Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН: Уништувањето на браната Каховка ќе има огромно влијание врз глобалната безбедност на храната

0
By Соња Крамарска on June 13, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
фото: Фејсбук профил на Володимир Зеленски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 13, 2023 11:29

Обединетите Нации предупредија дека уништувањето на браната на Дњепар ќе има огромно влијание врз глобалната безбедност на храната, ќе ја зголеми нејзината цена и може да го загрози пристапот до вода за пиење за стотици илјади жители. Браната Нова Каховка беше пробиена во раните утрински часови на 6 јуни, испуштајќи огромно количество вода што го поплави југот на Украина.

Засега не е познато што го предизвикало пробивот, иако норвешките сеизмолози и американските сателити тврдат дека регистрирале експлозија.

Шефот на ОН за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, изјави за Би-Би-Си дека влијанието на настанот врз безбедноста на храната во светот може да биде значајно.

„Тоа е житница – целата област низводно, кон Црното Море и Крим – е житница не само за Украина, туку и за светот“, рече тој.

„Веќе се соочуваме со тешкотии во однос на безбедноста на храната, но сега, сигурен сум дека нејзините цени ќе пораснат … Речиси е неизбежно следната година да видиме огромни, огромни проблеми во жетвата и сеидбата. И затоа ќе имаме огромно влијание врз безбедноста на храната – тоа ќе се случи“, нагласи Грифитс.

Украина и Русија се два од клучните светски производители на храна и главни играчи на пазарот за пченица, јачмен, пченка, семе од репка, семки од сончоглед и сончогледово масло.

Грифитс рече дека 700.000 луѓе зависат од резервоарот за вода што го држи браната за вода за пиење. Без чиста вода, тие се изложени на ризик од болести, а децата се најранливи.

Тој исто така рече дека и штетата од ваков обем што е нанесена врз цивилната инфраструктура е целосно кршење на меѓународното хуманитарно право, вклучително и на Женевската конвенција.

„Тоа е очигледно. Кој и да го сторил тоа ја прекршил Женевската конвенција“, заклучи тој.

извор: МИА

Безбедност на храна Нова Каховка Обединети нации Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.