Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јавното здравство ги чека своите 2806 денари линеарно зголемување на платите

0
By Соња Крамарска on June 27, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 27, 2022 14:51

Синдикатот на Клиничкиот центар прифатил линеарно зголемување на платите за сите вработени во јавното здравство од 2806 денари наместо скалестото покачување на платата од 18,4 проценти кое им следуваше согласно Законот за минимална плата по шесте месеци од неговата примена.

Како што соопшти Синдикатот, тие го прифатиле  линеарното зголемување на молба на министерот и заменик министерот за здравство кои им ја предочиле, како што велат, тешката економска состојба.

„Се надеваме дека министерот за здравство ќе го почитува договорот и дека основната нето плата на сите вработени во јавното здравство ќе се зголеми за 2806 денари. Во оваа прилика, сакаме да истакнеме дека планираното покачување на платите во јавното здравство за 5 проценти за Синдикатот на Клинички центар не е прифатливо. Доколку основните плати во јавното здравство во договорениот рок не се покачат за 2806 денари, Синдикатот на Клинички центар ќе бара усогласување на платите и нивно покачување за 18,4 проценти согласно Законот за минимална плата и ќе се бори со сите средства кои му се на располагање тоа да го оствари“, предупредија од здравствениот синдикат.

Синдикатот дополнително посочи и дека доколку не се оствари линеарното зголемување од 2806 денари, ќе дојде и до бран од тужби од вработените за зголемување на платата за 18,4 проценти согласно Законот за минимална плата. (Р.Н.)

Здравствен синдикат Клинички центар линеарно зголемување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 8, 2026

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

ВЕСТИ August 8, 2026

Дваесет и пет години од загинувањето на десетте прилепски резервисти кај Карпалак беа одбележани со…

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.