Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тупанчески против „затворскиот туризам“: Треба измена во законот за санкции

0
By Соња Крамарска on July 23, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 23, 2022 12:35

Министерството за правда ќе предложи во иднина извршувањето на затворската казна на осудениот да се врзе со неговото место на живеење во последните две години, изјави министерот за правда Никола Тупанчески во неделното интервју за радио Слободна Европа. Неговиот коментар следува откако поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, а претходно и бизнисменот Орце Камчев ги променија адресите на живеење во Охрид и создадоа правна основа за одржување на затворската казна во затворот во Струга.

„Испадна дека Струга е градот на затворски туризам. Се работи нели за закон од отворен тип и се разбира дека и во однос на безбедноста и условите за издржување на казната се попривилегирачки или подобри во однос на другите казнено поправни установи во нашата држава. Правна можност за тоа постои, но она што ние можеме да го направиме како правда во иднина, еве се менува и законот за извршување на санкции, каде што еве како идеја би можело да ставиме, односно би било добро извршувањето на казната да се врзе со последните 2 години на живеалиште од пред извршување на кривичното дело. На таков начин ние би избегнале оваа апсурдна ситуација, или ситуација која можеби по малку наликува на злоупотреба или излегување од правата рамка“, вели Тупанчески во интервјуто.

Во врска со институтот спогодба на вина преку кој и на Камчев и на Мијалков им беше намалена затворската казна, Тупанчески вели дека овој механизам е во согласност со нашиот правен систем, но дека треба да се внимава на евентуалната злоупотреба на оваа мерка.

„Во принцип јас конкретни пресуди не коментирам, меѓутоа можам да зборувам за состојбите. Спогодувањето на вина претставува елемент или сегмент од прецедентното право којшто е пресликан во нашиот правен систем, посебно во Законот за кривична постапка. Идејата беше добра, во насока на тоа дека доколку постојат под одредени услови коишто се строго определени, заради економичност на постапката да се примени тој институт. Не можам да кажам дека имаме резултати на тој план. Дали имаме злоупотреба на институтот спогодување на вина е прашање за кое можеби треба да се дискутира и тоа е поразличен дискурс. Секогаш потенцирам дека казната мора да биде индивидуализирана и да биде во пропорција со неправото кое претходно било извршено, со квалитетот на неправо и она што се нарекува инкриминација. Без таква пропорција, ние не сме ја постигнале целта“, вели Тупанчески.

Инаку Мијалков призна вина за случајот и се спогоди со „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Тој ќе оди три години во затвор и ќе му се одземе имот во вредност од околу 30 милиони евра. Претходно и Камчев, постигна спогодба во „Империја“ и доби една година затвор. Истиот доби пресуда и во случајот „Плацови на Водно“ каде што со првостепена пресуда, исто така, беше осуден на едногодишна казна затвор. Покрај затворската казна, тој да уплати и пет милиони евра во државниот буџет. (Р.Н.)

„затворски туризам“ Никола Тупанчески санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.