Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција на МНР за коментарите на Лавров: Успехот за автокефалноста да не го присвојуваат тие што ја спречуваа

0
By Соња Крамарска on July 23, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 23, 2022 19:41

Министерството за надворешни работи доцна попладнево излезе со реакција на интервјуто на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.

Во реакцијата се вели:

Во врска со интервјуто на МНР на Руската Федерација, Сергеј Лавров во кое се споменува Република Северна Македонија во неприфатлив контекст, посочуваме за следното:

Од стекнувањето на независноста на Република Северна Македонија постои силно меѓуетничко и надпартиско единство за членство во Европската Унија.

Нашето Собрание пред повеќе од 30 години донесе едногласна одлука за ваквата надворешно-политичка ориентација на земјава.

Таквите одлуки за зачленување во меѓународни сојузи, како и секоја друга суверена држава ги донесуваме водени исклучиво од сопствени интереси со поддршка од најголемиот број на граѓани.

Во изминатите години сите политички чинители даваа значаен придонес во имплементација на ваквите стремежи.

Денес Република Северна Македонија е полноправна членка на НАТО, заедно со нашите сојузници целосно сме посветени на сочувување на меѓународниот мир и безбедност при што најостро се спротивставуваме на сите кршења на меѓународното право, каков што е случајот со агресијата врз Украина.

Истовремено постојано се бориме против сите злонамерни влијанија од трети држави со цел мешање во нашите внатрешни работи.

Во интервјуто се манипулира со религиозните чувства на православните верници во нашата држава и се користи добивањето на автокефалноста на МПЦ- ОА за промовирање на своите геополитички ставови.

Овој историски настан никој не смее да го присвојува како свој успех, особено не оние кои прикриено се противеа на ваквиот чин.

Во интервјуто што денес беше објавено Лавров рече дека „Западот се обидува да ги претвори Црна Гора и Северна Македонија во алатка во анти-руската игра.

„Се гледа разликата помеѓу она што Црногорците и Македонците го чувствуваат за Русија и она што нивните политичари се принудени да го прават од Брисел, ЕУ и НАТО. Ова е обид да се претворат во „алатка“ во анти-руската игра“, рече Лавров.

„Земјата се преименува во Северна Македонија за да влезе во ЕУ, каде што не беше прифатена и нема да биде прифатена во скоро време. Наместо тоа, тие ги вовлекоа во НАТО, почнаа да ги загреваат русофобичните чувства, агресивната политика кон Руската Федерација. Истото го направија и со Црна Гора: ветија дека ќе влезат во ЕУ, но рекоа дека треба да влезат во НАТО, да се приклучат на санкциите и да заземат став кој е отворено антируски. Тажно е тоа“, смета Лавров во интервјуто.

Тој исто така додаде: „Бев во посета на Скопје и Охрид, видов како луѓето во Македонија се однесуваат кон нашата заедничка историја и религија. Бев и во Црна Гора. Посетив манастири и храмови“.

Лавров позитивно ја оцени одлуката на Архиерејскиот собор за Српската православна црква (СПЦ) за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква (МПЦ).

„Ова обновување на евхаристичкото единство меѓу СПЦ и МПЦ го оценувам како позитивно. Тоа е разумна одлука на СПЦ и патријархот Порфириј“, вели Лавров.

Според министерот, „ова е достоен одговор на интригите на цариградскиот патријарх“.

„Тој се обиде засекогаш да го закопа секој однос меѓу другите православни цркви, пред се српската и македонската. Овој провокативен план е спречен“, нагласи Лавров и додава:

„Со обновувањето на канонското општење меѓу СПЦ и МПЦ доаѓа до повторно воспоставување на евхаристичкото единство со Руската православна црква, за што сме заинтересирани. Сигурен сум дека тоа ќе послужи за доброто на православието“, заклучи Лавров во интервјуто. (С.К.)

МНР реакција Сергеј Лавров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.