Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Преку седум јавни огласи на располагање ставени се вкупно 13.758 хектари државно земјоделско земјиште, за обработка на житни култури, за подигнување на долгогодишни насади и за производство на сточна храна, велат од Министерството за земјоделие, водостопанство и храна. Овие парцели земјоделско земјиште се распоредени низ целата територија на државата со површини до и над три хектари. Со тоа, секоја педа обработливо земјиште се става на располагање на земјоделците, за да се зголеми домашното производство и да се намали зависноста од увоз, велат од Министерството. За да им се излезе в пресрет на земјоделците во овие комплицирани времиња, се дава поддршка…
На 22.07. и 23.07.2022 во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода В.А.(18), Г.С.(31) и З.М.(46), сите од Радовиш. Имено, на 22.07.2022 во 21.00 часот во Радовиш, полициски службеници извршиле преглед во патничко моторно возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал В.А., при што била пронајдена марихуана. По преземени мерки било констатирано дека В.А. ја купил дрогата од З.М. и требало дел од неа да му предаде на Г.С.. Истиот ден, во 22.15 часот, од слобода бил лишен Г.С., а денеска (23.07.2022) во 10.00 часот од слобода бил лишен и З.М.. При претрес во домот…
Британци се воодушевени од македонскиот јазик и го изучуваат на одделен курс на којшто подетално се пренесуваат знаења и за македонската литература и култура, велат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Веќе три академски години по ред, на Школата за словенски и источноевропски студии на престижниот Лондонски глобален универзитет се одржува курс по македонски јазик. Деновиве успешно заврши летниот семестар на курсот, при што уште еднаш беше потврдена посветеноста на студентите во изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура, но и нивната определба да бидат афирматори на македонистиката во Обединетото…
Пожарот над селото Митрашинци кој веќе трет ден е активен и понатаму се гасне, а пожарникарите и луѓето од Берово кои учествуваат во неговото гаснење ќе останат на терен се до негово целосно локализирање, јавува Малешнет. Сашко Руменовски, командир на Територијалната противпожарна единица од Берово информираше дека покрај гаснењето од земја од утрово повторно имаат и воздушна поддршка. „Со цел скратување на времето за полнење вода од Беровско Езеро во село Будинарци е поставен импровизиран базен, од каде хеликоптерот ќе полни вода заради побрза интервенција“, вели Руменовски. Додава дека од утрово контролата за справувањето со огнената стихија ја презел Управувачкиот…
Маричиќ: Уставните измени што сега треба да ги направиме, не се толку проблематични како претходните
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во емисијата „Трилинг“ најави дека за уставните измени ќе се отвори дијалог со сите партии и сите пратеници ќе имаат можност во наредниот период да се изјаснат на која страна на процесот ќе бидат, дали за ЕУ и продолжување на тој пат или за нов застој и блокади. „Јас сум убеден дека мудро ќе одлучат пратениците во тој нареден период, имаме доволно време да разговараме со сите и да ги убедиме и се надевам исто така и дека опозицијата ќе го разбере овој процес колку е важен и колку е важно да се обединиме…
Доставувачот на пица Николас Бостик спаси пет човечки животи од куќа во Лафајет, Индијана – САД, по што беше наречен херој од полицијата. Бостик поминувал со автомобил и забележал дека спроти улицата една куќа е во пламен. Веднаш го запрел автомобилот и се искачил од задниот влез на куќата до катот. Таму нашол повеќе деца. „Им реков да тргнат по мене по скалите, да ме следат и ќе излеземе. Кога излеговме ги прашав дали има уште некој внатре. Ми рекоа дека има. Се вратив и го земав последното дете. Десната рака ми е во изгореници, дланката ми е како да…
Фестивалот „Охридско лето“ ја слави културата, а културата не е култура ако зад неа не стои јазик, истакна министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, кој синоќа пред настапот на српскиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот ансамбл „Камерата“ од Нови Сад, пред присутните се обрати на македонски јазик. За време на Фестивалот забележа дека Охрид се претвора во духовна престолнина, каде гостуваат светски познати изведувачи. Изразувајќи благодарност за организацијата на Српска вечер во рамките на фестивалот, посочи дека покрај Миленковиќ и „Камерата“ на годинашното издание ќе настапат и Оркестарот на операта на Српскиот народен театар од Нови Сад,…
Хемофилтрацијата во клиниката „Жан Митрев“ се користела како „волшебен“ третман, вели министерот за здравство, Беким Сали во поткастот „Разговор во редакција“ на ИРЛ. Министерот рече дека стручна комисија ќе даде финално објаснување кога се користел методот, врз основа на документи. „Нечиста крв“ и работењето на Клиничката болница „Жан Митрев“ доведе до експлозија од реакции во јавноста. Пратениците од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека е потребно за овој случај да се расправа и во Собранието. Од „Жан Митрев“ ги повикаа инспекциите да ги извршат контролите и надзорите. (Р.Н.)
Полициски службеници од Полициска станица Центар при СВР Скопје денеска (22.07.2022) го привеле С.А. (48) од Скопје, постапувајќи по пријави од граѓани примени во 07.25 и 07.40 часот, според кои во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар било извршено оштетување на нивните патнички возила, информираа од полицијата. По оштетувањето на автомобилите во монтажната катна гаража зад трговскиот центар во „Буњаковец“, градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, разговараше со Игор Стаменковски, командир на полицијата. „Сликите од утринава со искршени прозорци и шофершајбни во катната гаража кај трговскиот центар ‘Буњаковец’ навистина ги вознемири центарци. Разговарав и со командирот на полициската…
Денеска продолжува потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски кој 14-ти ден се води како исчезнат, од саботата, на 9 јули кога заедно со неговите двајца пријатели решиле да нурнат на плажата Мити во Посеиди, Халкидики и беа однесени од силни морски струи. Сојузник им е доброто време и мирното море, што не беше случај во првите денови од потрагата, кога беа спасени неговите двајца пријатели Васил и Иван. Воздушните средства на Солунскиот аероклуб денеска повторно ќе се обидат да ја скенираат областа, додека потрагите ќе се префрлат и на исток, односно на Света Гора, бреговите на Лезбос и Самос со помош на…
Собранискиот спикер Талат Џафери денеска ја прекина работата на 79-тата седница, со образложение дека нема услови да се одлучува за прашањата, бидејќи во салата присуствуваа само 53 пратеници, од потпишани 85. Џафери ги повика претседателите на пратеничките групи од парламентарното мнозинство во 13 часот да се состанат кај него и да се договорат како ќе продолжат со работа. „Поради фактот дека пратениците се потпишаа и одлучија да не влезат во салата, Собранието нема услови да може да одлучува за прашањата за кои треба да одлучува. Ова јасно ни кажува за пратениците и за ставот кој го имаат. Некои мислат дека…
„Пожарот е веќе ставен под контрола, верувам дека денес или најдоцна утре ќе биде изгасен. Дури и да има чад, пожарот е веќе ставен под контрола, горат само грмушки но без дополнителна согорлива материја која може да предизвика поголем пожар“, изјави од местото на пожарот во беровско, директорот на Агенцијата за заштита и спасување Беким Максути. „Можам да ја нагласам брзата реакција но и соработката што ја имаме меѓу институциите пред се Центарот за управување со кризи, и со локалната самоуправа, но и со доброволните друштва за кои што сакам навистина да упатам благодарност до сите тие кои што се…