Двајца Австријци загинаа при уривање на мал авион во селото Нишиќи во Босна и Херцеговина.

Главниот обвинител на Обвинителството на БиХ издаде упатства за координирана акција на сите институции и агенции кои ќе учествуваат во истрагата.

Според првичните информации, две лица, државјани на ЕУ, починале. Местото на настанот ќе биде обезбедено за да се спроведат сите потребни истражни дејствија и вештачења. Ќе се спроведат детални активности со цел да се утврдат сите околности на несреќата“, соопшти Обвинителството на БиХ.

Несреќата се случила околу 15 часот на Нишиќката висорамнина во кантонот Сараево.

Аваз објави видео од местото на несреќата кое може да го видите тука.