Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Интервју со Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ кој говори за утрешниот марш за поддршка на ЛГБТИ заедницата, за неопходноста од солидарност, подготовките за настанот.
Интервју со Бранимир Јовановиќ, екс советник на министерот за финансии: Говориме за функционирањето на Анѓушев како бизнисмен и вицепремиер, за корупцијата која го нагризува општеството и за соработката со премиерот Заев. https://www.youtube.com/watch?v=w5yvCVfh5s0
Треба прилично долго време да се одвои за неколкупати да се сфати дека навистина е напишано тоа што го читате, а подоцна и тоа што сте го чуле- новиот претседател Стево Пендаровски изјави дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин, но во исто време се борел за создавање на независна македонска држава. Во поновата македонска историја, после Киро Глигоров, добивме неколку храбри и одважни политичари, кои за само 24 месеци ја сменија целосно и самата историја на оваа земја, натежната од традиционалните балкански омрази, војувања за секој кажан или неизречен мал или одлучувачки збор, а некои од тие зборови и…
Интервју со Славчо Димитров – Коалиција Маргини и куратор на Скопската недела на гордоста: Говориме за борбата за права и слободи на ЛГБТИ заедницата која се уште трае, за прогоните и насилството кои дури и оваа власт не ги решава, како и за претстојната Парада на гордоста на 29 јуни.
Некаков перформанс во име на слободите на сексуалната определба, дело на некаков уметник, во некој музеј во оваа светска, блескава метропола, ги повредил чувствата христијански, без да се има осет и познавање на границите. Се работи за делото “Акефално чудовиште”, на Рон Ејти, во Музејот на современа уметност, од кое се згрози мнозинството на овој чесен, страдалнички народ, кој, како што вели блажениот Отец Пимен “мислите дека мнозинството треба се да трпи, да ви простува и дозволува”. Сосема се согласувам со пресветлиот Пимен, кој им порачува “гордејте се бре луѓе по парадите ако сакате, верувајте си дека има на што…
5Г технологијата како петта генерација на мобилна мрежна технологија која обезбедува широкопојасен пристап, го подели светот. Иако станува збор за вистинска револуција која ја носи компјутеризираната иднина и го обликува новиот свет, од друга страна се противниците- нивните стравувањата се базираат токму врз одредени сознанија за штетноста која ја предизвикува 5Г. Про и контра аргументите се темелат врз научните студии кои даваат различни толкувања- едните носат поразителни факти за последиците од оваа технологија- станува збор за радијацијата на која ќе бидеме изложени од антените, спротивните пак- ги побиваат сосема и тврдат дека штетноста била многу поголема од 1Г, кога започнува…
Комитите ви се како султанот од Брунеи кој побара смрт за хомосексуалците- победата на Вардар повторно ги запали анималните пориви- би вовеле смртна казна за Албанците, би ја исчистиле Македонија за да живеат сами во сопствената црна дупка, затоа што таа казна секако дека мора да биде драконска. Каменување до смрт добро звучи, говорат нивните поддржувачи низ социјалните мрежи, посакувајќи сепак и посурова казна од таа, замислени во сомнежот дека страдањето никогаш не е доволно задоволувачко за џелатите. Сепак, македонскиот дел на садисти, го проколнува денот кога светот се крена против Хасанал Болкија, брунејскиот султан, кој по притисокот од светот…
Светот алармантно почна да потонува во пластика, загушувајќи ја Планетата. Бројките на годишно ниво доволно говорат за состојбата со која сме соочени- Европјаните создаваат 25 милиони тони пластичен отпад- пластика претставуваат повеќе од 80% од морските отпадоци се закана за преживување на животинскиот и растителниот свет, и оттука и нам, но свеста за нивно рециклирање е на загрижувачко ниво- помалку од 30% се собираат за преработка. Европскиот Парламент во март оваа година повлече потег со кој се најавува ставање крај на загадувањето на животната средина- од 2021 година се забранува еднократно користење на пластика (http://www.europarl.europa.eu/news/en/press-room/20190321IPR32111/parliament-seals-ban-on-throwaway-plastics-by-2021). Тоа подразбира неколку производи кои…
Колку поголем владетел, толку повеќе се потребни поданици, неброено многу, непрегледно никогаш доволно. Тие мора да ги плаќаат сите негови вистински и лажни потреби, напорни и пријатни задолженија, хирови и уморни часови кога не може да се мрдне од постелата. Тие се тука за сите пофалби на лудоста. Тие мора да ги плаќаат и сите луѓе кои го опкружиле владетелот како ајкули, му се претставиле како советници, знајни и незнајни, важни и неупотребливи. Сепак, тие советници се тука да ја величаат сопствената лудост претставувајќи му на владетелот дека таа дека е негова, вродена маана, тие му кажуваат дека се родени…
Пред четириесет години УНЕСКО го зеде под своја заштита целиот Охридски регион- 1979 година најпрво е запишано како светско наследство, заради своите природни вредности, за една година подоцна, се додаваат и културните (http://whc.unesco.org/en/list/99/), со што се заокружува повластениот и респектабилен статус. Но, после помалку од 30 години, Македонија започнува да ги занемарува и игнорира овие вредности, постепено губејќи ги сите богатства заради кои го добива светскиот статус. УНЕСКО оттогаш започнува сериозно да реагира се до денес- скоро една деценија наназад, се до последниот извештај и Нацрт-одлука, каде неколкупати се споменува загриженост за негрижата и немарноста кон Охрид, се констатираат пропусти…
Просечноста не уништува, напротив, таа ослободува. Исфрла од употреба се што може да наликува на добар почеток и пристоен крај, брише секаква надеж за некаков напор за разум. Затоа и се читаат само насловите низ медиумите, или понатаму, на вредност испливуваат бурлескно прикажаните ситуации, особено политичките, народните анегдотални преданија од вековите наназад се претвораат во новинарски жанр, инвенција на медиумската сцена која ја мери високо само површноста и нискиот вкус. Ако просечноста ја храните со децении, таа ви се наталожува насекаде, ве затрупува. Огорчени на медиокритетското водење на државата, ги тормозиме потпросечните кои ги окупирале функциите, и не само политичките,…
Интервју на НОВА со Радмила Шеќеринска, министерка за одбрана: Зошто СДСМ чекаше две години за да признае дека се потребни смени на функционерите, кој е одговорот за непотизмот, партиската администрација, зошто Сваровски судството се уште ги диктира процесите на Владата на Заев. https://www.youtube.com/watch?v=7Y75etw7huc