Author: Биљана Секуловска

Зошто во Србија ќе се гради фабрика за ПЦР тестови и погон за секвенционирање на геноми? Имаше најава и за производство на вакцини, нели? Зошто Србија може, а Македонија не? Тука не се работи за дилемата дали Вучиќ е поспособен од Заев, сигурно. Има многу подлабоки, многу посуштински и трагични  причини зошто Србија може, а ние- секогаш не. Првата, можеби и клучна причина, најверојатно е фактот што ние дури и не можеме да го изговориме зборот- секвенционирање. Не велиме да го разбереме, најмалку помислуваме да дебатираме и анализираме, никако не сме дошле до таа фаза на човечкиот развој  да понудиме…

Read More

Погледнете ја оваа изјава на Заев, за Стојко Пауновски, директорот на Пазарниот инспекторат: “Недозволиво е секој ден преку медиумите да водите полемики со потпретседателот на Владата, а сега гледам и со претседателот на Владата. Тоа е пркос кој не е дозволен. Во Владата има хиерархија, се знае како тоа треба да функционира”. И, од тука се започнува, тука и се завршува. Од пркосот, а од што воопшто друго? Заев заборавил изгледа како започнал светот, каде се не довел светот, да не бил и најмалиот пркос, воопшто, да не започнело она нешто- со пркос. За да никне најпрво воопшто нешто, за…

Read More

Талат Џафери ви е еден од ретките господа во оваа држава. Со истенчени нерви, секако дека така се одвиваат тие кариери, како што сме сите впрочем, низ годиниве, какви што сме станеле. Со еден изгланцан, врвен талент за политички инстинкт, на едно разјарено политичко животно, жедно за борба, за пресметка, како што станавме низ годините сите впрочем. Но, но. Но, не сме сите од неговиот калибар- за тоа е потребен совршено обмислен политички концепт, за тоа треба да се има повеќе од талент, знаење, искуство и харизма, сепак. Сето ова е сега во неговата игра- пратениците да ги растресува, треска…

Read More

Трагичната приказна за овчарот од Кратовско веќе ја знаете. Тој човек пет часа бил носен низ снег на носилка, од страна на медицинска екипа и негови роднини, за да го спасат неговиот живот. Се започнало кога лекарот од Итната помош Павле Зафиров ги слушнал лелеците на мајката на овчарот, 90 годишна мајка, која само едно барала и молела- да се спаси нејзиниот син. Тој претходно 12 часа лежел во снег во близина на неговиот дом, заради што имал мозочно крварење и она што морало да се стори итно- да се транспортира во болница. Но, како што објави на Фејсбук лекарот…

Read More

Многу одамна требаше сериозно да се замислиме, но после вчерашната бројка од 50 починати луѓе од последици од Ковид-19, едно секако е сигурно. Луѓето мора да разберат дека вакцините се единствениот спас, еднакво како што се и маските, додека навистина сите не бидат вакцинирани и конечно, не се прогласи крај, на оваа мрачна, ужасна ера. Затоа што, стравот од вакцините може да подразбира само страв од тоа да се живее понатаму, со сурови зборови- да се преживее, и веројатно затоа, по угледот на Бајден, кој изјавува дека има намера да ја вакцинира цела Америка, конечно тоа треба да го стори…

Read More

Погледнете ги само последните обвинувања за предавство, повиците за патриотизам. Сите оние што заминуваат во Србија и се враќаат вакцинирани, мора да се предавници на својата земја, на својот народ, петта колона која мора да биде обележана со жолта лента. Кукавици кои одбиваат да умрат, додека со последните сили, на смртна постела чекаат Ковид вакцина и се крстат во лидерските потези на оваа Влада, која досега можеше да набави барем една, единствена вакцина, која не е донација, и тоа од Вучиќ. Неблагодарноста кон лидерството во оваа земја, што не подразбира традиционална, историска затапеност, значи да се одбива да се чека…

