Author: Соња Крамарска

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за истражна постапка против едно лице за кривично дело – тешки дела против општата сигурност. Осомничениот 48-годишник, на 22 јули, во алкохолизирана состојба, во катната гаража наспроти Трговскиот центар „Буњаковец“ во Скопје, со метална шипка (хебла) и брава од врата оштетил 18 паркирани моторни возила. Со оглед на тоа што се утврди дека осомничениот со своите дејства причинил материјална штета од поголем обем чиј вкупен износ се проценува на најмалку 208.000 денари, јавниот обвинител оцени дека е исполнет елементот на наведеното кривично дело кое се гони по службена должност и…

Read More

На високи температури, илјадници Унгарци учествуваа на годишниот марш на гордоста во Будимпешта, ветувајќи дека ќе ја продолжат својата борба против владините политики за правата на ЛГБТ кои наидоа на осуда и од ЕУ. Европската комисија ја тужеше Унгарија претходно овој месец поради законот усвоен минатата година за ограничување на наставата за хомосексуалноста и трансродовите прашања во училиштата, најновата мерка против ЛГБТ што ја донесе владата на премиерот Виктор Орбан. Законот беше најавен од неговата администрација како начин за заштита на децата, но групите за човекови права рекоа дека тој ја дискриминира ЛГБТ заедницата и беше означен како „срам“ од…

Read More

Попладнево, непознат администратор ја измени содржината на англиската верзија на биографијата на министерот за надворешни работи Бујар Османи на познатата интернет енциклопедија Википедија. Му го избриша името и наместо Бујар Османи го напиша Бугар Осамени. Кратко време на страницата покрај сликата наместо името стоеше „Бугар Осамени“, па потоа и во описот беше додадено known as a Bugar Osmanov (познат и како Бугар Османов). Само во текот на 40-тина минути, имало 12 промени на страницата на Wikipedia на англиски јазик. За споредба толку промени имало од почетокот на годинава до денес. Симптоматично е и што повеќе ФБ профили објавија фотографии од…

Read More

Светската здравствена организација ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за светска вонредна состојба. Ова според правилата на СЗО е највисоко предупредување кое може да го издаде при пораст на случаи на мајмунски сипаници во светот. Тревогата е прогласена по вториот состанок на Комитетот за итни состојби на СЗО. „Бројката достигна над 16.000 случаи од 75 земји“, соопшти генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус. Досега имаше пет смртни случаи како резултат на избувнувањето, додаде тој. Д-р Тедрос рече дека Комитетот за итни случаи првично не можел да постигне консензус за тоа дали појавата на мајмунски сипаници треба да се класифицира…

Read More

Украинската армија денеска соопшти дека руски ракети погодиле инфраструктура во украинското пристаниште Одеса. Нападот се случи еден ден откако Русија и Украина потпишаа Договор за повторно отворање на пристаништата на Црно Море и продолжување на извозот на жито. „Непријателот го нападна морското трговско пристаниште Одеса со крстосувачки ракети. Силите за воздушна одбрана соборија два проектила, а два ја погодија инфраструктурата на пристаништето“, објави на Телеграм украинската Оперативната команда. (МИА)

Read More

Министерот за финансии на Црна Гора Александар Дамјановиќ оцени дека Црна Гора може да заработи до 20 милиони евра со продажба на тутун конфискуван од пристаништето Бар. Дамјановиќ рече дека неговото Министерство наскоро ќе предложи Закон за преземање на конфискувани тутунски производи од пристаништето Бар, кое стана познато како центар за шверц на цигари. „Со предлог-законот ќе утврдиме рокови за преземање на тутунски производи и понуди на поранешните сопственици. Ако не ја преземат и не ја изнесат од Црна Гора, можеби ќе одржиме јавно наддавање“, рече Дамјановиќ на владината седница. „На овој начин државата би можела да заработи меѓу 15…

Read More

Денеска беше отворен Конзулатот на Србија во Охрид. За почесен конзул е избран охриѓанецот Михајло Филев. На свеченоста присуствуваа министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ, вицепремирката Славица Грковска, министрите за правда Никола Тупанчески и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и други гости. Билатералните односи меѓу двете земји, според шефот на српската дипломатија, се добри во многу сегменти, втемелени на заедничка историја и блиските врски на двата народи, но и заедничката определеност за иднина. „Соработката со соседните земји во чувањето на мирот и стабилноста на регионот, тежнеењето на полноправно членство кон ЕУ, се приоритети на…

Read More

Западот се обидува да ги претвори Црна Гора и Северна Македонија во „алатка“ во анти-руската игра, изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи, објави ТАСС. „Се гледа разликата помеѓу она што Црногорците и Македонците го чувствуваат за Русија и она што нивните политичари се принудени да го прават од Брисел, ЕУ и НАТО. Ова е обид да се претворат во „алатка“ во анти-руската игра“, рекол Лавров. „Земјата се преименува во Северна Македонија за да влезе во ЕУ, каде што не беше прифатена и нема да биде прифатена во…

Read More

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека западните земји, пред се САД и членките на НАТО, се одговорни за војната во Украина, бидејќи ги игнорирале руските барања. Според неговото мислење, до вооружениот конфликт немаше да дојде доколку Доналд Трамп и Ангела Меркел останеа на своите позиции, и сега тој нема да заврши со евентуални украинско-руски мировни преговори, туку само со договор меѓу Вашингтон и Москва. „Русите, како ретко кога досега, јасно, па дури и писмено ги искажаа своите безбедносно-политички барања. Тие побараа Украина никогаш да не стане членка на НАТО и да не биде полигон за ракетна обука за можен…

Read More

На патот Битола – Демир Хисар, на местото викано „Бели Мост“ пред с. Лисолај, патничко моторно возило „форд фиеста“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од А.А. (46) од Битола, излетало од патот. Возачот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал доктор од Итната помош, се вели во соопштението од МВР. Како што информираа од МВР, увид бил извршен од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Read More

Министерот за здравство Беким Сали кој на функцијата е назначен на 16 јануари 2022 година, смета дека клучниот Закон за заштита на пациентите никаде не се спроведува и не се почитува. Тој во интервју за поткастот на ИРЛ рече дека почнал процедура за измена на Законот за правата на пациентите и на Законот за здравствена заштита, за да се вратат надлежностите од Лекарската комора кај министерот со цел случаите кај кои има сомневања за лекарски грешки, да не се затајуваат и да имаат брз епилог. Министерот Беким Сали откри дека за време на пандемијата и тој го изгубил неговиот татко…

Read More

Министерството за правда ќе предложи во иднина извршувањето на затворската казна на осудениот да се врзе со неговото место на живеење во последните две години, изјави министерот за правда Никола Тупанчески во неделното интервју за радио Слободна Европа. Неговиот коментар следува откако поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, а претходно и бизнисменот Орце Камчев ги променија адресите на живеење во Охрид и создадоа правна основа за одржување на затворската казна во затворот во Струга. „Испадна дека Струга е градот на затворски туризам. Се работи нели за закон од отворен тип и се разбира дека и во однос на безбедноста и…

Read More