Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Во Брисел, денеска започна дводневниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, на кој учествува и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски. https://www.youtube.com/watch?v=FvtazdNmoLo На Самитот учествуваат шефови на држави и влади на Европската Унија и од регионот на Западен Балкан. Ќе се разговара за пошироката Европа, Западен Балкан, Украина, апликациите за членство во ЕУ од Украина, Република Молдавија и Грузија, како и економските прашања и надворешните односи. Пред состанокот на Европскиот совет, лидерите на ЕУ и Западен Балкан ќе се сретнат и ќе разговараат за перспективите за европската интеграција на регионот.
Во скопската гимназијата „Орце Николов“ во првиот уписен рок конкурираа за слободните 252 места речиси 300 основци од кои сите беа со одличен успех и ист број на поени, поради што мораше да полагаат тестови по македонски јазик и по математика за целата материја од шесто до деветто одделение за да се запишат во ова престижно средно училиште. Резултатите кои излегоа доцна вечерта покажаа дека овие одлични ученици не покажаа толку добар успех и на приемните тестови. Според објавените резултати од тестирањето на 292-ца ученици, што ги објави Телма, само 11 ученици оствариле повеќе од 76 отсто од вкупно 170…
Францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија се состои од три независни елементи. Првиот документ, нацрт-заклучоците на Советот, ни кажува дека темата „билатералните односи Скопје-Софија“ ќе биде дел од преговарачкиот процес. Овој документ, како и вториот документ, преговарачката рамка, се однесуваат на трет, клучен документ – Билатерален протокол, во кој нема ништо француско и е целосно производ на договор меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. Ова е всушност патоказ со конкретни заложби и чекори кои Скопје мора да ги исполни како возврат да го укинеме ветото. Иако недоволен, билатералниот протокол ја прави историјата услов…
Еден од водечките светски фестивали и убедливо најголемиот во регионов, „ЕГЗИТ“ (EXIT) фестивал ја состави целокупната програма која ова лето ќе биде во знакот на најсилните музички изданија. Први меѓу најдобрите кои од 7 до 10 јули ќе зачекорат на Петроварадинската тврдина се Калвин Харис, Ник Кејв и „Бед Сидс“, Иги Азалиа, Џејмс Артур, Маскд Вулф, Зу, Сепултура, Масео Плекс, Хани Дижон, Борис Брејча, Стефан Бодзин, АРТБАТ, Денис Султа, Диџеј Тенис, Анфиса Летјаго, Марки Рамон, „Напалм Дет“, „Експлоитед“, „Блајнд Чанел“, Адам Бејер б2б Енрико Сангилиано, Дакс Џеј, Сама’ Абдулади, како и силната регионална екипа која ја предводат Кирил Џајковски, Констракта, Сенида, „Прти Бе Ге“, Марчело, „Бркови“, „Артан Лили“, „Параф“, Кило Кило,…
Очекуваме владата да го направи она што е неопходно да помине низ парламентот денеска за да може Европа да оди напред, напиша Вархеји веднаш откако Бојко Борисов објави дека ГЕРБ изразува целосна поддршка за предлогот. Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји му се заблагодари на лидерот на опозициската партија во Бугарија, Бојко Борисов за историската одлука. We thank leader of opposition Gerb @BoykoBorissov for making a historical decision for Europe & for 🇲🇰to accept negotiation based on🇫🇷proposal allowing to proceed w/ opening accession nego w/ 🇲🇰. We expect gov’t making necessary proposals to Parl today so Europe can move forward. —…
Напредната 5G мрежа наскоро ќе стане реалност во Македонија. Владата на вчерашната седница ја почна процедурата, преку усвојување на Информација за потребата на отворање на 5G фреквенциите за телеком операторите, како и Информацијата за почнување на физибилити студија за инсталација на широкопојасен интернет во Република Северна Македонија. Главниот фокус, како што соопштија од Владата, е обезбедување на максималните придобивки од имплементацијата на 5G, вклучувајќи го и развојот на економскиот пазар преку поддршка и развој на нови услуги од најразлични сегменти на вертикалниот пазар кои се нудат на крајните корисници, како и обезбедување на широкопојасен интернет за сите области во државата, развојот…
