Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детали за кражбата во „Матица“: Дрскиот крадец прво украл шест слики, а потоа се вратил по уште 10

0
By Соња Крамарска on June 27, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Уметникот Павле Кузмановски Фото: миа.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 27, 2022 13:34

Дрска кражба се случила викендот во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во централното градско подрачје. Мета, покрај објектот, биле и 16 уметнички дела на познатиот уметник Павле Кузмановски по два дена од отворената изложба на слики.

Шест слики, како што изјавија соговорниците на НоваТВ, биле изнесени во ноќта во петокот кон сабота и како тоа да не било доволно на провалниците, па наредната ноќ се вратиле по уште 10 и едноставно ги „соголеле“ ѕидовите на „Матица Ексклузив“.

Немилиот настан го забележал еден од соседите на мултимедијалниот културен центар и веднаш алармирал кај сопственикот Раде Силјан.

„Промоцијата се случи и сè мина во најдобар ред. Откако завршивме, заклучивме и заминавме. Доцна вечерта сосед му се јавил на Раде Силјан и му кажал оти забележал дека вратата е скршена вратата. Констатиравме дека недостасуваат шест слики. Она што е интересно е дека во ноќта на сабота кон недела земале уште 10 слики. Тоа се дела што се застапни во монографијата „Урбани пејзажи создадени во последните 60 години“, ни изјави Павле Кузмановски.

Додека разговаравме со Кузмановски, на лице место имаше припадници на полицијата кои го истражуваат случајот.

„Се чекаат и инспектори. Има сигурносни камери и во објектот, и од спротива, и во „Македонска лотарија“. Но, искрено не верувам дека делата ќе бидат најдени и ќе се вратат. Вредноста на делата е релативна, кои како ги толкува. За мене се бесценети оти меѓу нив имав дела од детството, од уметничката школа, од Белград, од Академија, од Париз, пастели, дела од Тетово, од Охрид. Ако треба да се каже цена, таа би била меѓу 10 и 15.000 евра“, додаде Кузмановски за НоваТВ.

Изненаден од кражбата во „Матица ексклузив“ е сопственикот Раде Силјан кој се надева дека сторителите ќе бидат најдени и изведени пред лицето на правдата, а делата вратени онаму каде што припаѓаат.

„Во саботата доцна вечерта бев во Катланово кога се јави соседот и ми кажа дека вратата во Центарот е разбиена. Во неделата наутро, околу 03:15 часот, иста слика. Во двата наврата се одземени вкупно 16 слики, шест во саботата и уште 10 во неделата. Ќе чекаме резултати од истрагата и се надеваме дека сторителите ќе бидат најдени и казнети и сликите вратени“, вели Силјан.       

С.Д.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.