Очекуваме владата да го направи она што е неопходно да помине низ парламентот денеска за да може Европа да оди напред, напиша Вархеји веднаш откако Бојко Борисов објави дека ГЕРБ изразува целосна поддршка за предлогот.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји му се заблагодари на лидерот на опозициската партија во Бугарија, Бојко Борисов за историската одлука.

„Му благодариме на лидерот на опозициската ГЕРБ, Бојко Борисов, за историската одлука што ја донесе за Европа и Македонија – усвојувањето на преговорите врз основа на францускиот предлог, кој овозможува продолжување и отворање на преговорите со Македонија. Очекуваме владата да го направи она што е неопходно да помине низ парламентот денеска за да може Европа да оди напред“, напиша Вархеји веднаш откако Бојко Борисов објави дека ГЕРБ изразува целосна поддршка за предлогот. (Р.Н.)