Напаѓач со нож избоде неколку луѓе во засолниште за баратели на азил во јужна Германија, убивајќи еден маж, а рани најмалку пет лица, објави германската новинска агенција ДПА.

Напаѓачот, наводно жител на засолништето, се вели дека во неделата вечерта тропнал на вратите од просториите на зградата во Кресброн, на езерото Констанца. Кога жителите отвориле, тој ги избодел со нож, пренесе ДПА.

Од здобиените повреди еден маж починал веднаш, еден тешко повреден е пренесен во болница, а уште четворица повредени исто така се однесени со Брза помош во болница. Засега не е јасно дали се ранети и други луѓе.

Полицајците приведоа 31-годишен маж, чие име не беше дадено во согласност со германската политика за приватност, пред засолништето за баратели на азил. Форензичарите го истражуваа местото на настанот во понеделник наутро. (АП)