Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Неколку часа пред истекот на неговиот петгодишен претседателски мандат, Илир Мета преку објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ изрази благодарност и им посакува се најдобро на Албанците. „Беше извонредна чест и привилегија да служам овие пет години како претседател на Република Албанија. Им посакувам се најдобро на нашата татковина и нација. Мир и благосостојба за секое албанско семејство. Бог да ја благослови Албанија“, напиша Мета, постирајќи фотографија со неговите три деца. Вечерва во 19:30 часот, тој, свечено, ќе му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател Бајрам Бегај, кој пред тоа на посебна седница на законодавниот дом, закажана за 18 часот, ќе положи…
Во периодот кој следи ќе продолжат консултациите со експертите и со јавноста околу тоа каква форма ќе биде референдумот, дали задолжителна, консултативна. Кога би се одржал, кој би го поднел, дали пратениците дали тоа ќе бидат граѓани, дали ќе биде претходен или последователен, дали ќе се однесува на преговарачката рамка или на делот на преговарачката рамка кој се повикува на билатералниот договор со Бугарија, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата пред одржување на Годишно собрание на партијата Демократски сили на Ромите (ДСР). Мицкоски демантира дека се соочуваат со внатрепартиски проблеми и оцени дека само референдумот може да…
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за истражна постапка против три лица од скопско Студеничани за кои постои основано сомнение дека сториле разбојништво. Осомничените, двајца браќа на возраст од 25 и 18 години и нивен 28-годишен роднина, го сториле делото на 23 февруари во Куманово, кога со употреба на сила одзеле поголема сума пари од едно лице од Ваксинце. Тие го чекале оштетениот пред маркет во автомобил без регистарски ознаки. Кога тој дошол до неговото возило паркирано во близина, тројцата го нападнале и го удриле по главата, по што тој изгубил свест. Од багажникот на автомобилот тие одзеле две црни…
Бугарските медицинари кои беа осудени во Либија сега гледаат напред, а не во минатото. Кристијана Валчева, Валентина Сиропуло и Ваља Червенјашка за БТА раскажаа како живеат и дали успеале да го заборават хоророт доживеан во либиските затвори. Денеска се навршуваат 15 години од нивното ослободување и враќање во Бугарија. Во оваа прилика, Ваља Червенјашка рече дека не размислува за минатото и воопшто не сака да се враќа назад. Гледам само напред, одам на работа, изјави Червенјашка, која работи во детското одделение во болницата во Бела Слатина. Таа рече дека со децата се надополнува и, иако е пензионер, продолжува да работи…
На 23.07.2022 во 23.30 часoт на место викано „Каменот“ во Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ го лишиле од слобода Д.М.(44) од Скопје. При преглед во товарно возило „Сканија“ со приколка, кое го управувал, биле пронајдени 86 мигранти од Пакистан, Сирија и Индија, меѓу кои имало и малолетници. Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Возачот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во лекторатите на универзитетите во Риека, Истанбул и Будимпешта интересот за изучување на македонистиката е огромен, вели директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Весна Мојсова-Чепишевска. Минатата година, на Универзитетот во Риека, македонскиот јазик го изучувале седумдесетина студенти, а на Истанбулскиот универзитет, на различни нивоа, бројот на студентите бил дури шеесет, додека за понатаму, може да се очекува да биде и значајно поголем, имајќи предвид дека од следната академска година, можност за изучување на македонистиката ќе имаат сите студенти на Универзитетот, а не само оние коишто студираат на Факултетот…
Повеќе од петнаесет години, грчкиот археолог Калиопa Лимнеос-Папакоста го бара Златното руно на античката историја, непроценливата гробница на Александар Велики. За сите овие години, таа и нејзиниот тим неуморно копаат во градините Шалалат во Александрија, Египет, градот што го носи името на големиот освојувач. Иако водата постојано го поплавува копањето, таа и нејзините колеги копаат слој по слој од историјата на Александрија. Тие стигнаа до темелите на Александрија, лоцирајќи ги првите патишта изградени во градот, како и темелите на огромната јавна зграда долга над двесте метри, која допрва целосно треба да ја откријат. Историските записи покажуваат дека по неговата смрт…
Екстремно топлото време ќе се задржи и денес, како и во текот на неделата која што ни претстои. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Сепак денес попладне и навечер ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Во среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени, додека во централните и во југоисточните предели истите можно е да се искачат и над 40 степени. Во Скопје и околината…
Претседателот Џо Бајден најверојатно се заразил со многу заразна варијанта на коронавирусот што брзо се шири низ Соединетите Држави и сега има болки во телото и болки во грлото по неговиот позитивен тест, изјави денес неговиот лекар. Варијантата, позната како BА5, е верзија на сојот омикрон што се појави кон крајот на минатата година и се верува дека е одговорен за огромното мнозинство на случаи на коронавирус во САД. Д-р Кевин О’Конор, лекарот на претседателот, во своето последно реферирање за состојбата на Бајден напиша дека се повлекуваат претходните симптоми на Бајден течење на носот и кашлица. Виталните знаци на Бајден,…
Двајца Австријци загинаа при уривање на мал авион во селото Нишиќи во Босна и Херцеговина. Главниот обвинител на Обвинителството на БиХ издаде упатства за координирана акција на сите институции и агенции кои ќе учествуваат во истрагата. „Според првичните информации, две лица, државјани на ЕУ, починале. Местото на настанот ќе биде обезбедено за да се спроведат сите потребни истражни дејствија и вештачења. Ќе се спроведат детални активности со цел да се утврдат сите околности на несреќата“, соопшти Обвинителството на БиХ. Несреќата се случила околу 15 часот на Нишиќката висорамнина во кантонот Сараево. Аваз објави видео од местото на несреќата кое може…
Армијата на Република Северна Македонија го доби првиот контингент од шест лесни оклопни возила од американско производство. Како што објави министерката за одбрана Славјанка Петровска, денеска на пристаништето во Солун, Република Грција, пристигна првата испорака од лесни оклопни возила во рамките на проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“. Оваа испорака претставува сериозен исчекор во процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно НАТО стандардите и ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица, истакна министерката. Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување на договори помеѓу владите на…
Министерството за надворешни работи доцна попладнево излезе со реакција на интервјуто на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров. Во реакцијата се вели: Во врска со интервјуто на МНР на Руската Федерација, Сергеј Лавров во кое се споменува Република Северна Македонија во неприфатлив контекст, посочуваме за следното: Од стекнувањето на независноста на Република Северна Македонија постои силно меѓуетничко и надпартиско единство за членство во Европската Унија. Нашето Собрание пред повеќе од 30 години донесе едногласна одлука за ваквата надворешно-политичка ориентација на земјава. Таквите одлуки за зачленување во меѓународни сојузи, како и секоја друга суверена држава ги донесуваме водени исклучиво од сопствени…