Author: Соња Крамарска

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар денеска во Скопје изрази надеж дека политичарите во Северна Македонија ќе покажат мудрост и ќе ги спроведат уставните измени, кои се услов за одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ и отворање на кластерите во преговорите. Таа на заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски истакна дека патот кон ЕУ не е лесен, дека Словенија веќе се соочила со тие процеси и оти на тој пат и оваа држава морала да го смени Уставот, за што тогаш имало жестоки политички дебати во словенечкото општество. „Да потенцирам дека Словенија го помина тој процес и не…

Read More

По освоената титула во НБА лигата, германскиот печат не штеди суперлативи за најдобриот кошаркар на Денвер, Никола Јокиќ. Тој е на пат да им се придружи на Мајкл Џордан и Мухамед Али, пишуваат весниците, пренесува Дојче Веле. „Никола Јокиќ ги круниса одличните изданија во плејофот со првата НБА титула за Денвер Нагетс. За тоа на тимот му требаа само пет меча, затоа што Јокиќ испорача во својот познат стил“, пишува германската новинска агенција ДПА. Денвер, рано утро во вторник, го победи Мајами со 94:89 и со вкупен резултат 4:1 дојде до првата шампионска титула во 47-годишната историја. Српскиот суперстар беше…

Read More

„Шпанија нема да наплатува данок на додадена вредност (ДДВ) на основните прехранбени производи додека цените не бидат „посоодветни“, рече министерката за економија Надиа Калвино. На 1 јануари, владата ја суспендираше наплатата на 4 отсто ДДВ за основните прехранбени производи како – леб, сирење, млеко, овошје и зеленчук и житарки, бидејќи цените на храната силно ги погодија буџетите на домаќинствата на Шпанците. Мерката е дел од пакетот вреден 10 милијарди евра, усвоен во декември, а требаше да остане на сила до крајот на јуни. „Владата нема да наплатува ДДВ за основните прехранбени производи дури и по истекот на тој период, а…

Read More

Обединетите Нации предупредија дека уништувањето на браната на Дњепар ќе има огромно влијание врз глобалната безбедност на храната, ќе ја зголеми нејзината цена и може да го загрози пристапот до вода за пиење за стотици илјади жители. Браната Нова Каховка беше пробиена во раните утрински часови на 6 јуни, испуштајќи огромно количество вода што го поплави југот на Украина. Засега не е познато што го предизвикало пробивот, иако норвешките сеизмолози и американските сателити тврдат дека регистрирале експлозија. Шефот на ОН за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, изјави за Би-Би-Си дека влијанието на настанот врз безбедноста на храната во светот може да…

Read More

Синоќа во сообраќајна несреќа во Вермонт загина познатиот американски актер Трит Вилијам (71). Како што соопшти вермонтската полиција, околу 17 часот вчера по локално време, тој возејќи мотор се судрил со теренско возило кое во тој момент свртело кон паркинг. Вилијамс не успеал да го избегне судирот и паднал од мотоциклот. Се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил префрлен со авион во медицинскиот центар во Њујорк каде што била констатирана смрт. Актерот не носел заштитен шлем. Возачот на теренското возило се здобил со полесни повреди и немало потреба да биде хоспитализиран. Според првичните информации, тој ги почитувал правилата…

Read More

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин по средбата во Пентагон ги поставија темелите за развој на одбранбената соработка помеѓу сојузниците – Северна Македонија и САД, за следните десет години. Новиот патоказ кој беше потпишан во Пентагон, ги дефинира областите во македонско-американската одбранбена соработка кои ќе бидат приоритетни во следната декада и преку кои ќе се развива одбраната и Армијата на Македонија. „Северна Македонија, денеска е земја-членка на НАТО и ние заедно со Соединетите Американски Држави стоиме рамо-до-рамо во справувањето со заедничките безбедносни предизвици. Минатата година САД ни дадоа огромна поддршка која не беше…

