Published: Saturday, July 23, 2022 08:28
Хемофилтрацијата во клиниката „Жан Митрев“ се користела како „волшебен“ третман, вели министерот за здравство, Беким Сали во поткастот „Разговор во редакција“ на ИРЛ.
Министерот рече дека стручна комисија ќе даде финално објаснување кога се користел методот, врз основа на документи.
„Нечиста крв“ и работењето на Клиничката болница „Жан Митрев“ доведе до експлозија од реакции во јавноста.
Пратениците од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека е потребно за овој случај да се расправа и во Собранието. Од „Жан Митрев“ ги повикаа инспекциите да ги извршат контролите и надзорите. (Р.Н.)




