Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милан се збогува со Берлускони

0
By Соња Крамарска on June 12, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 12, 2023 16:41

Росонерите (фудбалскиот клуб Милан) му оддадоа почит, како што рекоа, на „незаборавниот“ поранешен сопственик Силвио Берлускони кој утринава на 86-годишна возраст беше прогласен за мртов по повеќемесечната борба со леукемијата.

Берлускони го купи Милан во 1986 година и го претвори во еден од најуспешните фудбалски клубови.

Под негово водство Милан освои пет европски купови, како и осум титули во италијанската лига.

Во 2017 година, тој го продаде клубот на кинески инвеститори за 740 милиони евра (628 милиони фунти).

Милан на Твитер напиша: „Длабоко сме натажени од смртта на незаборавниот Силвио Берлускони и го изразуваме нашео најдлабокмо сочувство до неговото семејство, соработниците и пријателите“.

Поранешниот италијански премиер се врати во фудбалот помалку од 18 месеци подоцна, кога неговата холдинг компанија, Фининвест, купи 100% од акциите на третолигашот Монца во 2018 година.

Берлускони и поранешниот извршен директор на Милан, Адријано Галијани го водеа клубот во Серија А за прв пат во неговото 110-годишно постоење.

Во соопштението на Монца се вели: „Засекогаш со нас. Адријано Галијани и целиот Монца тагуваат за загубата на Силвио Берлускони. Празнина која никогаш не може да се пополни, и ќе остане засекогаш во нас. Ви благодариме за сè претседателе“.

Менаџерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, за време на неговата играчка кариера, му помогна на Милан да ја подигне првата лига во ерата на Берлускони во 1988 година и се врати да раководи со клубот од 2001 до 2009 година.

Италијанецот беше критикуван од Берлускони за време на неговите рани сезони за неговата наводно одбранбена тактика, но продолжи да ја освојува Лигата на шампионите двапати, Купот на Италија и да го обезбеди трофејот во Серија А со италијански рекордни 82 поени од 34 натпревари.

Анчелоти на Твитер напиша: „Денешната тага не ги брише среќните моменти поминати заедно. Останува бескрајна благодарност до претседателот, но пред се до еден ироничен, лојален, интелигентен, искрен човек, фундаментален за мене како фудбалер прво, а потоа и како тренер. Благодарам претседателе“.

Во соопштението, градскиот ривал на Милан, Интер вели: „Берлускони остави неизбришлива трага во историјата на нашата земја. Предизвиците меѓу Интер и неговиот Милан го направија градот Милано срцето на светскиот фудбал“.

Берлускони беше контроверзна личност и често се жалеше на виктимизација – особено од обвинителите во неговото родно Милано – еднаш тврдејќи дека имал 2.500 појавувања на суд во 106 судења во текот на 20 години.

Обвиненијата во текот на годините вклучуваат проневера, даночна измама и лажно сметководство и обид за поткуп на судија. Во неколку наврати беше ослободен или му беа укинати пресудите.

извор: Би-Би-Си

Милан Силвио Берлускони
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.