Read More

Росонерите (фудбалскиот клуб Милан) му оддадоа почит, како што рекоа, на „незаборавниот“ поранешен сопственик Силвио Берлускони кој утринава на 86-годишна возраст беше прогласен за мртов по повеќемесечната борба со леукемијата. Берлускони го купи Милан во 1986 година и го претвори во еден од најуспешните фудбалски клубови. Под негово водство Милан освои пет европски купови, како и осум титули во италијанската лига. Во 2017 година, тој го продаде клубот на кинески инвеститори за 740 милиони евра (628 милиони фунти). Милан на Твитер напиша: „Длабоко сме натажени од смртта на незаборавниот Силвио Берлускони и го изразуваме нашео најдлабокмо сочувство до неговото семејство,…

Read More

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје во пишана изјава за порталот ПРЕСонлајн ги охрабрува сите политички партии да седнат на преговарачка маса за европската иднина на земјата. Од амбасадата велат дека одлуката кој е во, а кој надвор од Владата ја носи народот на Северна Македонија. „Одлуките за тоа кој е во и надвор од владата им припаѓаат на народот на Северна Македонија и нивните политички претставници. Ги охрабруваме сите политички партии да седнат на маса и да бидат дел од дискурсот за иднината на земјата“, наведуваат од амбасадата на САД во Скопје. извор: МИА

Read More

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје денеска додели награди за најдобар успех на дипломираните студенти од сите факултети во негов состав во учебната 2021/2022 година, како и наградите „26 Јули“ за најдобри студенти од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите од  Фондацијата „Франк Манинг“ од Лондон. Награди за првенци на генерација добија 23 студенти од исто толку факултети на Скопскиот универзитет: Моника Шаревска од Машинскиот факултет; Стефан Неделковски од Медицинскиот; Бојан Софрониевски од ФЕИТ; Јелена Спиревска од Филозофскиот; Андреј Стојановски од Филолошкиот факултет; Ана Гаштаровска од ФМУ; Антонио Андоновски од ПМФ; Стефан Божиновски од ФЛУ; Милена Трајаноска од ФИНКИ; Вероника Стојановска…

Read More

Да постои контролен механизам во рамки на Парламентот што ќе оневозможи злоупотреба, а финансиските средства да не отидат само кај еден, два, три или четири меидуми, туку да има распределба – да учествуваат и национални телевизиии и телевизии кои зрачат со национална лиценца, но не се терестриални, како и регионални телевизии согласно одредена распределба и рејтинзи, е една од интенциите кои треба да се постигнат со измените на Законот за медиуми. Како што рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, опфатени ќе бидат сите медиуми, вклучувајќи ги и радијата. Измените на законот се уште се во работна верзија, но во нивното конечно…

Read More

Министрите за надворешни работи на седум земји членки на ЕУ предлагаат поголема употреба на квалификуваното мнозинство при носењето одлуки поврзани со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата. Како што објави бриселскиот портал „Политико“, во иницијативата зад кој стојат шефовите за дипломатиите на Белгија, Хаџа Лабиб, на Германија, Аналена Бербок, на Луксембург, Жан Аселборн, на Романија, Богдан Ауреску, на Словенија, Тања Фајон, на Холандија, Вопке Хекстра и на Шпанија, Хозе Мануел Албарес Буено, се посочува дека предлагаат прагматичен пристап кој се фокусира само на прашањата за надворешната и безбедносната политика на ЕУ и користи одредби веќе вградени во Договорот за…

Read More

Сега треба да се оди кон примена на договореното и јавно кажаното на прес-конференцијата по лидерската средба за уставните измени, а не кон толкување, што некој сакал да каже бидејќи тоа што беше разговарано беше и кажано, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Богданци, Ковачевски повтори дека „ВМРО-ДПМНЕ прифатиле уставни измени“ и оцени дека „демантирањето или излегувањето од она што било договорено и кажано на прес-конференцијата по лидерската средба би било големо разочарување за граѓаните и за меѓународната заедница“. „Како државотворна партија која секогаш ги носела најтешките и најголемите одлуки за државата му…

Read More