Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собраниски контролен механизам и максимум четири државни кампањи годишно, предвидуваат предлог-измените на Законот за медиуми

0
By Соња Крамарска on June 12, 2023 ВЕСТИ, Медиуми
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 12, 2023 15:53

Да постои контролен механизам во рамки на Парламентот што ќе оневозможи злоупотреба, а финансиските средства да не отидат само кај еден, два, три или четири меидуми, туку да има распределба – да учествуваат и национални телевизиии и телевизии кои зрачат со национална лиценца, но не се терестриални, како и регионални телевизии согласно одредена распределба и рејтинзи, е една од интенциите кои треба да се постигнат со измените на Законот за медиуми.

Како што рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, опфатени ќе бидат сите медиуми, вклучувајќи ги и радијата.

Измените на законот се уште се во работна верзија, но во нивното конечно дефинирање треба да бидат вклучени сите релевантни чинители за да се изнајде долгорочно и одржливо решение.

Ковачевски потсети дека по Пржинскиот договор, кога се направија измените на Законот за медиуми, се укина можноста државата и општините да организираат информативни кампањи. Сега, со новите измени, рече, се предвидуваат по максимум три до четири државни или општински кампањи годишно, воопшто не се работи за секојдневно рекламирање и бомбардирање на граѓаните со нечии политички идеологии.

„Се работи за работна верзија на Законот за медиуми во делот на овозможување државата и локалната самоуправа да прават информативни кампањи значајни за граѓаните. Не зборуваме за рекламирање на државата, за политичко рекламирање какво што гледавме 11 години во владата на ВМРО-ДПМНЕ кога огромни финансиски средства се трошеа од државниот буџет за промовирање некакви идеолошки платформи. Во текот на корона кризата се покажа потребно да се информираат граѓаните, но законски тоа не беше можно, државата немаше начин како да комуницира со граѓаните. Затоа, подолго време се разговара со претатавници на медиумите. Кога ќе има финална верзија, ќе биде споделена со сите“, истакна премиерот, одговорајќи на новинарско прашање по увидот во рехабилитацијата на пат во Демиркапискиот регион.

Постојат и здруженија на новинари, дополни Ковачевски, кои имаат свое видување на работите.

„Еден состанок е одржан, претставници на една медиумска организација дадоа свои видувања и идеи како во нивниот дел може да се реши. Ни претстои период кога ќе треба да изнајдеме начин и во делот на финансирањето информативни кампањи од општ, јавен инетерес, три – четири годишно, а не секој ден да ги бомбардираме граѓаните со реклани политички пораки“, нагласи Ковачевски.

Тој потенцира и дека една од целите е да се зголеми кавлитетот на програмите, на она што го гледаат граѓаните за да се унапредат, како што рече, и други аспекти од општеството.

Ковачевски се осврна и на слободата на медиумите.

„Докажавме дека врвен приоритет ни е слободата на медиумите, а доказ за тоа стигна од Репортери без граници, од 138. место од Владата на ВМРО-ДПМНЕ кога бевме заробена држава, денес сме 38 земја во светот. Само лани напредувавме 19 места во рангирањето. Мислам дека имаме капацитет да продолжиме. Зошто да не станеме и прва земја во светот според слободата на медиумите, знаете дека можете слободно да известувате за секоја тема“, рече тој.

 

Димитар Ковачевски медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

ВЕСТИ August 1, 2026

Девет луѓе загинаа во нов ноќен напад со балистички ракети врз Киев, додека Русија ги…

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.