Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски до ВМРО-ДПМНЕ: Молчевте на конгресот на европските народни партии!

0
By Соња Крамарска on June 29, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 29, 2022 15:36

„На конгресот на европските народни партии беше донесена резолуција во која што се вградени барањата во однос на негирање на националниот и историскиот континуитет на Македонците и на таа резолуција присуствуваше делегација на највисоко ниво од ВМРО-ДПМНЕ. Никаде не видовме прес-конференција на спротивставување, тоа ќе остане запаметено“, и порача на опозицијата шефот на Владата Ковачевски на денешната седница за пратенички прашања.

Тој рече и дека е „лесно некој да брани национални интереси тука, дома, но, кога треба да се бранат национални интереси пред 27 земји, тогаш на некого тоа му е тешко, а некој тоа мора да го направи како што јас, претседателот на државата, коалициските партнери и граѓаните на државата тоа го направивме, без разлика на својата припадност – се борат за својот национален, етнички верски идентитет и континуитет. На еден секогаш му припаѓа честа тоа да го брани и пред други, овојпат тоа на мене ми припадна како чест и сум горд што сите заедно застанавме и го кажавме тоа што требаше да го кажеме, не навредувајќи никого ниту дома ниту надвор“, рече Ковачевски, на седницата за пратенички прашања во Собранието.

Во однос на прашањето дали е подготвен да се согласи на предвремени избори Ковачевски одговори дека е поважно да се одбранат интересите на државата алудирајќи на последниот развој на настаните околу бугарското вето и неуспехот Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

„Предвремени парламентарни избори не треба да има. Ние во моментов имаме Влада којашто се грижи за националните интереси и за достоинството на сите граѓани, без разлика на тоа од која етничка, верска и национална припадност доаѓаат. Тоа се случи и во изминатиот период, кога националните интереси на Република Северна Македонија, согласно одлуките и резолуциите донесени тука во Собранието, беа застапувани од страна на сите членови на Владата, без разлика на тоа дали се Македонци, Албанци Турци, или од која било друга национална припадност. И тоа се потврди мината недела кога на принципиелен начин ние ги искажавме нашите ставови пред сите наши партнери во ЕУ и пошироко“, посочи Ковачевски. (С.К.)

ВМРО-ДПМНЕ Димитар Ковачевски пратенички прашања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.