Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
https://www.youtube.com/watch?v=d3xZJuiE0bg Со богата уметничка биографија, младата и талентирана Јованка Попова е куратор, теоретичар на културата, со неколку функции во моментов: извршен директор на Јадро-Асоцијација на независната културна сцена, програмски координатор на Проектниот простор Прес ту егзит, потоа член е на интернационалната асоцијација на уметнички критичари AICA International, и дел од управниот одбор на македонската секција на AICA Македонија – здружение на ликовни критичари, историчари на уметноста и кустоси кои дејствуваат на полето на модерната и современа уметност. Магистрирала на Институтот за Историја на уметноста, насока – современа уметност на Филозофскиот факултет во Скопје. На истиот институт, била ангажирана како демонстратор по…
Новиот слоган за локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ е “Нова ера”, таа ера која се пропагира со Груевски и неговиот ист, стар, нам добро познат тим, буди особени чувства и носталгија за годините, деценијата помината во груевизмот. Затоа и немало потреба да се лута во парадокси- новата ера е невозможна со стариот Груевски, што нам се разбира дека ни е сеедно, не може да не спречи да гласаме повторно за него, и тој наш потег нема да може и нема да дозволиме да биде опструиран од новата власт. Видете, во човечката природа е вродено да се биде малтретиран, понижуван, злоупотребуван, манипулиран,…
https://www.youtube.com/watch?time_continue=22&v=V_BYTVbOK5w Оваа недела го учиме зборот НАДЕЖ- на македонски, албански и турски. Учествуваат: Лени Фрчкоска- новинарка, Љузми Синани- референт за проджаба на текстил, Суха Кутал, текстилен инжинер и Арсен Петрески, професор.
https://www.youtube.com/watch?v=FYRSnI8ptOw Интервју со главниот уредник на дневниот “Слободен печат”, Бранко Героски, кој говори за неговата борба, ненасилна, нарекувајќи ја гандиевска, како што е последниот инцидент со полевање боја, продолжение на хајките, линчот, заканите и нападите низ сите овие години.
На крајот на краиштата, се во животот се сведува на една мала капка поволни околности, трошка наклоност од боговите, зрнце среќа. Се е во среќата. Сетете се на филмот “Меч поинт” на Вуди Ален- се зависи од тоа каде ќе падне прстенот, од која страна на мостот. А сега земете го на пример, Кочо Анѓушев. Ја имал таа неверојатна среќа судбината да не се поиграла со него, оттука тој не станал славен филозоф, туку животот му отишол во сосема различен правец- се изградил и прославил како моќен и богат бизнисмен. За волја на вистината, биографијата и фактите говорат дека всушност…
https://www.youtube.com/watch?v=ssA2Lg93_k4 Интервју со Самоил Малчески, член на ВМРО-ДПМНЕ и воедно критичар на Никола Груевски- говори за тоа кои се луѓето на оваа партија кои не дозволуваат пад на Груевски.
Иако информациите велат дека транзитниот камп Винојуг кај Гевгелија е празен, конечно, бројката е само 13 мигранти кои очекуваат да заминат кон Европа, ВМРО-ДПМНЕ со особен акцент на хистерија најавува референдуми против мигрантите токму на денот на локалните избори. Гевгелија, Штип, Кавадарци, Битола, Гази баба, Аеродром, Карпош – за почеток тоа се општините каде се најавуваат референдуми, а до локалните избори бројката многу лесно може да се зголеми зависно од апетитите на ВМРО, оние апетити за создавање на хаос, само заради паничниот страв од изборите. ВМРО секогаш се гордее со политиката која ја промовира, негува и одржува- тоа е нивната…
https://www.youtube.com/watch?v=HoIrtM48VVY Дебата на Биљана Секуловска: гости се проф. Симона Груевска- Маџоска од Институтот за македонски јазик и Алберт Муслиу, аналитичар. Зошто се стравува од употреба на албанскиот јазик?
Веднаш да кажам, да соопштам, пред некој да се осмели да ме спречи. На следните избори секако дека ќе гласам за Груевски. За месец и пол, на локалните избори, Груевски ќе го добие мојот глас, затоа што тоа е гласот за канализацијата која секогаш се покажува неопходна за одржување на човештвото. Чекајте, полека, никого не сакам да навредам, ниту да промовирам вулгарност и недоличен говор, тука се работи навистина за политички проект, кој има тежина како една планина- но, канализациска. Тоа не е само обична канализација за која Груевски говори деновиве, со страст и полет, не, тоа е повеќе од…
Партијата, тоа сум јас. Таа ме облекува, го милува секој дел од телото, додека не го зграпчи центарот за расудување, тука станува безмилосна. Таа е вешта во тоа, во секој поглед, освен тоа таа знае како, со хируршка прецизност, филигранска истенченост да ги вклопува туѓите мозоци, тие стануваат едно, тие се оружјето, инструментот на партијата и изворот на крвоток на општеството, без неа државата не опстанува. Комунистичките држави почиваа врз грозничавото, слепо подаништво кон партиите- беа совеста и свеста на општеството, на единката која беше непрепознатлива, вклопена во калапот на еден ум, едно битие, една партија. Наследството на комунизмот стана…
Нанаја Махута. Анет Кинг. Ендрју Литл. Кармел Сепулони. Марама Фокс. Не знам ништо за овие луѓе, случајно одбрани низ пребарувањето на интернет. Но, има само една работа која ја знам во детали за нив. Знам се за сите нивни професионални трошоци, каде се вклучени и патните, како што знам до цент како се трошени парите на даночните обрзници на сите 120 пратеници во Парламентот во Нов Зеланд. Доколку сакате и вие да учествувате во оваа игра, потребен ви е само еден клик на компјутерот- на располагање имате детална анализа за трошоците на секој што ќе посакате од политичарите на…
Откако прочитав дека Дарко Лешоски станал претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, компјутерот сам се отвори, претходно лутав во темнина. Затоа што беше ионака се околу колумнава на тенок конец, темите пливаа и се одбиваа, се додека не дојде таа вест, на која и аплаудирам, додека не ми помодрат прстите и не се искршат, затоа што само така може да се престане да се биде предадена публика, посветена на уметноста, чиста и проста како македонска песна. Се движиме бескрајно, со неподнослива леснотија, безгрижно и занесено по некаква траекторија, се разбира дека мислиме дека е вистинскиот пат, а…