Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Во пресрет на претстојниот ЕУ – Западен Балкан самит, денес премиерите на Македонија Димитар Ковачевски и на Албанија Еди Рама, и претседателот на Србија Александар Вучиќ одржаа вонреден состанок на Отворен Балкан. „Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес. Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел“, рече македонскиот премиер Ковачевски. „Разговараме и за повеќе теми кои се важни за регионот и покренавме иницијатива за Агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан, која ќе овозможи…
Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли оставката на премиерката Елизабет Борн, соопшти утринава Елисејската палата, два дена по парламентарните избори на кои владејачката коалиција го загуби апсолутното мнозинство. Макрон ја одбил понудената оставка „за владата да остане посветена на своите задачи и да работи во следните денови“, јави ТВ БФМ. „Шефот на државата ќе ги спроведе потребните политички консултации за да се најдат конструктивни решенија во служба на Французите“, се наведува во соопштението објавено пред серијата средби на Макрон со лидерите на партиите денеска и утре во Елисејската палата.
Бугарската жандармерија распореди водени топови околу Народното собрание, кои се користат за растерување на демонстранти. Исто така се заменети и повеќето од оградите околу Собранието, додека пак безбедносниот периметар е проширен речиси до катедралата Свети Александар Невски. За овој простор е најавен митингот против владејачката партија, а пред зградата на Народното собрание ќе се соберат симпатизерите на веќе трипартиската коалиција, додека внатре се водат дебатите за гласање недоверба. Полицијата и општина Софија синоќа порачаа дека ќе ги преземат сите мерки за раздвојување на групите демонстранти и зачувување на здравјето и животот на граѓаните. Последен пат жандармеријата употреби водени топови за…
Малинка Ристевска Јорданова е еден од домашните авторитети за евроинтеграциите чие мислење е секогаш добредојдено во политичките кругови а пред се во јавноста, поради компетентноста и децениската посветеност на анализирање на односите меѓу Скопје и Брисел. Го пренесуваме нејзиниот став по прашањето дали Македонија во случај на уште еден неуспех да почнат преговорите со ЕУ, треба да ги продолжи разговорите со Бугарија или да дигне раце како што заговараат високи политички кругови во Скопје Како ретко кога последниве години прашањето на проширувањето е едно од клучните на претстојниот Самит на ЕУ. Тоа секако се должи најмногу на забрзаните апликации…
Вечерва во Скопје на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во близина на поранешната фабрика „Алумина“, се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил „БМВ“ удри во млада велосипедистка. Според првичните информации на порталот „Скопје инфо“, девојката поминувала на велосипедска патека кога во неа удрил автомобилот „БМВ“, по што таа веднаш била пренесена во Ургентниот центар со возило на Итната помош. Очевидци сведочат дека ударот бил силен, а за тешката сообраќајна несреќа вечерва остана да сведочи само уништениот велосипед на булеварот. Полицијата вршеше увид на местото. (Р.Н.)
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „24 анализа“ рече дека последниот предлог од Франција не ветува почетокот на преговори, тоа е само фотосесија во Брисел. Не се вели никаде отпочнување на преговори, туку дополнително уставни промени кои треба да ги вклучат бугарските барања. „Нема шанси никогаш додека јас сум претседател, ако сум претседател, со оваа преговарачка рамка да дозволам, тие да бидат вклучени и Уставот да претрпи промени. Во оваа рамка, втората работа што треба да се каже е дека Договорот за добрососедство станува дел од преговарачкиот процес заедно со протокол кој никој не го знае. Ако ние не ги…
Унгарија ја понуди својата територија како потенцијален пат за извоз на жито од Украина, бидејќи вообичаените патишта преку Црното Море се блокирани, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Украина беше главен светски производител на житарици и маслодајни семиња, но нејзиниот извоз драстично се намали откако Русија ја нападна на 24 февруари. Поради руската блокада на украинските пристаништа на Црното Море, Киев се обидува да извезува по копнен, речен и железнички пат. Сијарто рече дека Унгарија понудила своја територија за да се овозможи храната од Украина да стигне таму каде што треба, „главно до Северна Африка и Блискиот…
„Продолжуваме со нашиот активизам и во рамките на парламентот, институциите и низ улиците, ќе не гледате низ градовите и маалата“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Анализа“ на Телевизија 24. Мицкоски потенцира дека во периодот кој што следува ќе има протестно лето. „Ќе нѐ гледате се почесто на улиците, пред институциите и маалата таму каде што цениме дека треба да го изразиме револтот заедно со граѓаните. Во период кој што следи ќе имаме протестно лето. Тоа протестно лето и оваа активна блокада во парламентот ќе траат сѐ додека тие се оперативни, нормално во рамките на парламентот.…
Кремљ денес порача дека сите Американци заробени во Украина се „платеници“ кои треба да преземат одговорност за нивните злосторства, пренесува Ројтерс. Американскиот Стејт департмент го истражува можното апсење на Александар Друек и Енди Таи Нгоц Хујн, двајцата исчезнати Американци кои доброволно се пријавија да ја бранат Украина од руските напаѓачи. Минатата недела се појави фотографија на која се гледаат двајцата ветерани со врзани раце во задниот дел на воен камион. Новинската агенција РИА го цитираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој рече дека приведените мажи не биле опфатени со Женевската конвенција, бидејќи тие не биле редовни војници. Минатата недела, семејството…
„Мене ми е важно да утврдиме дали има политичка волја кај Софија за надминување на прашањето, пред да пристапиме кон конкретни прашања и документи. Засега не гледам политичка волја, во моментот кога ќе видиме политичка волја ќе пристапме кон разговорите“, изјави вечерва шефот на дипломатијата Бујар Османи во интервју за Телма. На прашањето дали францускиот предлог е правен зад грбот на македонското државно раководство, Османи не даде директен одговор. „Бевме во комуникација, претставници на француската влада доаѓаа во Скопје, цело време се разговараше, но предлозите што ги ставаат на маса се нивни одлуки. Немам коментар на таквите предлози и идеи,…
Шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, попладнево предупреди дека војната во Украина и блокадата на извозот на жито се одговорност на Русија и поради тоа светот се соочува со драматична ситуација, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската унија денеска преку министрите за надворешни работи на ЕУ директно ја обвини Русија за растот на цените и недостигот од прехранбени производи во светот, посебно во најсиромашните земји, како во Африка каде гладот демне. Русија од своја страна обвинува дека ова е вина на санкциите на Западот против неа. Борел денеска рече дека „ЕУ треба да се бори против овој наратив на…
Новинарите на словенечката јавна телевизија, три недели по првото барање за промени во раководството и уредувачката политика, денеска повторно стапија во штрајк, барајќи повисоки плати, автономија во работата и промени во раководството. Бараме новинарска, институционална и уредувачка автономија, почитување на програмските и етичките стандарди, повлекување на штетните одлуки на програмскиот совет и социјален дијалог“, се вели во соопштението на нивниот синдикат. Поради штрајкот, времетраењето на информативните емисии е намалено на неколку минути, а за попладнето е најавен собир на новинари пред зградата на Собранието, каде имаат намера да побараат државата да се вклучи во решавањето на проблемите на јавното радиотелевизија,…