил, ама не го пријавил
За СДСМ, Комисијата не може да продолжи да работи да работи без претседател, додека за ВМРО ДПМНЕ оваа опција е можна и отворена