Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Напаѓач со нож избоде неколку луѓе во засолниште за баратели на азил во јужна Германија, убивајќи еден маж, а рани најмалку пет лица, објави германската новинска агенција ДПА. Напаѓачот, наводно жител на засолништето, се вели дека во неделата вечерта тропнал на вратите од просториите на зградата во Кресброн, на езерото Констанца. Кога жителите отвориле, тој ги избодел со нож, пренесе ДПА. Од здобиените повреди еден маж починал веднаш, еден тешко повреден е пренесен во болница, а уште четворица повредени исто така се однесени со Брза помош во болница. Засега не е јасно дали се ранети и други луѓе. Полицајците приведоа…
Синдикатот на Клиничкиот центар прифатил линеарно зголемување на платите за сите вработени во јавното здравство од 2806 денари наместо скалестото покачување на платата од 18,4 проценти кое им следуваше согласно Законот за минимална плата по шесте месеци од неговата примена. Како што соопшти Синдикатот, тие го прифатиле линеарното зголемување на молба на министерот и заменик министерот за здравство кои им ја предочиле, како што велат, тешката економска состојба. „Се надеваме дека министерот за здравство ќе го почитува договорот и дека основната нето плата на сите вработени во јавното здравство ќе се зголеми за 2806 денари. Во оваа прилика, сакаме да…
Кој троши помаку, ќе плаќа помалку, кој троши повеќе ќе троши повеќе – порача денес претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, во пресрет на новиот тарифник за плаќање на електричната енергија кој треба да стартува во петок 1 јули. Бислимоски вели дека новите тарифни блокови се еден вид концепт како што беше персоналниот данок, односно кој има поголеми приходи плаќа повеќе данок, кој има помали ќе плаќа помалку. Ефтината тарифа продолжува како и досега од 22 часот до 07 часот наутро, и недела, при што кај ефтината тарифа нема ни да важат блоковите кои се воведуваат со новиот…
Покрај редовната комуникација со амбасадата на Франција во земјава, министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со кабинетот на претседателот Емануел Макрон, соопшти канцеларијата на Османи. Тој од Париз, како што се додава, добил уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија, направена е ненамерна грешка, потврдувајќи го притоа официјалниот став на Франција за целосно почитување на официјалното име на државата, државјаните на Северна Македонија, како и соодветните придавки, на начин како тие се дефинирани и прифатени во Обединетите нации, согласно Преспанскиот договор, соопштија од канцеларијата на министерот за надворешни работи. (С.К.)
Дрска кражба се случила викендот во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во централното градско подрачје. Мета, покрај објектот, биле и 16 уметнички дела на познатиот уметник Павле Кузмановски по два дена од отворената изложба на слики. Шест слики, како што изјавија соговорниците на НоваТВ, биле изнесени во ноќта во петокот кон сабота и како тоа да не било доволно на провалниците, па наредната ноќ се вратиле по уште 10 и едноставно ги „соголеле“ ѕидовите на „Матица Ексклузив“. Немилиот настан го забележал еден од соседите на мултимедијалниот културен центар и веднаш алармирал кај сопственикот Раде Силјан. „Промоцијата се случи и сè…
Два дена по отварањето на изложбата на слики во Мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив од уметникот Павле Кузманоски, украдени се 16 негови ретки дела во маслена техника, пастели, акварели и цртежи во туш на тема урбани пејсажи, создадени во последните 60 години. „По големата кражба во седумдесетите години на минатиот век на делото на Пикасо од Музејот на современа уметност во Македонија, денес сме сведоци на кражба и на исклучително вредни уметнички дела од нашиот голем сликар“, наведуваат од Матица Ексклузив.
Посетителите на скопската Зоолошка градина од денеска ќе можат да даваат предлози за избор на имиња на трите нови женски лавчиња. Од денеска тие ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште и посетителите за првпат ќе имаат можност да ги видат одблизу. Граѓаните, како што соопштија од Зоолошката градина, предлозите ќе може да ги ставаат во пластичните кутии кои се поставени на влезот на Зоолошката градина. Предлози ќе можат да се пишуваат и во коментар на објавата на фејсбук-страницата на Зоолошката градина, како и на објавата на фејсбук-страницата на Град Скопје. Анкетата за именување на малите лавици ќе трае една недела,…
На уникатен и необичен начин, овој викенд започна деветтото долго очекувано издание на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“, организиран од Театар Комедија и општина Аеродром. На репертоарот овој викенд се најдоа македонската претстава „Да, инспекторе“ и претставата на Театар Славија од Белград „Опасна љубовна игра“, при што беше забележана масовна посетеност од страна на аеродромци. Програмата продолжува и во наредните денови, а сите љубители на театарската уметност можат да се смеат и забавуваат со претставите „Прекрасна недела за Крев Коер“ од Народен театар „Иван Вазов“ од Софија што ќе се одигра вечерва, утре (вторник) на репертоар е „Паника во Хотел Палас“ на струмичкиот театар, а во…
Кога ќе ви протатни над глава огромниот Ербас -320 погледнете нагоре и поздравете ја нашата Ива Матиќ од Скопје. Можеби токму таа е на пилотското место. Или поточно на копилотското место како нова пилотка која неодамна ја доби лиценцата за цивилен пилот на комерцијални летови. Ива првпат ја видов зад пилотските команди на огромниот воен и транспортен хеликоптер Ми-17. Слегуваше од кабината на ова транспортно чудовиште, грациозно симнувајќи ја заштитната кацига со самодоверба газејќи по скалилата кои го поврзуваат хеликоптерот со земјата. Тоа беше последен пат што ја видов електро-инженерката Ива како се симнува по скалила надоле. Нејзиното следно одење…
Зголемени доспеани а неплатени обврски на јавните претпријатија на локално ниво, на јавните здравствени институции, на општините, во образованието. Намалување има кај jавните претпријатија и фирми во државна сопственост, пишува “Порталб“. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека во првиот квартал од годинава, во кој се прелеа ланската енергетска и гасна криза „зачинета“ со засилена инфлација, доспеаните а неплатени обврски на институциите под државна капа изнесуваат 391,2 милион евра. Притоа на новата „должничка листа“ се најдоа 1 231 државна институција. Само за три месеци значајно се зголемени доспеаните а неплатени обврски на буџетските корисници од прва и од втора линија – министерства,…
Јас секогаш гласав за ЕУ а сега ми го одзедоа тоа право – вели поранешниот пратеник Иван Анастасовски по вчерашниот бурен ден во Брисел кој ја дигна до максимум политичката температура во земјава. По преспивањето на настаните неговиот коментар денес е дека Македонија вчера паднала на последната препрека од својот долгогодишен пат и затоа и порачува на Владата да направи анализа кој го промашил патот и да понесе одговорност. „Верувам дека херојството ќе ве држи три дена како и секое чудо. Но Македонија падна на последната препрека од својот долгогодишен пат, и не е лошо во меѓувреме Владата да си…
„Се уште не знаеме која е финалната верзија која ја усвоило бугарското Народно собрание. Треба да ја видам па да дадам став. Но за нас се главни три точки: јазикот, да не бидат историските прашања дел од преговарачката рамка, и динамиката на уставните промени бидејќи не може да почнеме со уставни промени пред да ги почнеме преговорите со ЕУ. Доколку добиеме предлог во кој ќе бидат земени предвид нашите позиции, може да дојде и до договор во следните денови“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска, сумирајќи го вчерашниот ден кога премиерот Ковачевски во Брисел рече „не“ за францускиот…