Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Има многу теории и сценарија за падот на Боки 13, но една изгледа најверојатна, единствено можна, претпоставувам вредна за разгледување. Оној што му го всадил црвот за отворање на телевизија- 1ТВ, со идеја таа да стане моќно орудие, е истиот мозок кој ја урна и целата империја која се градеше околу Боки 13, тој е истиот кој го измисли и го уништи. И не само него. Еден по еден, како на шаховска табла ги урива подоцна сите фигури- обвинителка, бизнисмени, политичари, интелектуалци, криминалци, знајни и незнајни јунаци на една од најголемите операции на овие простори. Кралот се остава на крај,…
Сериозна бура од реакции, спротивставени ставови во јавноста – тоа е епилогот од најавата за регулација на онлајн медиумите и воспоставување на нивен регистер, како обид за намалување на хаосот во интернет сцената кој се шири на целокупната јавна сфера, а е предизвикан најмногу од долгогодишното пласирање лажните вести, како пропагандно оружје во креирањето на антидемократски политики и предизвикување тектонски пореметувања во државата. Македонија би го следела светскиот тренд, особено европските потези кои целат на регулирање на онлајн медиумите преку саморегулација, со цел намалување, ако веќе не може целосно спречување, анулирање на лажните вести, пласирање на груби, тендензиозни манипулации и…
Крајот на СЈО е најдоброто сценарио за опстанок на ВМРО- затоа што, негово заминувањево историјата, неговата посакувана смрт е -гаранција и упатство за политичко преживување. Нивната желба, нивниот сон е сите ние, нашите идеали и нашата надеж, заедно со досиејата за високата корупција и злупотребите, да бидеме згужвани и потпикнати во нечии фиоки, скриени длабоко во дуплите дна, онаму каде што никој нема да може да нè најде. Ќе не заклучат за почеток, за да помине време кога веќе никој нема да се сеќава на нас, на Шарената, на кутрите наши очекувања и жед за правда. Ќе изгледаме низ годините…
Интервју со новиот потпретседател на СДСМ Коста Петров: говори за тоа кој му понудил да ја добие врвната функција во СДСМ, која ќе биде неговата улога во оваа партија, за неговите книги за самопомош и неговите политички амбиции.
Боговите се прилично разлутени, овојпат. Велат огорчено- зошто да се даваат шанси на млади, успешни, конечно на жени, кои само за осум години успеале да создадат империја како никој досега во земјава, зошто да ечи името на една Нина Ангеловска како министер за финансии низ славните холови на вечноста? Боговите станаа гневни, тие сега посегнуваат по неколку врвни имиња, на кои грбот им станал превиткан од знаење и искуство, ги изговараат со стравопочит, еден Џевдет Хајредини, еден Абдулменаф Беџети, еден Петар Гошев, еден Никола Поповски, еден Таки Фити, еден Трајко Славевски, а зошто не и една Анета Ангеловска- Бежоска, еден,…
Зарем за зборот Заев треба да се критикува? Зарем до таму стасавме ние? Зарем за оваа негова изјава треба да му се замерува: “Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и, да ми извини ЛГБТ заедницата, еден п…р да ја симнат оваа влада од власт”, говорејќи за аферата Рекет, во која главни ликови се Орце Камчев, Боки 13, Зоки Кичеец и Катица Јанева. Зарем политичарите мора да знаат дека за нив- некој, некогаш, неважен, заборавен, одамна заминат како Конески отприлика им рекол- дека зборот треба “да се чува како добро врзан коњ”, зошто ако го пуштат, е, ако го…
За жал, за жал. За жал, не е воопшто значајно кој навистина и преку кои посредници ја пратил снимката на италијанскиот весник “Ла Верита”, каде Боки 13 и Зоки Кичеец стапуваат на сцена во куќата на Орце Камчев, со торба, за која се претпоставува дека им е врачена полна со пари од рекет, или мито наречете го, сеедно. За жал, нема апсолутна никаква суштинска важност за остварување на крајната цел- што менува кој е политичкиот или подземен интерес на весникот, од каква политичка провиниенција е тој, до кои политички структури, фигури и подземје е близок, колку се силни врските на…
Во целата сага за наводниот рекет на Боки 13, имате неколку нивоа на паднати невини жртви и воедно, принесувања на олтарот на неколку жртвени јарци. Велам наводен рекет, затоа што досега ништо не е докажано, ниту потврдено, ниту пак докрај истражено, што остава само простор за огромен сомнеж дека во позадината се кријат други, подземни мотиви. Се говори дека се работи за извесни нечисти, мрачни сили кои се замешале, туркајќи ја земјава во политички и економски бездни, но на ум не ги имам евро-атланските и европските интеграции, ниту пак уништувањето на прогресивната сила на СДСМ – Зоран Заев. Не, не…
Сегашниот британски премиер, Борис Џонсон, во 2016 г. изјави дека Британија и дава на ЕУ 350 милиони фунти неделно. Оваа изјава, дадена за време на кампањата за Брегзит, ги красеше автобусите кои беа користени за кампањата на про-Брегзит кампот- “Гласајте за напуштање”. Џонсон доби и приватна тужба заради оваа изјава, несомнена лага- што подоцна и ќе се докаже, но Врховниот суд во јуни оваа година ја отфрли можноста Џонсон да биде гонет. Борис Џонсон е доказ, како и сите политичари на овој свет- едноставно, не можете да ги гоните и да барате да одговараат- за нивните лажни изјави, лажни ветувања,…
Имаме ние подобар збор од оној кој го употребуваат македонските медиуми- пренкови, кога ги опишуваат руските кловнови кои низ неколку телефонски епизоди му се претставувале на Заев како Порошенко и Столтенберг. На убав, чист прилепски, нема поубав јазик, Цепенко го минал векот раскажувајќи разни шеги, анегдоти, собирал мудрости, пословици, сказни и приказни за да научиме нешто, од него, од народот, само за тоа бил тој тука. И насекаде ги има нив- значи, мајтапчиите. Ако сте пораснале со Марко Цепенко, тогаш ја знаете и приказната за “Тројцата другари: Трескаио, Ќелешо и Мрсулаио”. Сеедно, можеби само сте чуле за неа, убава е…
Сите ја знаете приказната за катастрофата на Чернобил, дури и пред да се закопате во петчасовната агонија на серијата, но пред неколку години, кога ја прочитав книгата на нобеловката Светлана Алексиевич “Гласовите од Чернобил”, се создаде вистинската слика за нашиот сопствен чернобилски ефект. Идејата на Алексиевич не е само да се запишат сите гласови, живи, заминати, можеби и заборавени, не само тоа. Ова е книга повеќе за иднината, и тоа нашата иднина, исклучиво нашата, на нам блиските земји- по политичката култура, менталитетот, традициите, политичката траекторија, историјата на неспособност, на денгубење, на алчност, расипаност, злоба, завидливост и омраза пред сè. Тоа е…
Ова е земја со која посебно се гордееме. Се додека тука живее омразата, бесот и јадот, ние можеме да се запишеме во живите, во овдешните, во нашите. Парада на гордоста? Дајте ни ги сите ликови денес кои ќе маршираат на нашиот изгравиран послужавник- со нивните имиња, сериски броеви, полот и родот со кој се потсмеваат, бесрамните, бестијалните изроди. Ова е земја од која пештерата не смее никогаш да излезе, земја во која низ вековите никогаш не продреле соништата кои во Европа одамна се живеат, оние на Мил, на Бурк, на Волтер. Нека се врати 15.век, оваа точка ставена за да…