Read More

Никаква штета не е што нема уште еден кандидат за претседател на СДСМ на утрешниот Конгрес. Нема опасност од никакви заплети, пресврти и земјотреси, никакви ранети партиски војници, исплашени за својата судбина, не се прогнозираат апостоли, маченици, ниту пак џелат надвиснат над лидерот, кој би ја отсекол папочната врвца и би се одвоил, со скриени нови мечови, за нови, политички одрубувања. Тоа што нема друг кандидат освен Заев подразбира секако дека светот нема да пропадне засега, статуите нема да заплачат со крвави солзи, дрвјата нема да се отцепат од земјата за да треснат некоја полтронска партиска глава, нема да не…

Read More

Консензус за одушевеност  од идејата на Заев за непартиска администрација, може да се здивне и да се зачекори напред, во најсветлата иднина, која се препорачува. Како вели тој, за понудата за широка Влада, со опозицијата: “Кога сме двете страни во Владата, нема СДСМ и ВМРО да ја партизираат администрацијата”. Но, потоа додава- “Да,  ќе се вработуваат и од двете партии, ќе победи на конкурсот, како најдобар, по критериуми, по нормативи, по се”. Можеби ќе дојде таков ден, кога Заев ќе го посоветува некој од таа негова армија премудри и благословени советници, да му каже- дека може сосема поинаку, онака како…

Read More

Кого попрво да жалите во целава трка со вакцините, кого да оплакувате, над чија судбина и животи попрво да липате? Дали нас, избезумени и под стрес, затворени и изолирани, што ги немаме тие вакцини доволно, и којзнае дали воопшто некогаш и ќе ги има, со сите мутации, надвиснати опасности и хаос кој надвиснал во светот. Дали можеби да ги жалите здравствените работници, дали можеби тие се на нашата приоритетна листа за страдање? Нив, дали нив да ги жалиме, некои од нив, што  секојдневно ги молат да ги примат вакцините, подготвени да им паднат на коленици, но тие одбиваат, преплашени од…

Read More

Теориите за бегството на Мијалков се доволно забавни и возбудливи, но секако дека најдобрата теорија од сите е онаа дека всушност тој и не избегал, што ја потврдува триумфот на правната држава и големината на Владата- господо драга, да докаже способност при најневеројатните пресврти. Секако дека немало договор за бегство со Заев, иако оваа обратна теорија ги полни срцата на многу критичари на оваа власт, но аргументот дека договор немало, го покажува фактот дека се појави, ви соопштуваат победоносно. Човекот кој елегантно и студено се појави пред Обвинителството, ја покажа големината на самиот систем, ќе ви кажат оние кои ги…

Read More

Се разбира, иако има жестоки несогласувања околу впишувањето на етничкиот идентитет во личните карти, не би требало да има дилеми дека тоа е повеќе од одличен концепт за се поголемата иднина на оваа земја. Додека светот одамна се обидува да ги сруши границите, да ги запечати етничките поделби, да стави крај на расните закрвувања, да се заборават препукувањата за сексуална поделба, ние не знаеме ништо подобро, не знаеме да станеме никогаш поголеми. Се повеќе и повеќе се смалуваме, атрофираме и се топиме, се повеќе стануваме политички џуџиња- колку што станува желбата наша се поголема, да станеме џинови на политичката ретардираност.…

Read More

Колку да е смешно и забавно, секако дека е тажно што вакцините никако да пристигнат во земјава, па самиот Заев сега ја најави Кинеската Нова Година како крај на нашата агонија, откако Вучиќ и целата таа бурлеска од најавени данајски подароци во вид на вакцини- не пристигнаа на Табановце, заради несредена документација, којзнае зошто и којзнае како. Но, вакцините секако дека  ја покажуваат и темната страна на политиката. Лошите проценки на ЕУ за количеството на производство и достапноста, дистрибуцијата на вакцините, доведоа до тешки зборови и обвинувања во лидерскиот европски камп, високи тонови кои заглушуваат. Но и заглупуваат, затоа што,…

Read More