ОУ „Блаже Конески“ во скопската населба Мичурин наскоро ќе добие современа доградба и проширување на капацитетите, при што ќе се обезбедат десетици нови училници, мала спортска сала и ред други содржини наменети за осовременување на образовниот процес. Ова денеска го најави градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски кој заедно со директорот на ТИТАН Цементарница „Усје“, Борис Хрисафов извршија увид во комплетно завршената фасада на училишната зграда, која беше реконструирана со средства донирани од оваа компанија. Станува збор за едно од најстарите основни училишта во Аеродром, кое по неколку децении ќе добие целосно нов лик. Покрај обновената фасада на училишната зграда, стариот дел од ова основно училиште,…
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен осомничен за кривично дело – убиство. Прилепчанецот на 20 јуни се обидел да ја убие неговата поранешна сопруга. Утрото на критичниот ден, тој дошол во куќата во која таа живеела, се качил во собата каде што спиела и најпрвин започнал да ја дави со рацете околу вратот и да ја удира со тупаници по главата и по телото. Во тој момент пристигнала нејзината мајка која се обидела да го оттргне, но насилниот човек ја турнал. Од појасот извадил нож и на поранешната сопруга и нанел неколку убодни рани…
Синоќа после полноќ во Итната медицинска помош било пријавено дека двегодишно дете паднало од втор кат од зграда во Скопје, информираше за Утринската програма на Телма претставник од лекарскиот тим на Итната медицинска помош. Детето е пренесено на Ургентен центар, нема тешки телесни повреди и е свесно. Засега нема информации како се случила несреќата. Според првичните информации, несреќата се случила во Аеродром, а по првиот повик до Итната помош, блиските го донеле двегодишното дете во поликлиниката Јане Сандански каде има дежурен лекар и пункт на Итната помош.
Руските власти ја блокираа веб-страницата на британскиот весник Телеграф поради известување за војната во Украина. Надзорот за комуникации на земјата, Роскомнадзор, потврди дека пристапот до веб страницата е ограничен откако откриле дека шират „неточни информации за специјалната воена операција спроведена од руските вооружени сили на територијата на Украина“, објави руската државна новинска агенција Тас. Овој потег беше поттикнат од рускиот јавен обвинител кој забрани напис на Телеграф објавен во февруари за мобилните крематориуми кои се подготвени да бидат распоредени во војната. Обвинителот пресуди дека написот содржи „лажни информации“ и го внел во листата на „забранети информации“. Минатата недела, руското Министерство…
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека не може да ја исклучи можноста Американците заробени во Украина да се соочат со смртна казна. На својот редовен брифинг, Песков рече: „Ова се судски одлуки. Ние не ги коментираме и немаме право да се мешаме“. Кремљ не знае каде се мажите, додаде тој, за кои нивните семејства рекоа дека не се вратиле од мисија во регионот Харков. Зборувајќи пред новинарите, Песков рече дека двајцата американски државјани приведени во Украина се платеници кои не се опфатени со Женевската конвенција и дека треба да се соочат со последици за нивните постапки. (Гардијан)
„Формално досега не е добиен француски предлог како можно решение за блокадата од страна на Бугарија, затоа што прво се добиваат мислењата на земјите – членки на ЕУ, со кои ние сме во постојана комуникација и оттука нема можност било каков предлог да се достави до Собранието или неговите тела“, објави пред малку шефот на дипломатијата Бујар Османи. Тој рече и дека евентуалниот Протокол, кој се спомнува како веќе готов документ, можеби е всушност записник од одржување на Меѓувладина комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија, која е предвидена со Договорот за пријателство од 2017 година. „Засега е одржана само една…