Author: Соња Крамарска

Државните институции ги презентираа најновите податоци за опфатот со редовни вакцини за деца во април годинава, предупредувајќи дека опфатот е низок на државно ниво, особено за вакцината против мали сипаници, рубеола и заушки позната како МРП. Иако стапките на вакцинирани деца во 2021 за прва доза МРП  изнесува 70,4 отсто, а за втора доза 80,4 отсто и се зголемени во споредба со стапките во 2020 кога за прва доза МРП 63 отсто, а за втора доза 68,5 отсто, овој опфат е далеку од потребниот процент од 95 отсто вакцинирани деца за постигнување колективен имунитет и заштита во заедницата. Загрижува тоа што стапките на вакцинација против…

Read More

Пратеникот Антонио Милошоски, кој е и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика на денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања побара од премиерот Димитар Ковачевски пред пратениците да се дискутира за преговорите со Бугарија. Милошоски предложи Ковачевски да дојде заедно со министерот Бујар Османи, вицепремиерот Бојан Маричиќ, но и со поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер и вицепремиер Никола Димитров, како политичари кои воделе преговори и кои се запознати со деталите. На тоа Ковачевски одговори дека нема да има ништо против во Собранието да се одржи таква расправа, но му дофрли на Милошоски: „Ако барате таква седница…

Read More

„На конгресот на европските народни партии беше донесена резолуција во која што се вградени барањата во однос на негирање на националниот и историскиот континуитет на Македонците и на таа резолуција присуствуваше делегација на највисоко ниво од ВМРО-ДПМНЕ. Никаде не видовме прес-конференција на спротивставување, тоа ќе остане запаметено“, и порача на опозицијата шефот на Владата Ковачевски на денешната седница за пратенички прашања. Тој рече и дека е „лесно некој да брани национални интереси тука, дома, но, кога треба да се бранат национални интереси пред 27 земји, тогаш на некого тоа му е тешко, а некој тоа мора да го направи како што…

Read More

Компанијата „Gulf Oil“ Македонија водена од својата мисија на општествено одговорна компанија, придонесува за градење на одржлива и поубава иднина на нашите сограѓани. Животот на родителите на деца со здравствени проблеми, е повеќекратно усложнет и полн со стравови. „За да им бидеме поддршка во надминување на секојдневните предизвици, „Gulf Oil“ Македонија донираше прехранбени производи, масло за јадење и средства за лична хигиена, на семејства на деца со попреченост, на територија на општина Куманово“, објавија од компанијата. Донираните производи до семејствата на децата со попреченост, ќе стигнат преку здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, кое помогна да се…

Read More

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во моментов држи прес -конференција на која ги објави новите цени на електричната енергија кои ќе важат од 1 јули, и кои ќе се пресметуваат според таканаречени тарифни блокови кои се воведуваат првпат. Ќе има четири тарифни блокови, од кои се прогнозира дека најефтин ќе биде првиот тарифен блок кој опфаќа месечна потрошувачка до 210 киловатчасови, а со потрошувачката ќе се зголемуваат и цените, вториот блок е за потрошувачка од 210 до 630 киловатчасови, за третиот од 630 до 1050, и четвртиот кој е најскап е за месечна потрошувачка над 1050 киловатчасови.…

Read More

Француските дипломати во седиштето на ЕУ не се запознаени со нова иницијатива за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје по посетата на македонската делегација во Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел. Според информациите на МИА, процесот е целосно во рацете на Софија и Скопје, а делумно и во Париз, пред сѐ кај францускиот претседател Емануел Макрон, чиј предлог беше отфрлен минатата недела од страна на Северна Македонија. Македонската влада ги истакна своите црвени линии: јазикот, Уставот, протоколот, историјата, и рече дека е подготвена да разгледа нов предлог, доколку таков биде ставен на маса. Медиумите информираа дека македонска делегација…

Read More

Собранискиот спикер Талат Џафери во врска со прашањето за пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, дали припаѓа на мнозинството или на опозицијата, денеска на брифинг со новинарите одговори дека бидејќи Реџепи во поднесената изјава се изјаснува како независен пратеник, тоа значи и дека „тој припаѓа на мнозинството“. „Тој се изјасни дека излегува од партијата Алтернатива и од дента кога ми пушти писмо, тој се изјасни како независен пратеник во смисла дека веќе не почитува партиски одлуки од Алтернатива. Фактот што не се изјасни по однос на мнозинство или опозиција, значи останува официјално во мнозинството, бидејќи не се изјаснил по тој статус.…

Read More

Македонскиот тим во состав претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и шефот на дипломатијата Бујар Османи, влезе во конгресната палата на Мадрид каде што се одржува самитот на НАТО. На свечениот пречек, шефовите на делегациите беа поздравени од страна на домаќинот, премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез и Генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг. Во фокусот на состанокот е зајакнување на долгорочното одвраќање и одбрана на НАТО, лансирање на Стратешкиот концепт на НАТО 2030, одржување на трансатланското единство и солидарност на Алијансата, и потврдување на партнерствата и поддршка за политиката на отворени врати во светло на апликациите…

Read More

Идејата за поделба на блокови за потрошувачка енергија според кои ќе се утврдува цената за потрошен киловат час во пракса ќе покаже дека е речиси невозможно едно четиричлено семејство да ги задоволи сите потреби во текот на еден месец, а да потроши по 210 киловатчасови месечно електрична енергија и да влезе во првиот тарифен блок, во кој се очекува цената ќе биде најприфатлива и најниска, објави денес весникот Нова Македонија. До ваков заклучок доаѓа професор Васил Шаревски од Машинскиот факултет, чиј научен интерес е термотехника и термоенергетика, кој за весникот изготвил анализа во која се гледа дека едно четиричлено семејство…

Read More

Еден од најпопуларните француски ловци го заврши својот последен лет во париските воздухопловни сили. Mirage 2000C се пензионира откако наполни 39 години. Авионот од четвртата генерација е произведен во 601 примерок, продаден во 9 различни земји. Интересно, Бразил го повлече Mirage 2000C пред Франција. Mirage 2000C беше дизајниран во доцните 1970-ти како лесен воздухопловен борец за да го замени Mirage III. Проектот почна уште во 1965 година, кога Франција и Британија се договорија да развијат заеднички авион со променлива геометрија на крилата. Две години подоцна, Париз се откажа од проектот и наместо тоа одлучи да создаде авион со делта крила.…

Read More

На македонскиот државјанин Перпарим Адеми (60), кој на 31 декември 2020 година изврши двојно убиство во Тирана  му се заканува казна доживотен затвор. -Обвинителството денеска побара доживотен затвор за Перпарим Адеми, кој утрото на 31 декември 2020 година смртно ги застрела сестрите Кристина Барди и Жанета Метани, во нивниот стан во населбата „Астир“ во Тирана, пренесува Ора њуз. Тој со рафал од автоматска пушка најпрво ја усмртил Жанета, со која бил во љубовна врска, на која таа сакала да и стави крај, а потоа и нејзината сестра Кристина. Според полицијата пред неколку години Перпарим го сменил презимето од Тела во Адеми.…

Read More

Во сечиј интерес е преговорите да почнат сега. ЕУ останува со Северна Македонија, ние сме најголем донатор во земјата и ги поддржуваме реформите во разни области, а вложуваме и во инфраструктурата, работни места и деловни субјекти, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир, на првата сесија на 19-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ, кој се одржува денеска во Собранието. Зборувајќи во име на Европската служба за надворешни работи и Европската комисија, Гир рече дека и покрај важните геополитички случувања на Самитот на ЕУ, за жал не можело да се отворат пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија,…

Read More