Вечерва во Скопје на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во близина на поранешната фабрика „Алумина“, се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил „БМВ“ удри во млада велосипедистка.

Според првичните информации на порталот „Скопје инфо“, девојката поминувала на велосипедска патека кога во неа удрил автомобилот „БМВ“, по што таа веднаш била пренесена во Ургентниот центар со возило на Итната помош.

Очевидци сведочат дека ударот бил силен, а за тешката сообраќајна несреќа вечерва остана да сведочи само уништениот велосипед на булеварот. Полицијата вршеше увид на местото. (Р.Н.)